Контакт

Македонија

(Видео) Прва посета на претседавач на воен комитет на ЕУ на нашата држава

Објавено пред

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано, во рамките на официјалната посета на Армијата на Република Северна Македонија, која е прва посета на претседавач на воен комитет на ЕУ на нашата држава, денес престојуваше во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

По пречекот со високи воени почести, генералот Грацијано оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновскиј и со министерката за одбранај Радмила Шекеринска.

За време на средбата помеѓу генералите Ѓурчиновски и Грацијано се разговараше за учеството на Армијата во мировните операции на Европската Унија, процесот на транформација и интеграција во НАТО и за искажаната поддршка од страна на Воениот комитет на ЕУ за нашите интегративни процеси во евро-атлантските структури.

На средбата меѓу министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и високиот гостин стана збор за учеството на нашата земја во меѓународни обуки и мисии на ЕУ и соработката.

„Двајцата соговорници го поздравија континуираниот ратификациски процес за членството на Северна Македонија во НАТО и изразија надеж дека кон средината на месецот ќе биде донесена и одлука за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Министерката Шекеринска рече дека вчерашното заедничко писмо на клучните луѓе на Унијата до земјите членки да одобрат преговори е силна порака до нашата земја и до регионот“, се наведува во соопштението за средбата.

Од страна на генералот Грацијано биле искажани пофални зборови за учеството и професионалноста на припадниците на македонските војници во мировните мисии.

Притоа истакнал дека Република Северна Македонија игра важна улога во стабилноста на регионот со пристапот и начинот на решавање на предизвиците од политички и безбедносен аспект.

За време на посетата делегацијата ќе ги посети и единиците на Армијата во касарната „Илинден“, а ќе оствари и посета на претставништвото на Европската Унија во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делегација од кабинетот на Претседателот положи цвеќе по повод 9 мај – Ден на победата над фашизмот

Објавено пред

Делегација од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски по повод Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, им оддадоа почит на борците.

Делегоацијата која беше во состав Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, Валентин Димевски, посебен советник за безбедност и одбрана и Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот, положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 760 и има околу 915 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 436 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 324 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 51 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 11 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 53 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 39, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 40 пациенти, во Кочани 19 во Кичево 9, Кавадарци 25, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Објавено пред

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените субвенции за инвертер клими. Таа додаде дека на повидок е нов скандал, и повторно, како што рече, во центарот на овој скандал е скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„ Имаме основани сомневања дека многу најавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад кое стои половична реализација на проектот, и истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи. Исто така имаме сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон при што можна е злоупотреба на истите“ ис=зјави Колрачиќ.

Таа нагласи дека овие основани сомневања ги темелат на претходна дојава од самите служби на градот и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побарале увид во документацијата, при што констатирале нецелосна документација, со бројни пропусти и аномалии.

„ Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ центар каде е познато дека има парно греење или и досега граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции. Она што го затекнавме во градот е запрепастувачки. Нецелосни досиеја, расфрлани документи по ходници.

Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат Шилегов јавно да каже колку контроли се направени кај граѓаните корисници на субвенциите за исполнети услови?

„ Зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ а на други изјави од нотар? Го прашуваме Шилегов јавно да каже дали го познава воопшто и зошто не го применува Законот за заштита на лични податоци. Или пак како и се друго за него и неговите партиски послушници законите не важат. Го повикуваме Шилегов да појасни, зошто досега на ниту еден апликант не му е побарано да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Да одговори дали е точно дека се печатени лични карти и покрај софтверско чување на истите при апликација за субвенции? Да одговори зошто регистри со досиеја на граѓани апликанти и корисници на субвенции се расфрлани по ходници на дотраена барака бр.14?

Шилегов да одговори, дали е точно дека раководител на сектор дал наредба да се сечат документи, складирани во вреќи и изнесувани надвор од бараката? Да одговори каква документација е уништена и под чија наредба?? Шилегов треба да одговори кој е одговорен за личните податоци на апликантите и корисниците на субвенции“ порача Колариќ.

ВМРО-ДПМНЕ ја повикув Агенцијата за заштита на лични податоци да изврши увид и примена на законот и инспекторатот на државен архив за ништена документација.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 минута

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија22 минути

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија33 минути

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија1 час

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет2 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија2 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет4 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет15 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион16 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт18 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ20 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија21 час

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија21 час

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија24 часа

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Македонија1 ден

СЗО: Децата не треба да се вакцинираат сѐ додека не бидат вакцинирани ризичните групи

Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 додека не се вакцинираат старите лица...

Македонија2 дена

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било...

Македонија2 дена

Пендаровски негира дека службената белешка за Камчев излегла од неговиот кабинет

Шефот на државата, Стево Пендаровски, е загрижен што службената белешка со назнака „строго доверливо“ од Агенцијата за национална безбедност, по...

Досие