Контакт

Македонија

(Видео) Адвокатите бараат одложувања на судењата на СЈО поради набиена агенда, судот не попушта

Објавено пред

Адвокатот Димитар Дангов, кој го брани обвинетиот Сашо Срцев, не дојде на денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ бидејќи брани обвинет во предметот за крвавиот четврток, за кој денеска исто така има судење. Без неговото присуство, судењето не може да почне.

Судијата Огнен Ставрев рече дека судењето е закажано пред повеќе од 1 месец и ова однесување на адвокатот е несериозно и затоа ќе го казни Дангов. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека нема да дозволат да се одложи судењето поради оваа причина. Адвокатот Боро Тасевски рече дека за разни предмети на СЈО имаат по неколку рочишта во еден ден и не можат да стигнат. Судијата даде половина час пауза за Срцев да се договори да го застапува некој од адвокатите на Сашо Мијалков. Адвокатот на Мијалков, Љупчо Шврговски, рече дека приоритет има притворскиот предмет во предметот за крвавиот четврток.

Специјалната обвинителка Фетаи пред судот рече дека СЈО има разбирање за семејните односи на обвинетиот Срцев, но дека адвокатот цел месец знаел оти има рочиште и во двата предмета и дека требало навреме да си обезбеди замена.

На денешното рочиште треба да сведочат четворица сведоци, поранешни членови на ДИК, меѓу кои Виолета Дума, Борис Кондарко и Субхи Јакупи.

Во предметот „Титаник 2“ на СЈО за изборни нерегуларности обвинети се ексдиректорот на УКБ, Сашо Мијалков, Мендух Тачи од ДПА, потоа Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, поранешни членови на Државната изборна комисија. Мијалков е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а другите за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

И за овој случај снимките од прислушуваните разговори може да се користат како докази во судската постапка. Некои од овие снимки беа објавени и од нив може да се чуе разговор меѓу Мијалков и Тачи како договараат како да гласа членот на ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими, за некои приговори за локалните избори во 2013 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Силјановска: Се случи политички земјотрес, кој е предупредување за пораз на СДСМ на изборите

Објавено пред

Не треба да сте експерт за да заклучите дека во историјата на европските избори не се случило за 18 месеци да загубите 40 отсто од гласовите или околу 200 илјади. Тоа е предупредување за пораз не само на претседателските туку и на идните предвремени парламентарни избори, порача кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека изборните резултати се шокантни и дека значеле политички земјотрес.

„Овој резултат не го гледам само како гласање за враќање на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како гласање за Гордaна Силјановска-Давкова. Видете ги резултатите во главниот град, во најголемите урбани центри во Македонија, и ќе го видите политичкиот земјотрес“, рече Силјановска.

Во однос на кампањата го повтори ставот дека дека власта ја пречекорува линијата меѓу државата и партијата.

„Кампањата не е место каде што треба да се појавуваат премиерот, министерот за одбрана, а уште помалку министерот за внатрешни работи, бидејќи тие се и мој премиер и мои министри. Иако не се парламентарни избори, тие треба да се однесуваат технички. Значи, пречекорена е линијата меѓу државата и партијата“, рече Силјановска.

Таа додаде дека ќе се обиде да ги придобие и гласовите на апатичните, оние што не излегле да гласаат, како и на „Бојкотирам“, со кои веќе имала една средба во Штип, при што им порачала дека ја разбира болката за промената на името во Северна, но дека од улица не може да се добие битката.

Таа ја осуди и изјавата на косовскиот министер, кој ги повика Албанците да гласаат за нејзиниот противкандидат, како мешање во внатрешните работи.

„Немам ништо против добрососедски односи со Косово, но ваквата изјава е невообичаена. Низ призма на едно од основните начела на ОН за немешање во внатрешните работи, изборниот процес е внатрешно прашање на која било земја. Убедена сум дека граѓаните Албанци знаат кому да му го доверат својот глас“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Акција за чистење диви депонии во Скопје

Објавено пред

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, утре, 24 април, со почеток во 10 часот, ќе почне масовна акција за чистење диви депонии.

Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.
Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии кои директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Почетокот на масовната акција за чистење диви депонии ќе биде означен утре во 10 часот пред хотелот ВИП, спроти МТВ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Објавено пред

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот Селим Адеми дискутираа што да пишува во извештајот, Република Македонија или Република Северна Македонија.

Дилемата ја отвори Караџовски, кој почна дискусија за името на државата што треба да го пишува на извештајот.

„Да не кажам дека кога сум се родил јас, таа држава не се викала Северна Македонија“, рече Караџовски појаснувајќи дека промените настанале во 2019 година, а извештајот е за претходната година.

„Во заблуда сте. Не сте ја смениле сè уште таблата на влезот. Сигурен сум дека и печатите не се сменети. До крај ја браневте Република Македонија. Јас, Селим Адеми, сум член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, иако бев избран од Собранието на Република Македонија“, рече Адеми.

Претходно, 12-те члена на Советот назначија в.д. претседатели на 10 основни судови во државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија3 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ3 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ4 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија4 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија5 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет5 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион6 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет6 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет7 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ17 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа20 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201921 час

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет22 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201924 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20191 ден

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 20191 ден

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет1 ден

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Досие