Контакт

Македонија

(Видео) Попова: Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк во Маџари

Објавено пред

Зад мене се случува уништување и масовна сеча на дрва и зелена површина која се одвива со знаење и под директива на Петре Шилегов. Шилегов исече и соголи речиси цел еден парк, обвини Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

Жителите на Тријангла и Маџари со право се изреволтирани. Она што претходно им служеше како парк и разонода сега повеќе го нема. Бесцелно се исечени дрва, додека пак улицата „Благој Стефковски“ не е проширена со дoполнителни ленти. Тоа значи дека без план се осакати животната средина и неповратно се исечени десетици дрва.

Со месеци жителите се на удар на прашина, нечист воздух, кал, а сега остануваат и без голем дел од паркот. Шилегов стана главниот дрвосечач во град Скопје, а ветуваше зеленило и чист воздух. Шилегов владее со измама, криминал и лаги и затоа тој повеќе ја нема довербата од Скопјани“ рече Попова.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Објавено пред

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им се врати на станарите и да се користи како паркинг, рече денес градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

„Никофон“, сопственикот на земјиштето превидено за катна гаража, од денес може да почне да гради оти добил судска одлука со која го добил и владението на парцелата, документ што досега му недостигал оти за парцелата владение имала фирмата „Паркинзи на Општина Центар“. Од паркингот предвиден да стане гаража висока 29 метри, градоначалникот Богдановиќ денес ги повика истражните органи да постапат по кривичните пријави поднесени за парцелата против „Никофон“ од станарите, како и по пријавите од Општината.

„Ова земјиште е продадено на јавна лицитација во 2012 година од тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со намена за изградба на катна гаража од 29 метри, на донесен ДУП 2011 година, а потоа менуван или усогласуван заради потребите на самите инвеститори и за усогласување на сите овие градби што се никнати потоа. Во согласност со уредбата за продажба на јавно земјиште цената се формира во согласност со намената. Тука имаме 70 отсто катна гаража и 30 отсто деловен објект. Ако се земат цените што се во уредбата за продажба на јавното земјиште, се доаѓа до цена од 5.000 денари почетна цена, а овде таа е 1.800 денари. Со самото тоа целиот јавен повик треба да биде ништовен, со тоа не треба да има ни договор, а паѓа и одобрението. По преземањето на земјиштето, ги добивме и предметите и тие што веќе биле завршени, така што до Јавното обвинителство веќе поведовме постапки за основано сомневање за оштетување на буџетот и злоупотреба на службената должност и чекаме одговор“, рече градоначалникот Богдановиќ.

Со ревидирањето на детаљниот урбанистички план градоначалникот Богдановиќ вели дека не можеле да ја избришат катната гаража бидејќи во Општината веќе имало почнати првни процедури за објектот. „Никофон“ доби одобрение за градење во 2014 година кога градоначалник на општина Центар беше Андреј Жерновски.

„Одобрението за градење е со важност од 6 години, во 2020 истекува рокот, до тогаш треба да се изгради. Ние ќе направиме сè до тоа да не дојде“ , вели градоначалникот Богдановиќ, кој се сомнева дека инвеститорот брза за да го почитува рокот од одобрението за градење.

И станарите од зградите до парцелата и градоначалникот се пожалија дека Обвинителството со години не постапува по поднесените кривични пријави, па затоа одлучиле и јавно да ги повикаат.

„Сметам дека со овој начин малку ќе се освестат за да направат некои чекори оти ние нашето сме го направиле, граѓаните поднеле кривични пријави, никој не им одговара, ние поднесуваме како институција сомневања бидејќи сега ги имаме доказите во наши раце и веќе постапуваме и спремни сме тоа да го докажеме дека е така. Нека дојдат сите истражни органи, на крајот тука се и граѓаните со кои секојдневно споделуваме информации, еднаш засекогаш овие работи да се расчистат и да им се врати ова земјиште на граѓаните“, повика градоначалникот Богдановиќ.

За да ја спречат градбата, градоначалникот Богдановиќ вели дека му понудиле на „Никофон“ парично обесштетување или нова локација, но тој ги одбил сите предлози. Денес, кај парцелата беше и сопственикот Никола Настески, но остана на спротивната страна на паркингот, но не сакаше да даде изјава пред камера. Тој утрово кај парцелата за катната гаража беше дојден со екипа која со себе носеше инструменти за мерење на просторот, но не успеаја да дојдат до парцелата.

Кај парцелата цело утро имаше полиција, а стража најавија и станарите, кои се решени да дежураат на паркингот за да не дозволат да почне да се гради. Ним денес градоначалникот Богдановиќ им објасни дека Општината во следниот период јавно ќе ги покаже сите документи, кои укажуваат дека договорот за купопродажба на земјиштето треба да се раскине.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Платите на наставниците и професорите во согласност со законот мора да бидат 36.700 денари

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со рецензија за општеството, кое во изминатите три години е исполнето со примитивизам, декаденција и големи лаги, рече на прес-конференција претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, а главна тема во неговото денешно обрќање беше образованието.

„Најголемата политичка лага во делот за образованието, која беше презентирана пред граѓаните во 2016, е дека ќе вовеле задолжително едногодишно предучилишно образование. До овој момент нема никакви промени во системот на предучилишното образование. Понатаму, се обврзале дека ќе ги мотивираат најдобрите училишта. И тоа ќе ги мотивираат вработените во делот на месечните примања од една година, во 12 месеци, односно вработените ќе добивале 20 отсто поголема плата кај најдобрите 5 основни училишта на ниво на целата држава. И 10 отсто средни училишта на ниво на целата држава. Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот за 2020 година“, нагласи Мицкоски.

Понатаму, тој зборуваше за ветувањето на СДСМ дека ќе издаваат поквалитетни учебници бидејќи, според нив, учебниците што ги затекнале не биле квалитетни.

„Каква е реалноста денеска? Нема никаква повратна информација од државните комисии што ги евоулирале учебниците што ги затекнале во основното образование. Да бидам попрецизен, нема нови учебници. Но, и тие што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема. Што значи дека и ова е уште една од сетот лаги“, порача лидерот на ВМРО-ДПМЕ.

Задржувајќи се на платите во образованието, тој нагласи дека најниската плата во моментот за наставниците е 21.660 денари, а во средното образование 22.500 денари, а просечната плата е на ниво од 25.270 денари.

„За жал, од ветената просечна плата од 500 евра нема ни трага ни глас“, додаде Мицкоски.

Според него, лажењето ќе продолжи и во периодот што следува, сè до организирањето на предвремените парламентарни избори.

„Во моментот просечната плата исплатена заклучно со октомври 2019 година во средното образование е приближно 23.680 денари, со предвиденото 10 отсто зголемување од 1 јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари. Но, кога не би имале работа со лажливци, тогаш можеби и би верувале дека навистина станува збор за зголемување на платата на наставниците и професорите. Имено, пред мене е колективниот договор што го имаат потпишано Синдикатот и Министерството за образование и наука во 2010 година. Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето-платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар, но и техничкиот персонал, кој е дел од образовниот процес“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека со зголемувањето на минималната плата, која е во процедура во парламентот, на ниво од 14.500 денари, платата во согласност со Законот за минималната плата и во согласност со колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10 отсто.

„Оваа Влада во заминување ќе замине како најнеспособна, но доаѓа реформска влада, доаѓа обнова за Македонија, која ќе го почитува Законот за минималната плата и ќе го почитува колективниот договор“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот од своето излагање.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицевски: На СДСМ поважно му беше да изгласаат потпретседaтел отколку законот за минимална плата

Објавено пред

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ги обвини пратениците на СДСМ за лицемерство затоа што, како што рече, поважно им било да се изгласа пратеникот Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател отколку законот за минимална плата.

„Ако бевте толку искрени во намерите, ќе го ставевте законот прв на дневен ред, но вие покажавте дека ви е поважно да се изгласа Рамчиловиќ за потпретседател. Се прекина седницата по изгласувањето. СДСМ три дена го одложува носењето на законот за минимална плата. Јавноста, работниците и здруженијата го гледаат ова лицемерство и ќе го казнат“, рече Мицевски.

Претходно, со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани пратеникот Зеќир Рамчиловиќ беше изгласан за потпретседател на Собранието. Тој за оваа функција беше предложен од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ.

Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.

Рамчиловиќ, кој беше дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна преку писмен допис го извести собранискиот спикер, Талат Џафери, дека ја напушта пратеничката група.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија3 часа

Мас: Германија ќе го поддржи патот на Северна Македонија кон ЕУ

Германија ќе даде свој придонес за продолжување на патот на Северна Македонија кон ЕУ, објави денеска германскиот министер за надворешни...

Македонија4 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија6 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија6 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија7 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија8 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа8 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија8 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија8 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија8 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет9 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет9 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија9 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт10 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија20 часа

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион20 часа

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Регион23 часа

Црна Гора не го прифаќа предлогот за мини шенген

Министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, во понеделникот рече дека приклучувањето кон иницијативата мини шенген за балканските држави...

Европа24 часа

Зелено светло за 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Владите на ЕУ дадоа зелено светло за 13 нови одбранбени проекти насочени кон развој на поголема воена моќ независна од...

Македонија1 ден

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Досие