Македонија
(Видео) Платите на хирурзите покачени за 5.300 денари, повисоки плати и во школите и во градинките

На вработените во градинките, училиштата и болниците септемвриската плата ќе им биде зголемена за пет отсто. Зголемената плата ќе им биде исплатена во октомври, најавија денес министрите за финансии, образование, здравство и труд и социјала. Покачена плата ќе добијат вкупно 53.656 вработени во основните и во средните училишта, во здравствените установи и во детските градинки.
Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во неговиот сектор, зголемувањето од пет отсто значи покачување од 1050 – 5.300 денари на платите на здравствените работници.
„ Можеби пет проценти звучат помалку атрактивно но треба да се потенцира дека на наставниот кадар на хируршките гранки на универзитетските клиники во просек платата ќе се зголеми за 5.300 денари, на докторите специјалисти на универзитетските клиники ќе се зголеми за 4.500 денари, на медицинските сестри на универзитетските клиники со високо образование во просек за 2000 денари, на средно медицинскиот кадар за околу 1500 денари. Во општите болници наставниот кадар ќе зема поголема плата за околу 4.700 денари, лекарите специјалисти во општите болници за 4060 денари, медицинските сестри со високо образование за 2050 денари, средно медицинскиот кадар во општите болници ќе зема плата поголема за 1050 денари“, образложи министерот за здравство Венко Филипче.
Тој нагласи дека освен покачувањето на платите на вкупно 19.123 вработени, постојано инвестираат во модернизирање на болниците.
Министерот за образование и наука Арбр Адеми смета дека постепено се враќа дигнитетот на просветителската дејност и нејзината важност во општеството.
„Неодамна потпишаната спогодба со нашиот најголем социјален партнер Синдикатот за образование, наука и култура на Македонија гарантира трајно зголемување на платите за пет отсто на сите вработени во јавните и државните основни и средни училишта во земјата, независно дали се ангажирани на определено или на неопределено работно време. Станува збор за околу 30.000 вработени од кои 21.288 во основно образование и 8950 во средно образование. Со потпишаните спогодби на вработените им се гарантира и најнискиот износ на плата и тоа 12. 714 денари во основните училишта и 13.117 денари во средните училишта“, рече министерот Адеми.
Тој најави дека интенцијата на Владата е трендот на пораст на платите да продолжи и во периодот што следи.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, потсети дека ова е второ покачување на платите на варботените во градинките во последната година.
„ Поголема плата ќе добијат сите воспитувачки и негувателки кои работат во предучилишното образование. За зголемувањето Министерствто за труд обезбеди 15 милиони денари. На ова зголемување од пет проценти му претходеше зголемување од два проценти кои што се случи минатата година и не застануваме тука. Постојано со вработените и со синдикатите работиме на создавање на систем на професионален развој во предучилишно образование и кариерно зголемување на платите понатаму, рече Царовска.
Министерот за финансии Драган Тевдовски објасни дека покачувањето на платите на вработените во здравството и образованието е предвидено во Буџетот за 2018 година.
„Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно со можностите но насоката е јасна, за Владата зајакнувањето на јавното здравство и образованието е приоритет. Не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА тестовите, не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или да си одат од јавното здравство. Ние сме решени да вложуваме во човечкиот капитал. На земјава и требаат среќни и квалитетни наставници кои ќе ги учат нашите деца, ни требаат задоволни и квалитетни доктори кои ќе не лекуваат во јавното здравство. Со години во минатото се запоставувале овие сектори, ресори. Владата уште со првите чекори покажа дека тоа нема да биде така“, рече министерот за финансии Тевдовски.
Министрите и најавувањето на зголемувањето на платите го искористија да укажат дека единствениот пат кон поголеми плати, подобро здравство и квалитетно образование е влезот на Македонија во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Гостивар: Таравари не направил пропусти, одлуката на Адеми е политичка

Во врска со одземањето на надлежностите во областа на образованието на гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, прес-конференција денеска одржа раководителката на Секторорт за јавни дејности при Општина Гостивар, Аслиан Снопче.
Пред медиумите, користејќи документација, таа рече дека при последното разрешување и именување на директори од страна на градоначалникот Таравари, немало поврда на процедурите, и одлуката на министерот за образование ја оквалификува како политичка одлука.
„Одлуката за oдземање на надлежностите по вторпат не се базира врз законот, туку е само политичка одлука. Државниот инспекторат за образование, по увидот во основните училишта, утврди дека конкурсите за избор на директори во времето на добивање на надлежностите од општина Гостивар не се објавени врз основа на законот, значи на три дневни весници, туку само на два весника“, истакна на почетокот од прес-конферемнцијата, Снопче.
Таа извести дека поради таа причина градоначалникот Арбен Таравари ддонел решение со кое се прогласуваат за ништовни решенијата за избор на директори, на ист начин како што постапил и министерот кој, како што рече, сега донесува одлука за одземање на ингеренциите.
„Исто така, и од страна на Државниот управен инспекторат беше констатирано дека при поништувањето на решенијата, градоначалникот на Гостивар секогаш постапил според законот и не констатирале прекршок“, рече во продолжение одговорната за образование Аслиан Снопче.
Таа информираше дека Општина Гостивар, знаејќи ги целите на министерот за образование, навремено го информирала премиерот Заев и амбасадите на седум највлијателни држави во земјава.
„Ова се доволни аргументи, за кои на увид ви доставуваме и документација, дека одлуката е чисто политичка“, подвлече на крајот од прес-конференцијата, Снопче.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, му ги одзеде надлежностите на градоначалникот Таравари во делот на разрешување и именување на директори во период од девет месеци. Од МОН порачаа, Таравари да не го злоупотребува образованието во политички цели.
Македонија
Османи: Очекуваме извештај од Европската комисија за конфирмација на одлуката за преговори

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел се сретна со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
На средбата беа отворени темите за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на отпочнување на претпристапните преговори со Унијата. Османи реферираше пред еврокомесарот Хан за динамиката на спроведување на реформите предвидени во План 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
„Очекуваме уште подобар Извештај за напредокот на земјата кој ќе го рефлектира реформскиот моментум во земјата, заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во Јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија“, истакна Османи на средбата.
Во иста насока Османи реферираше и за активностите во создавањето и обуката на преговарачката структура во земјата, вклучувајќи ги тука и успешните објаснувачки состаноци со Европската Комисија, кои редовно се одржуваат според предвидената динамика.
Во текот на посетата на Брисел, Вицепремиерот Османи ќе се сретне и со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, одржа брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“. На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).
Македонија
Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само во Скопје беа регистрирани 15.000 невакцинирани деца. Секојдневно здравствените власти апелираат родителите да ги вакцинираат децата како единствен начин за справување со епидемијата, но казнувањето за невкацинирани деца, како законска обврска, не се применува.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) објаснува дека неказнувањето е резултат на недостиг на податоци од вакциналните пунктови.
„Епидемијата на морбили е прогласена пред неполни два месеца. Во тој период ние немаме пријави од вакциналните пунктови за невакцинирани деца. Затоа во овие два месеца немаме казни во Скопје, а епидемијата е прогласена во Скопје“, вели Иринка Сотирова-Бухова, директорката на ДЗСИ за „Макфакс“.
Од ДЗСИ велат дека ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ не им испраќа повратни информации за невакцинирани деца оти не постои таква законска обврска.
„Од овие причини ДСЗИ писмено се обрати до ЈЗУ ‘Здравствен дом Скопје’ со барање, во иднина да ни доставуваат податоци за невакцинирани деца. Во останатите градови низ Републиката здравствените домови континуирано доставуваат податоци за невакцинирани деца и од страна на инспекторите се поведуваат прекршочни постапки. Во 2018 година покренати се 110 постапки, од нив 20 родители ја платиле казната, а за останатите се поведени судски постапки“, велат од ДЗСИ.
Инспекторатот направил контрола на 98 градинки во Скопје откако е прогласена епидемијата и констатирал дека во сите се почитува наредбата за забрана на прием на невакцинирани деца со МРП.
Епидемија на морбили во Скопје беше прогласена на втори јануари годинава, кога здравствените власти објаснија дека се работи за смртоносна болест и апелираа да се вакцинираат невакцинираните со МРП (морбили, рубеола, паротит). По прогласувањето на епидемијата имаше три смртни случаи од морбили на деца под две години.
На апелите за вакцинирање, пак, одговориле 7.985 деца кои ја примиле МРП-вакцината по прогласувањето на епидемијата.
На Клиниката за инфективни болести, според последните податоци од Министерството за здравство, од мали сипаници се лекуваат 21 пациент од кои 14 се деца под една година.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал