Контакт

Македонија

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го посети Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во Визбегово, каде што во тек е пописот на лицата сместени во него како дел од процесот на претпопишување одделни категории лица, процес што почна на 1 март, а ќе трае до 15 март.

„Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните“, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека Министерство за труд и социјална политика како ресор ги регрутира прашањата што се однесуваат на пензионерите, работниците, ранливите категории граѓани, децата.

„Во согласност со податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, детски градинки, за стапката на невработеност, во согласност со која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории“, потенцира Шахпаска.

Симовски информира за почнатиот процес на претпотпишување, кој ги вклучува казнено-поправните установи, бездомните лица, лицата ангажирани во Армијата на Северна Македонија, дипломатско-конзуларните претставништа и претставници во меѓународните институции, но и самопопишувањето на лицата што претсојуваат во странство.

„Пописот треба да собере и да даде потребни информации за креирање развојни политики за сите граѓани“, истакна Симовски.

Тој апелира до сите граѓани да земат активно учество во пописот со цел негово успешно реализирање.

Македонија

Кунгуловски: Бразилскиот и јужноафриканскиот сој, доколку влезат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни

Објавено пред

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99 % од сите новозаразени), а бразилскиот и јужноафриканскиот сој се пренесуваат еднакво бргу или побавно од британскиот, доколку тие сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој, вели д-р Горан Кунгуловски, кој работи во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина како дел од „Жан Митрев клиник“.

Тој појаснува дека за некој сој да стане доминантен треба многу побргу да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата, во случајов кај нас е британскиот. Кунгуловски вели дека бразилскиот и јужноафриканскиот ги немаат тие својства.

Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации што водат до промена на неговите биолошки особини (на пример, зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имунолошкиот систем и слично).

Соевите како британскиот, јужноафриканскиот и бразилскиот се дефинирани од десетици мутации според кои се разликуваат од изворниот вухански сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

N501Y-мутацијата води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2. Ја има во британскиот, јужноафриканскиот и во бразилскиот сој.

Е484К-мутацијата води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имунолошкиот систем). Ја има кај јужноафриканскиот и бразилскиот сој.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99 % од сите новозаразени), а бразилскиот и јужноафриканскиот се пренесуваат еднакво бргу или побавно од британскиот, доколку тие сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

За некој сој да стане доминантен, треба многу побргу да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајот бразилскиот и јужноафриканскиот ги немаат тие својства.

Среќа во несреќа, засега“, напиша д-р- Кунгуловски на „Фејсбук“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повлече сите амандмани на Законот за државјанството

Објавено пред

Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство сѐ со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството, најави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

„Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството. Од друга страна, бидејќи Владата до предлагачот достави негативно мислење, а со недели Зоран Заев и други официјални лица на СДСМ даваат изјави за неприфаќање на текстот на законот кој е во процедура, ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница и да се гласа за овој закон“, рече Мицевски.

Истовремено, додаде тој, ја повикуваме коалицијата Алтернатива/Алијансата за Албанците да ги повлечат амандманите од петтиот пакет на мерки, за да можат компаниите и граѓаните да ги добијат и онака недоволните и задоцнети средства како помош за справување со последиците од ковид пандемијата.

„Неодговорното однесување на Заев и власта редно време е да престанат. Македонските граѓани и македонската економија немаат време за чекање, немаат време за игри и пазарења на Заев, ним им е потребна помош веднаш, без одлагање. На крајот, како одговорни пратеници, од оваа говорница уште еднаш апелираме до парламентарното мнозинство веднаш да се одржат и да продолжат со работа матичните комисии каде се наоѓаат законите од петтиот пакет на мерки, а потоа во текот на денот или најдоцна утре да се одржат и пленарните седници на кои би се гласало по овие точки“, рече Мицевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 1.043 пациенти

Објавено пред

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.043 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 149 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 94 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 106 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 105 пациенти, во Прилеп – 125, во ковид-центарот во Гостивар – 48, а во Струга – 23 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 94 пациенти, во Кочани – 29, во Кичево – 31, во Кавадарци – 63, а во Гевгелија – 26 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.768 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите, велат од Министерството за здравство.

Додаваат дека во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Според Министерството, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа45 минути

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија2 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ2 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа2 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет4 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија4 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет4 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион4 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа5 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет6 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион17 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет18 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ20 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија21 час

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет22 часа

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија24 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија1 ден

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија1 ден

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Досие