Контакт

Македонија

(Видео) Радевска: Аларамантно лоша состојба на Онкологија, нема лекови, нема реагенси, нема апарати

Објавено пред

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија, нема терапија, нема реагенси за испитувања, а некои од апаратите за зрачење не работат, тврди Eлена Радеска, од Комисијата за здравство на СДСМ.

„Пациенти во животозагрозувачка состојба се оставени сами на себе, принудени да купуваат лекови од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи. Додека граѓаните бараат спас, раководството на Клиниката признава дека апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис. Пациенти се одложуваат, животи се ставаат во ризик, а оправдувањата се сведуваат на тендерски процедури и дистрибутерски грешки“, рече таа.

Според неа, ова не е првпат и вели дека проблемите со недостиг на лекови се контиунирани поради неорганизираност и импровизации откога ДПМНЕ е на власт.

„Но денес, тоа веќе не е административен пропуст, туку прашање на живот или смрт за македонските пациенти. Итна одговорност од министерот за здравство и раководството на Клиниката за онкологија. Не може институции да се правдаат со тендери додека луѓето бараат спас надвор од државата“, рече Радевска.

Таа побара независна контрола и ревизија на целокупниот систем во онкологијата за да се утврди каде е прекинатиот синџир и кој е одговорен.

Најново

Култура18 минути

Белград во знакот на македонската ликовна уметност

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград. Најпрво, со...

Свет25 минути

(Видео) Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе исплати „дивиденда“ од 5.000 долари на секој возрасен граѓанин на Соединетите Американски Држави,...

Македонија35 минути

Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела, останатите ги смета за „талог“, велат од СДСМ

Сите коишто се противат на криминалната власт се „талог“. Секој што е за Европа, демократија, слобода на говор и подобар...

Свет41 минута

Руски научници развија материјал што го уништува вирусот ХИВ

Руските научници користеа соединенија со катјони на ретки земји како основа за лек ефикасен против ХИВ, како и соединенија за...

Спорт49 минути

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и...

Регион50 минути

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син

54-годишна Гркинка роди дете од ембрион замрзнат пред 22 години, откако го загуби својот 21-годишен син, кого го роди и...

Спорт54 минути

Зверев рутински до третото полуфинале на Ју-ес Опен

Германскиот тенисер Саша Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на САД. Саша рутински го победи Холанѓанецот Ботик ван де...

Македонија1 час

Сончево и топло, попладне со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во...

Свет1 час

Дали Епстин се плашел од Трамп? „Можеби сум сексуално опседнат со деца, но не сакам да умрам“

Поранешниот познаник на Доналд Трамп, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, наводно многу се плашел од Трамп и ги гледал неговите...