Контакт

Македонија

(Видео) СДСМ предлага минимална плата од 600 евра преку ребаланс и кратење на буџетските трошоци

Објавено пред

СДСМ понуди, како што велат, јасно, конкретно и реално остварливо решение за зголемување на минималната плата на 600 евра.

На прес-конференција, потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска, изјави дека преку ребаланс на буџетот и со рационално кратење на трошоците од, како што наведе, „луксузот на власта“, може целосно да се обезбедат до 200 милиони евра за зголемување на минималната плата на 600 евра и за поддршка на компаниите и приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

„ВМРО да не ги плаши приватните компании и работодавачите“, рече Тренчевска.

Според СДСМ, само за зголемување на минималната плата на 600 евра потребни се околу 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра.

Од партијата посочуваат дека со кратење од 20 до 30 проценти на делот „стоки и услуги“, каде што се вклучени возила, мебел, патувања, репрезентации, договорни услуги и, како што велат, комфор на функционерите, може да се обезбедат 130 милиони евра.

Дополнително, со кратење на делот „разни трансфери“, од хонорари и времени вработувања, според СДСМ, може да се обезбедат уште 75 милиони евра.

„Овие пари се доволно не само за минимална плата од 600 евра, туку и за дополнителна мерка за поддршка на приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите“, изјави Тренчевска.

Според неа, на овој начин компаниите ќе можат да ги зголемат платите без да се загрози нивната ликвидност.

Таа додаде дека не може да има пари за, како што рече, луксуз, патувања, партиски тендери и партиски вработувања, а да нема пари за работниците.

Тренчевска изјави и дека, според СДСМ, не држат изговорите на владата дека зголемувањето на минималната плата ќе ја загрози економијата или работата на компаниите.

„СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.000 денари, па не се затворија работни места, не се загрози економијата. Напротив, со повеќе пари кај граѓаните и поддршка на компаниите се зголемува потрошувачката и расте домашното производство“, рече Тренчевска.

Од СДСМ наведуваат дека доколку власта сака да им помогне на работниците, може веднаш да предложи ребаланс на Буџетот, кој, како што велат, тие ќе го поддржат.

Најново

Спорт9 минути

(Видео) Реал испишти 0:2 во Елче, па победи во 92-та минута

Реал Мадрид успеа да извлече победа во шестото коло од Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо го победи Елче со...

Спорт36 минути

(Видео) Лига куп: Рутински победи на Ливерпул и Арсенал

Ливерпул и Арсенал изборија пласман во осминафинбалето, во Лига купот на Англија. Ливерпул го победи Тотенхем со 3:1, додека Арсенал...

Свет1 час

Ник Рајнер е обвинет за убиство на своите родители: нема да се соочи со смртна казна

Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес во вторникот објави дека нема да бара смртна казна за Ник Рајнер, синот...

Забава1 час

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа1 час

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт2 часа

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт2 часа

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа2 часа

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија2 часа

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...