Контакт

Македонија

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Објавено пред

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача студентката Симона на денешниот протест против загадувањето. Таа реагираше што на протестот дошле околу само еден процент од сите десет илјади луѓе кои на Фејбук најавиле дека ќе присуствуваат. На власта, пак и порача дека мора да преземе мерки против загадувањето, зашто во спротивно ќе расте стапката ан смртност

– Оваа држава треба да се бојкотира, сите патишта да се блокираат, бидете малку свесни за тоа што го живеете. Вие може ќе си одите за година – две ,  но стапката на смртност ќе порасне, ќе умираме од астма , ќе умираме од рак, респираторните патишта ни се загушени. Доста сме активни само на Фејсбук и Инстаграм , излезете и кажете дека сте дошле да се борите за чист воздух, рече Симона.

Дел од граѓаните присутни на протестот пред Инспекторатот на Град Скопје реагираа дека здравствено ги чувствуваат проблемите од загадувањето, болниците се полни,  велат, побараа власта да преземе повеќе мерки против аерозагадувањето. Тие сметаат дека 1,5 милиони денари за екологија се малку и обвинија дека власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина.

„Удобноста на вашите газови вреди дупло повеќе од нашите живот – согласно со Буџет на РМ 2019“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“, се дел од транспарентите на протестот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Заев во Подгорица: Ги охрабривме бизнисмените да го следат пријателството меѓу нашите две влади

Објавено пред

Како завршница на официјалната посета на Црна Гора, премиерот Зоран Заев и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, одржаа прес- конференција на која информираа за резултатите од посетата на македонската владина делегација на Подгорица.Прес-конференцијата следуваше по заедничката седница на двете влади, на која се разменија информации и мислења за можностите за продлабочување на односите меѓу двете земји, и на која се потпишаа договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, во животната средина и во здравството.

Премиерите Заев и Марковиќ ја поздравија и работата на стопанствениците на Бизнис форумот, што, како дел од програмата, ја организираа стопанските комори на двете земји.

Во продолжение ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев од прес конференцијата:

,,Дозволете на почетокот да им се заблагодарам на граѓаните на Црна Гора, за огромното гостопримство, за чувството што го имаме како да сме дома, кое што го овозможи вашата влада, вашите министри, претседателите на државата и на парламентот.Моето обраќање го започнувам со искрени честитки за вашиот празник – 21 мај, Ден на независноста, што го прославивте пред неколку дена. Мене ме радува што сите овие години на независност, како и во сите години претходно во заедничката држава, нашите две земји беа одличен пример на искрено пријателство што го негувавме низ годините и децениите, и што тоа се надоградува во сите овие години.

Денеска одржавме заедничка владина седница, како прва, историска, владина седница. Потпишавме 4 договори и меморандуми од областа на одбраната, на внатрешните работи за заштита на тајните податоци, како и во екологијата и здравството.Се одржаа билатерални состаноци на министрите за земјоделство, за транспорт. Заедно имавме можност да бидеме на Бизнис форумот што го организираа двете комори – Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската Комора на Црна Гора. Ги охрабривме бизнисмените и деловните луѓе да го следат пријателството меѓу нашите две влади, меѓу нашите две земји и да ја унапредат економската соработка меѓу компаниите.

Вчера имавме средба со претседателот на парламентот на Црна Гора Брајовиќ и со пратениците, а потоа имавме и средба со Претседателот Ѓукановиќ, и разговаравме за сите сегменти од заемната соработка. Сакам да испратам огромна благодарност што Црна Гора во целиот овој период ни дава голема поддршка за нашето членство во НАТО и ЕУ. Црна Гора беше меѓу првите земји што го ратификуваше протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО, којшто ги охрабри сите други земји да тргнат во брза постапка за ратификација на протоколот. Црна Гора беше најактивната земја членка на НАТО којашто работеше за нас во сите наши чекори до пристапување во алијансата.

Црна Гора е еден од нашите први пријатели и во нашиот процес за членство во ЕУ. Премиерот Марковиќ, претседателот Ѓукановиќ, на сите свои средби го потенцираат нашето право, после 14 години да добиеме датум за почеток на преговори. Јас сум му благодарен на премиерот Марковиќ, на целата влада на Црна Гора, затоа што навистина и помагаат на нашата земја како да се борат за својата земја. Тоа треба да го знаат граѓаните и на Црна Гора и на Северна Македонија. Тоа искрено пријателство треба да им даде сериозна позитивна перцепција на граѓаните дека имаме огромни перспективи за секаков вид соработка.

Ние очекуваме ова лето, конечно датум за почеток преговори по поглавја после 10 позитивни препораки од Европската комисија. Да бидам искрен, нема да застанеме тука во нашата благодарност за помошта од вас. Секогаш сме тука и да возвратиме, но вашето искуство од поглавјата кои успешно ги затворате, и на внимателен начин ја носите Европа во Подгорица и Црна Гора, е огромно знаење и потенцијал.Пријателството меѓу нашите две земји нека остане убав спомен за генерациите што доаѓаат после нас. Секако, овде нема да застанеме. Ќе продолжиме понатаму. Имаме убави перспективи пред нас.Испраќам пораки и до соседните земји ова убаво искрено пријателство меѓу нашите две земји да биде урнек, модел и за другите, затоа што ако Западен Балкан и Балканскиот полуостров подобро соработуваат и Европа повеќе ќе не цени и почитува.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери и папата Франциск си разменија подароци

Објавено пред

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рамки на традиционалната Mанифестација во чест на Св. Кирил, што се одржува по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, во Ватикан, се сретна со папата Франциск и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Папата Франциск на Џафери му подарил скулптура на која има гулаб и маслинова гранка кои го симболизираат мирот.

Претседателот на Собранието, пак, на папата Франциск му подарил скулптура свети Кирил и Методиј, изработена од познатиот скулптор Томе Серафимовски, а инспирирана од споменикот на сесловенските просветители што се наоѓа во Охрид.

„Република Северна Македонија и нејзините граѓани секогаш биле и се дел од европската цивилизација. Делото и наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, или пак на Мајка Тереза или на Скендер бег не припаѓаат на една држава или на еден народ, туку се светска придобивка и симбол на истрајноста и хуманизмот. Тие по својата содржина се универзални, тие се дел од европската и светската цивилизација, а ние сме должни тие вредности да ги негуваме и надградуваме“, истакнал Џафери на средбата.

Папата Франциск се заблагодарил на нашата држава за неодамнешниот пречек и нагласил дека од Република Северна Македонија се вратил со преубави впечатоци. Папата Франциск, како што рекол, особено е трогнат од наклонетоста на младите луѓе во нашата земја кои што, иако се од различна религија и етничка припадност, градат соживот.

„Верувам во заедништвото на младите луѓе, а тоа го почувствував во вашата земја. Вашиот народ е порта за христијанството во Европа, што е од исклучително значење“, порачал папата Франциск.

Во рамките на Манифестацијата во чест на Св. Кирил, се одржа молебен во Базиликата Сан Клементе каде што се наоѓа гробот на Св. Кирил, на кој присуствуваа и претставници од делегацијата на Република Бугарија. Исто така двете делегации заеднички ќе положат свежо цвеќе пред плочите поставени во чест на Св. Кирил, во Базиликата Санта Марија Маџоре.

Претседателот Џафери ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија составена од Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, пратеничката Ирена Стефоска, претседател на Комисијата за културa, Крсто Мукоски, претставник на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова генерален секретар на Собраниетo, Кочо Анѓушев, вицепремиер, Владимир Лазовски, заменик-министер за култура, Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Сите на велосипед“ по 14. пат во Прилеп

Објавено пред

По повод Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ денеска во Прилеп, традиционално по 14. пат се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“ на која учествуваа повеќе од 500-тини љубители на велосипедизмот.

Градоначалникот Илија Јованоски, во поглед на подобрување на условите на велосипедската инфраструктура, потенцираше дека во тек се припремите за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Гоце Делчев“ и на дел од улицата „Прилепски Бранители“ каде ќе бидат изведени велосипедски патеки во двете насоки. Ќе се работи на реконструирање, поврзување и обележување на постоечките патеки и дооформување на велосипедската мрежа, а од наредната година се размислува да се водеде и мерката за субвенционирање при купување на нов велосипед.

Според Драган Димитриоски, претседател на клубот „Илинден“, целта на трката е да се промовира велосипедот како еколошко и најприфатливо средство за патување кое не ја загадува животната средина.

По стартот учесниците возеа до населеното место Мало Коњари и назад до градот. Во трката се приклучија и велосипедисти од Кривогаштани, Битола и Гостивар. На спортскиот аеродром во Мало Коњари беа доделени традиционалните награди за најмладиот и најстариот учесник на трката.

Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет3 часа

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа5 часа

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија6 часа

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт6 часа

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потрагата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија7 часа

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет19 часа

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Свет22 часа

„Фејсбук“ отстранил над три милијарди лажни профили

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека од октомври минатата година до март годинава, биле идентификувани и отстранети повеќе од три милијарди лажни...

Свет22 часа

Јункер: Глупавите националисти ги сакаат само своите земји

Претседателот на Европската комисија, Жан клод Јункер изјави дека е свесен за заканата, која ја претставуваат националистичките политичари за европската...

Топ1 ден

(Видео) Груби ја поздрави одлуката за оставка на Богоевски

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во...

Бегството на Груевски1 ден

Јовески: Не постојат пречки за Интерпол да објави потерница по Груевски

Јавниот обвинител Љубомир Јовески рече дека верува оти не постојат законски или какви било пречки за да биде објавена потерницата за...

Македонија1 ден

(Видео) Павле Богоевски најави оставка

Пратеникот Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“, а на која...

Регион1 ден

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет1 ден

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт1 ден

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа1 ден

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава2 дена

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија2 дена

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 дена

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Досие