Контакт

Македонија

(Видео) Салон за мебел изгоре во пожар кај Василево

Објавено пред

Во пожар што се случи поладнево, околу 14 часот, изгоре салон за мебел во Индустриската зона кај Василево.

Според најновите информации, во пожарот нема повредени, а причината допрва ќе се утврдува.

Во близина на салонот за мебел се наоѓа бензинска пумпа, но за среќа пожарот бил изгаснат пред да се прошири.

Македонија

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Објавено пред

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата со Грција од јуни годинава.

„Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Македонија за започнување на процесот на уставни измени, што се потребни за имплементација на Преспанскиот договор со Грција.  Соединетите Држави веруваат дека Преспанскиот договор е историска можност за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот“, истакна портпаролот Хедер Науерт.

Усвојувањето на одлуката во Собранието ја поздравија и високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот совет, Донал Туск, и други официјални претставници на ЕУ, како и лидери од регионот и светот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за откриени содржини во кои има повикување на насилство или најави за однесување кое би значело загрозување на туѓа безбедност, а се објавени на профили на социјалната мрежа „Фејсбук“ во изминатите 24 часа, кои се соодветно документирани, соопшти полицијата.

„Против 48-годишниот Г. Т. од Скопје, поради споделена објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ со која се шири говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието, до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава согласно чл.319 и чл. 144 став 4 од Кривичниот законик на Република Македонија“, стои во соопштението на МВР.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи, додаваат од полицијата, а во нивното соопштение исто така ги повикаа граѓаните кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Објавено пред

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема да ги толерира несогласувањата во врска со прашањата од национален интерес, на повидок се нови конфликти во грчката Влада, пишува грчкиот весник „Катимерини”, по гласањето за почеток на процедурата за уставни промени во македонското Собрание.

Ципрас доцна синоќа му честиташе на својот македонски колега, Зоран Заев, за, како што посочи постигнатиот важен чекор во заедничкиот успех, односно да го прифатат предлогот на Владата за измените на Уставот, според кој меѓу земјата се преименува во Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Протести во Лондон против брегзит, граѓаните бараат нов референдум

Во центарот на Лондон, денеска беше одржан протестен марш на кој имаше повеќе од сто илјади луѓе, кои се против...

Македонија3 часа

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија3 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Регион4 часа

Турција: Нема да дозволиме затајување на резултатите од истрагата за Кашоги

Владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека Анкара „никогаш не ќе дозволи затајување на резултатите од истрагата”...

Македонија5 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија6 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија11 час

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија11 час

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија11 час

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија13 часа

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија22 часа

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија22 часа

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија22 часа

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Македонија24 часа

Четворица обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. „За“ гласаа и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија1 ден

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија1 ден

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Досие