Контакт

Македонија

(Видео) Полициските специјалци добија 10 нови интервентни возила

Објавено пред

Десет возила „фиат дукато“ наменети за брза интервенција при справување со нарушен јавен ред и мир од поголем обем, но и за извршување на други полициски задачи кои се наменети за специјалните единици при МВР, беа презентирани денеска во Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Тие поседуваат комплетна заштитна опрема на сите ранливи делови на возилата, тетра уред, ротациони светла, флешери и сирени, односно целосно се прилагодени за полициска намена.

На презентацијата на интервентните возила присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Набавката на нови десет интервентни возила за потребите на специјалните единици е само продолжение во низата набавки со кои ги подобруваме капацитетите на нашата полиција, што, пак, директно влијае на постигнувањето подобри резултати во работењето“, рече тој.

Интервентните возила се набавени во склоп на донација за МВР од чешката влада, во висина од еден милион евра.

„Дозволете ми да ја искористам оваа можност во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да упатам огромна благодарност до амбасадорот на Чешка во нашата земја, Мирослав Томан, до Владата на пријателска Чешка за континуираната и сесрдна помош и поддршка што ни ја даваат, како во делот на реформите на нашата полиција, така и во други сегменти важни за нашето целосно етаблирање во евро-атлантските интеграции“, истакна министерот.

Македонија

Димитров-Брегу: Земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС), Мајлинда Брегу која престојува во работна посета на Северна Македонија.

На средбата се разговараше за планот на активностите на Советот за регионална соработка, со акцент на приоритетите во наредниот период, кои се во насока на олеснување, промоција и унапредување на регионалната соработка, а се со крајна цел – европеизација на регионот.

Димитров нагласи дека во периодот кој следи Владата останува посветена на европската агенда во духот на добрососедските односи, со фокус на регионалната соработка, исклучително значаен сегмент за процесот на европеизација на регионот.

„За регионалната соработка да биде успешна, земјите од Западниот Балкан мора да бидат носители на одлуките и на одговорноста. Заедничкиот ангажман со Советот за регионална соработка за намалување до конечно укинување на роамингот во земјите од Западниот Балкан ќе биде еден од директните бенефити за граѓаните на регионот“, порача вицепремиерот Димитров.

Соговорниците ја потенцираа важноста од непречено поврзување на регионот во повеќе области, што особено дојде до израз со ограничувањата предизвикани од пандемијата. Беа разгледани и плановите за спроведување на планираните активности на РСС за продлабочена соработка во единствена економска област во регионот, базирана на четирите слободи на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи-Брегу: Регионалната соработка е клучна за успех

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи оствари средба со Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, како дел од нејзината работна посета на земјата.

Османи ја запозна Генералната секретарка со приоритетите на надворешната политика на земјата, потенцирајќи ги стабилното и долгорочно пријателство, како ново поглавје во односите со сите соседи; активниот придонес кон мултилатерализмот и регионалните иницијативи за де-балканизација на регионот, како и европските перспективи на земјава како три клучни приоритети, кои претставуваат заеднички интерес на Република Северна Македонија и Советот за регионална соработка.

„Покрај многуте проекти и иницијативи, ги претставив нашите амбиции за отворање до шест нови гранични премини со соседите, како инструмент за поголема и олеснета комуникација во регионот; ја потенцирав нашата иницијатива за отворање на Регионален центар за дијалог – Преспа форум – платформа за промоција на добрососедство и решавање на билатералните прашања, но и форум од каде очекувам да произлезат и нови, автентични иницијативи за регионална соработка.“, посочи Османи.

Посебен акцент на средбата беше ставен на предизвиците и потенцијалите од претстојниот Софиски самит во рамки на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.

„Токму активностите, резултатите и успехот на иницијативите од Берлинскиот процес се во насока на зајакната регионална кохезија и изградба на мостови за соработка за кои веќе неколкупати зборував претходно. Ова не се само декларативни заложби, туку конкретни активности од кои треба да имаат корист граѓаните на целиот регион.“, истакна Османи, посочувајќи на Повеќегодишната рамка за Регионална и економска соработка МАП – РЕА – 2 кој предвидува: унапредување на дигиталната инфраструктура и поврзување на земјите од регионот; слободен проток на трговијата и капиталот; поддржување на иновациите и претприемништвото како и вложување во активностите за задржување и привлекување на талентите во земјите од регионот.

Од страна на ГС Брегу беше изразена убеденост и подготвеност дека и Советот за регионална соработка ќе ги стави сите капацитети во функција на успешност на Софискиот самит согласувајќи се дека тоа ќе претставува и успех на целиот регион, па и понатаму, успех на европската идеја на Балканот.

Соговорниците се согласија дека преку заедничката инвестиција во овие процеси ќе значи зајакнато поврзување, соработка, економски напредок, и со тоа, исклучително позитивно ќе влијаат на зголемување на довербата и меѓу државите и меѓу граѓаните од регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Саздо

Објавено пред

Третоосомничениот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР.

„Денеска од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело убиство односно на 29.6.2018 околу 17:35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди“.

Потсетување, кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Саздо.

Според кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски.

Тие на булеварот Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, осомничен за убиството на Саздо

Третоосомничениот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа2 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија2 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија2 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет4 часа

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите против коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Свет4 часа

Се урна зграда во Мумбај, загинаа најмалку осум луѓе

Најмалку осум луѓе загинаа во Индија, во уривање на станбена зграда, што се случило рано утрово, пренесуваат локалните медиуми. Според...

Македонија4 часа

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет17 часа

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Македонија19 часа

Четири лица починаа од коронавирус, потврдени се 178 нови случаи

Во последните 24 часа од коронавирус во Македонија починаа четири лица, а потврдени се 178 нови случаи од 1.368 тестови,...

Македонија21 час

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија, внатрешна контрола го испитува случајот

Родилката која заедно со нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија не знаела во која недела е од...

Регион24 часа

(Видео) Пронајдена трета жртва по ураганот во Грција, маж загинал кога врз него паднал покрив

Ураганот Јанош, кој ја погоди Грција, ја однесе и третата жртва во Тесалија во централниот дел на земјата, објавија денеска...

Македонија1 ден

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион

Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава, Анке...

Македонија1 ден

Пендаровски до Вартоломеј: Нашите православни христијани да бидат еднакви со другите во светот

Претседателот Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов...

Македонија1 ден

Комисијата одлучува за целодневна настава

Комисијата за заразни болести вчера и денеска ја разгледува можноста за воведување целодневна настава во основните училишта од 1 октомври....

Култура1 ден

Лауреатот на Златна камера 300, Камински со порака на „Браќа Манаки“: Едвај чекам да се видиме во Македонија

На синоќешниот настан за одбележување на 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржа во...

Економија1 ден

СДСМ: Владата помага со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки

Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет антикризни мерки, велат од СДСМ преку...

Свет2 дена

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет2 дена

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура2 дена

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет2 дена

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Досие