Македонија
(Видео) Рауфи: Учесниците во Диво Насеље не се терористи туку борци за права
Адвокатот Насер Рауфи, бранител на дел од осудениците од Диво Насеље, по денешното излагање на јавната седница на Апелацискиот суд по повод жалбата за првостепената пресуда, рече дека осудениците кои влегле во Македонија од Косово не се терористи туку борци за права. Тој истакна дека обвинението за тероризам е погрешно од причина што не се исполнети основните предуслови за ова дело, односно дека нема ниту една жртва или повреден од цивилното население.
„Во никој случај осудениците не би ја признале таа квалификација како терористи туку како борци за права. Не може да стане збор за терористи или тероризам бидејќи не се исполнети основните предуслови, немаме ниту една жртва ниту, пак, повреден од цивилното население. Не може да стане збор за кривичното дело тероризам по ниту една дефиниција. Општо познато е дека за да има дело тероризам предуслов е таргетот да биде популацијата, односно да бидат нападнати цивили, што во случајов не е така. Имаме класична конфронтација на две вооружени формации, нашата безбедносна и друга вооружена група. Ниту еден од цивилите во Диво Насеље не кажа дека почувствувал страв од вооружената група, туку напротив кажаа дека кога биле нападнати од нашите безбедносни структури тогаш почувствувале страв. Тоа значи дека не е исполнет предусловот на дефинициите на ОН и на Стејт департментот – напад врз цивили, за да постои обвинение за тероризам“, рече Рауфи по што додаде дека цивилите не само што не се исплашиле од вооружената група од Косово, туку биле и гостопримливи кон нив.
Адвокатите на осудените од Диво Насеље исто така се жалат и на повреда на правата на одбраната во текот на постапката. Според нив, им биле скратени многу права меѓу кои одбивањето на големиот број сведоци политичари од поранешната власт кои ги побара одбраната, не било дозволено изнесување материјални докази и вештачења. Наспорти ова, велат адвокатите, на обвинителството му било дозволено сè па дури и она што е надвор од Законот за кривична постапка.
„Нам, на бранителите, ни беше дозволено испитување на обвинетите само во доказната постапка, а не и во дополнителен акт, ниту, пак, во стадиум на воведни говори ,иако беа најавени сите овие предлзи. Ништо не ни беше прифатено од страна на судот, сите предлози ни беа одбиени, за разлика од предлозите на јавното обвинителство, кои беа прифатени. Ова значи дека не може да зборуваме за еднаквост на правните оружја и тоа е еден од круцијалните моменти поради кои треба да биде укината пресудата. Предлозите беа за испитување на енормно голем број сведоци кои дирекно имаат сознанија за овој немил настан, материјални докази, вештачења, наши други предлози а пропо доказите кои беа презентирани од ЈО. На јавниот обвинител му беше дозволено и ЦД-то да биде изведено како доказ кое се утврди дека е селектирано од страна на Министерсвтото за внатрешни работи. Повредите врз одбраната се очигледни“, рече Рауфи.
И покрај тоа што обвинетите за Диво Насеље вчера одлучија да не присуствуваат на јавната седница, нивните адвокати денеска се појавија пред кривичниот совет на Апелацискиот суд кој им дозволи да ги истакнат сите жалбени наводи. Бранителите очекуваат укинување пресуда или евентуално корекција на, како што велат, драконските казни за учесниците во Диво Насеље.
Осудениците пред Судот кажаа дека целиот судски процес е изрежиран од страна на коалицијата Груевски – Ахмети и побараа како сведоци да бидат прифатени експремиерот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДУИ Али Ахмети, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Стојанче Ангелов, Муса Џафери, Садула Дураку и останати високи поранешни и актуелни функционери на ДУИ.
По ова осудениците ја напуштија јавната седница која продолжи само во присуство на нивните адвокати.
Основниот суд Скопје 1 во 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. На шеснаесет обвинети судот им изрече и казна протерување странец засекогаш од територијата на Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Спротивно на националните интереси, власта на СДС, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата. Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта на СДС е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.
Но, давањето државјанства на светски криминалци не беше единствено што власта на СДС го правеше спротивно на државните интереси, туку и даваше милионски државни тендери на фирми на почесни конзули на држави блиски со руската политика, како што е Белорусија Борче Марковски.
СДС на Заев и Филипче на Марковски му доделиле милионски тендери, 141 на број за кои денес се наоѓа на обвинителна клупа. Од друга страна, пак, рускиот олигарх Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија под тогашна власт на СДС, како многуте белосветски криминалци, и овој близок човек на Путин го прими со раширени раце.
Случајот со милионските тендери на Марковски и македонското државјанство на Онишченко, се слични по нивната природа, и во двата случаи постојат основани сомненија за коруптивни шеми.
Исто така, двајцата ликови се поврзани со луѓе блиски до Русија и тоа не води до заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче, спротивно на државните интереси, се негувале блиски односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко.
Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДС, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото. Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
