Контакт

Македонија

(Видео) Пред евроамбасадорот Гир промовиран проектот „Чаршиски туризам во општина Чаир“

Објавено пред

Во Старата скопска чаршија денеска беше извршена промоција на потпроектот „Чаршиски туризам во општина Чаир“, кој се реализираше во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“, во заедничка соработка на Владата, Делегацијата на Европската Унија и општина Чаир, со поддршка на канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и директорот на Управата за заштита на културно наследство Ацо Костов, придружувани од градоначалникот на Чаир  Висар Ганиу, имаа можност да направат обиколка низ чаршијата и да направат увид на направените зафати со кои се зачувува автентичноста на чаршијата, а се подобруваат инфраструктурните услови и за туристите кои ја посетуваат и за занаетчиите кои работат во чаршијата.

Зборувајќи на промоцијата на проектот, вицепремиерот за економски прашања истакна дека Старата скопска чаршија е уникатно место, кое дава особен шарм на градот, категоризирана е како туристичко место од врвна категорија, согласно критериумите за атрактивност за туристичка посетеност, а со своето културно, историско и духовно наследство, кое датира уште од 12 век, претставува голем развоен туристички потенцијал за општина Чаир и за градот Скопје.

„Старата скопска чаршија има голем стопански и културен потенцијал и ако сакаме да ја направиме место каде што ќе се разменуваат идеи и стоки на луѓето во регионот, тогаш сме должни да создадеме услови и да го заштитиме нејзиното културното богатство. Тоа значи зачувување на стариот и автентичен изглед преку одржување на соодветните материјали, како што се каменот травертин и дрвото како карактеристика на чаршијата. Истовремено, создадовме подобри услови за занаетчиите и посебно за туристите, бидејќи сакаме ова туристичко место да се посетува како споменик на нашето културно наследство, препознатливо во државата и на Балканот“, потенцираше Битиќи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека Министерството во изминатите неколку години во континуитет работеше на реализација на проекти за обновување на излозите на чаршиите низ целата држава.

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, посочи дека чаршијата претставува живо сведоштво за долгите традиции на мултикултурализам, соживот, како и разновидност и токму поради тоа многу е погодно што токму чаршијата е домаќин на Европската улица од денеска.

„Магазинот Lonely Planet ја има наведено Северна Македонија помеѓу 10-те топ земји коишто треба да се посетат во текот на 2020. Додека пандемијата со Ковид-19 ги натера повеќето луѓе да ги одложат своите планови за патување, Скопје и земјата сепак треба да ја искористат оваа можност и да се спремат за враќање на посетителите. Овој проект е само мал придонес во постигнување на таа цел. Истовреме, во потрага по развој на туристичкиот потенцијал во Северна Македонија навистина е од огромна важност, да се обезбеди почит за природното и културното наследство на самата земја и сите овие размислувања служат како информација за 50-тина или слични проекти кои се поддржани од страна на Европската Унија преку нејзината програма за локална и регионална конкурентност ширум земјата“, кажа Гир.

Македонија

Метеоролозите најавуваат поројни дождови в недела и понеделник

Објавено пред

Управата за хидрометеоролошки работи најави дождови на крајот на седмицата кои ќе бидат наместа поројни.

„Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, в недела кон крајот на денот и в понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2)“, информираат од УХМР.

В понеделник на планините ќе вее снег.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Карпош донира облека за социјално загрозените

Објавено пред

Општинската администрација на Карпош спроведе хуманитарна активност за собирање на облека за социјално – загрозените лица и домаќинства кои живеат на територија на општината. Имено, изминативе десет дена вработените имаа можност да носат облека која повеќе не ја користат, но е во добра состојба.

Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја додели и својата донација на облека. Сите пакети со облека ќе бидат споделени со Црвениот крст, кој во понатамошна фаза ќе обезбеди дистрибуција на истите.

Основната цел е да се овозможи топла облека и подобри услови за поминување на зимскиот период, за бездомниците и граѓаните во социјален ризик.

Локалната самоуправа неодамна организираше и крводарителска акција, каде што 35 службеници донираа крв. Исто така, во рамки на деновите на Општина Карпош беа споделени 80 пакети (со прехранбени продукти и средства за хигиена) со социјално – загрозените домаќинства, а се помогна и на геронтолошкиот завод „13 Ноември“ и СОС „Детско село“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Aхмети и грчкиот амбасадор разговараа за преспанскиот договор

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска на проштална средба го пречека амбасадорот на Грција, Димитрис Јанакакис, по повод завршувањето на неговиот мандат како амбасадор во Република Северна Македонија.

За време на оваа средба, Ахмети му се заблагодари на Јанакакис за добрата билатерална соработка за време на неговиот мандат и изрази благодарност за неговата ангажираност за приближување на нашите две земји.

Ахмети и Јанакакис разговараа и за важноста на потпишувањето на преспанскиот договор, по што Ахмети му се заблагодари на грчкиот амбасадор за посветеноста и за неговата конструктивна улога.

Ахмети ја истакна потребата и подготвеноста за строго спроведување на Договорот од Преспа.

Претседателот на ДУИ му кажа на амбасадорот дека нивната поддршка за Република Северна Македонија во интеграцискиот пат кон Европската Унија е исклучително важна.

На оваа средба Ахмети и Јанакакис разговараа и за отвореното прашање со Бугарија, при што Ахмети ја истакна важноста од затворање на спорот во европскиот дух на добрососедство.

Ахмети и Јанакакис на крајот од оваа проштална средба се согласија дека двете земји, Република Северна Македонија и Грција треба да продолжат да одржуваат добри односи во сите области, особено во областа на економијата што е во интерес на сите граѓани во двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион53 минути

(Видео) Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград. Едно лице...

Македонија2 часа

Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија, тврди бугарски весник

Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија, изјави дипломатски извор за бугарскиот...

Топ2 часа

Кавадарчанец со секира се обидел да ја убие сопругата, па загинал фрлајќи се во река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од МВР изврши увид во куќа во селото Шивец...

Регион2 часа

Курц: Секој што ме познава знае колку сум приврзан за Балканот

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, реагираше на критиките кон него поради изјавата дека повратниците од годишниот одмор го донеле коронавирусот во...

Македонија3 часа

Македонските и бугарските историчари и денеска ќе расправаат за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Здравствените производи треба да бидат достапни за сите

Здравствените производи со сертифициран квалитет треба да бидат достапни за сите, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на специјалнатата сесија на...

Македонија3 часа

Градоначалниците на Битола и Гостивар се позитивни на коронавирус

Градоначалниците на општините Битола и Гостивар – Наташа Петровска и Арбен Таравари, преку социјалните мрежи известија дека се заразени со...

Регион4 часа

ЕУ и Грција ќе формираат нов прифатен центар на Лезбос

Европската комисија потпиша меморандум во кој се опишува деталниот план договорен меѓу грчките власти и агенциите на Европската Унија за...

Свет4 часа

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа17 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија18 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија19 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија19 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија22 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен23 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ23 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет24 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет1 ден

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија1 ден

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет1 ден

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Досие