Контакт

Македонија

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Објавено пред

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари, објави денес претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. За толку беше зголемена вредноста на потрошувачката кошничка што ја пресметува ССМ и во јануари, па Трендафилов направи споредба со најавата за системско усогласување на минималната плата следниот месец.

„Вредноста на синдикалната минимална кошничка за месец февруари повторно е зголемена и тоа за вредност од 969 денари. Истата изнесува 67.382 денари. За два месеци, од почетокот на годината веќе го ‘изеде’ најавеното усогласување на минималната плата кое функционерите сакаат да им го дадат на работниците од 1.500 денари односно секое семејство на работниците е посиромашно за 2.000 денари за само два месеца“, вели претседателот на ССМ.

ССМ во јануари пресмета дека на едно четиричлено семејство му требаат 66.413,00 денари за да ги покрие трошоците за основните потреби односно вредноста на кошничката во однос на декември 2025 година беше зголемена за 921 денар.

Трендафилов направи пресметка и за колку се  зголеми синдикалната кошничка во изминативе две години, период во кој ССМ бара зголемување на минималната плата.

„За 24 месеци, односно онолку време колку што одбиваат да ја зголемат минималната плата, вредноста на синдикалната минимална кошничка е зголемена за повеќе од 10.000 денари. Затоа, наместо да се препукуваат на грбот на работниците во парламентот и политичките партии да застанат со нив, да ја изгласаат новата минимална плата која треба да изнесува 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари затоа што животот очигледно е дека само за функционерите и за газдите е добар во Македонија, додека работниците тонат во сиромаштија“, рече претседателот Трендафилов.

ССМ по блокадите на Собранието, стопанските комори и на Владата,  ѝ даде рок на Владата до крајот на месецов да ја зголеми минималната плата на 600 евра, а сите останати за 100 евра. Доколку минималната плата не се зголеми во тој рок, на почетокот на март ССМ најави дека ќе организира генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор, во работен ден.

Најново

Македонија1 минута

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт3 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...

Македонија5 минути

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Црна хроника11 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт19 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија47 минути

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...

Спорт49 минути

Гвардиола за СП, иднината, враќањето во Сити и најголемиот ривал

Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското...

Забава52 минути

(Фото) Навивачите брутално ја нападнаа девојката на Мбапе: Ѕвездата на Нетфликс е виновникот

Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу...

Спорт1 час

Јувентус го потпиша Зеки Челик

Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од...