Македонија
(Видео) Петрушевски:„ Арекспорт“ со договор што го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2,4 милиона евра, не реализирале ниту 300 илјади
„Љупчо дон Николовски овозможил ‘Арекспорт’ од Струмица да го оштети буџетот за над половина милион евра. Љупчо Николовски е министер во МЗШВ, кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на ‘Арекспорт’, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Љупчо Николовски можел да го раскине договорот, но тоа не го сторил.
Љупчо Николовски не може да се вади на службите и вработените во МЗШВ, затоа што покрај другите услови фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра.
Дополнително станува збор за 1.416 хектари земја, а не за 100 или 1000м2, како Љупчо Николовски не можел да каже дека не знаел или не пристигнала информација до него.
Во ред е Љупчо Николовски да не знае за некој договор или сметка што ја потпишал од 1.000, 10.000 или дури и 100.000 денари, но да не знае за договор за закуп на над 1400 хектари кој не се извршува согласно закон, за кој не се плаќа закупнина и земја на која незаконски се земале половина милион евра субвенции нема никој да поверува.
Љупчо Николовски треба да одговори зошто никој не ги контролирал дали „Арекспорт“ ги инвестирала ветените над 2,4 милиона евра? Наместо да се крие зад службеници во Министерството, да понесе одговорност“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Пајакот“ крена 148 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар минатата недела
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 30.09. до 06.10.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 148 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се нагласува во соопштението.
Македонија
(Вознемирувачко видео) Седум кученца живи фрлени во контејнер во Кочани
Вработените во КЈП „Водовод“ во Кочани, задолжени за собирање и складирање на отпадот при нивната редовна работа, во контејнер за отпадоци пронајдоа вреќа со седум мали живи кутриња, фрлени на нехуман начин заедно до другото ѓубре.
Од претпријатието нагласија дека секојдневно се соочуваат со отпад за кој не се задолжени да го собираат, како градежен шут, електронски и медицински отпад, но овој случај ги надминал сите граници.
Оваа случка стана вирална и предизвикува бројни негативни коментари на социјалните мрежи.
Македонија
СДСМ: Мора да им одговорност за починатото бебе на Детската клиника
Со голема загриженост ги следиме информациите за трагичната смрт на 14 месечното новороденче на Клиниката за детски болести и она што се случува Министерството за здравство и сите надлежни институции итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се утврдат причините за овој трагичен настан за кој мора да има одговорност. Потврдените информации дека бебето било одбиено да биде хоспитализирано се крајно загрижувачки. Ова е втор трагичен случај за една недела во здравствените установи, велат од СДСМ.
СДСМ бара подлабока анализа и целосна транспарентност во процесот на утврдување на одговорноста. Јавноста заслужува да знае каде се направени пропустите.
„Во изминатите 7 години, со вистинска грижа и соодветни мерки СДСМ успеа да ја намали неколкукратно смртноста кај новороденчињата. Во 2016 година смртноста била високи 25 отсто, во 2021 е намалена на 8,9 отсто а во 2023 година околу 5%. Бројките постепено опаѓаат низ годините што укажува на унапредување на здравствената заштита на мајките и новороденчињата. Неонаталната смртност СДСМ ја намали за 5 пати, во 2015 година изнесувала 6.8%о а во 2022 година е намалена на само 1,4%о. Во 2015 година во времето на ДПМНЕ перинаталната смртност изнесувала 12.8%о а во 2022 година е намалена на 6.9%о. СДСМ набави морени инкубатори, кои недостасуваа, како и повеќе современи апарати, опрема, микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и инвестираше во развој на соодветен стручен кадар. Оттука, крајно загрижувачки е тоа што се случува сега и надлежните мора да преземат соодветни мерки да не се дозволи зголемување на смртноста на новоредничањата повторно. Здравјето на мајките и новороденчињата мора да биде императив за секој здравствен систем“, посочуваат од СДСМ.