Контакт

Македонија

(Видео) СДСМ: 30 партии се обединија за референдумот

Објавено пред

Околу 30 политички субјекти вечерва се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија, преку прифаќање на неколку заеднички принципи. Политичките партии се согласија да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат ЗА на престојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018 година, соопшти СДСМ.

Според владејачката партија, тие се едногласни дека Република Македонија своите стратешки цели може да ги оствари единствено преку членство во НАТО алијансата и во Европската Унија и дека граѓаните и државата ќе добијат значајни придобивки од евроатланстските интеграции на земјата.

,,Политичките партии кои вечерва се обединија околу основните принципи согласни се дека македонско-грчкиот договор ги отвора вратите на Македонија за членство во НАТО и во Европската Унија. Партиите сметаат дека секој граѓанин на Република Македонија со право на глас треба да преземе одговорност, да излезе и да гласа афирмативно на претстојниот референдум. Како што беше договорено на средбата партиите го задржуваат правото да водат сопствени јавни комуникации поврзани со референдумот кои може да се индивидуални и независни или во рамки на други коалиции и кампањи”, се додава во соопштението.

Во обраќањето до присутните на вечерашната средба, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, рече дека со решавањето на билатералното прашање со Грција, повеќе нема ниту едно отворено прашање со соседите, како и дека тоа ја отвора иднината за граѓаните на нашата држава и членството во ЕУ и во НАТО.

,,Успехот на референдумот значи изградба на европска Македонија. Јас сум убеден дека мнозинството граѓани што ги претставуваме и кои ни ја доверија одговорноста да ја водиме државата, ќе ја исполнат својата граѓанска должност, ќе излезат на референдумот и ќе гласаат за европска Македонија”, рече Заев.

Според СДСМ, партиите остануваат отворени во ова надпартиско движење да се вклучат и други политички партии, граѓани, граѓански здруженија или други организации кои се согласни да ги повикаат граѓаните да излезат и да гласаат на престојниот референдум, поддржувајќи го членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Претходно крилото на БЕСА на Билал Касами информираше дека нема да учествува во заедничката кампања со парламентарните групи кои го поддржуваат референдумот. Тој вечерва по завршувањето на средбата на лидерите на политичките партии кои даваат поддршка на референдумот на 30-ти септември и процесите за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО, најави дека ќе водат посебна кампања со која ќе ги мотивираат гласачите за поддршка на референдумот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЗМСТАС: Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите

Објавено пред

Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението „ЗА НАС“ ги прашува надлежните институции како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри?! Од Министерството за финансии велат дека буџетот за 2019 предвидува за 10% повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.

„Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. На сите наши обраќања и достоинствени барања за нашите права институциите се обидуваат да не изманипулираат и само да ги одолговлечат процесите кои треба да ги преземат.

Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за покачување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. А основната причина за сето ова е непостоењето на закон за нашата професија. Изминатиов период подготвивме и предлози за измените во законот, подготвивме предлог решенија за проблематиките со сестрите концесионери, но, од министерството за здравство немаат слух за нас.

До кога намерно ќе не тргаат на страна? Ова ли е начинот на кој ќе го подобруваат здравството?“ – изјави сестра Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Објавено пред

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако и официјално ги известиле своите колеги во Унгарија за потерницата по поранешниот премиер. Од македонското Министерство велат дека ги известиле колегите и за затворската казна на Груевски кога од нив добиле потврда дека тој е во Унгарија и дека бара азил.

„Условите Никола Груевски да биде екстрадиран се исполнети и не постои ниту една причина тој да добие азил во Република Унгарија. Го известивме Министерството за внатрешни работи на Република Унгарија дека за Никола Груевски е распишана потерница и дека се бара за издржување затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконско влијание од чл. 359, ст. 2 од КЗ. Веќе е распишана и меѓународна потерница и ова лице треба да биде екстрадирано во Република Македонија. Двете министерства за внатрешни работи досега имаа одлична соработка, исто како и двете земји, Република Македонија и Република Унгарија, и очекуваме таквата соработка да продолжи“, велат од МВР.

Двете министерства лани се обврзаа на меѓусебна соработка, посебно во делот мигранти, но од МВР, и покрај унапредената соработка, нема одговор на прашањата дали нивните унгарски колеги им кажале каде е сместен Груевски, дали го поднел барањето за азил и дали веќе се направени разговор и интервју по барањето.

Од МВР не одговорија дали побарале податоци од унграските колеги како лично поранешниот премиер ја минал затворената балканската мигрантска рута.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села бара оставка од Заев и итно формирање експертска Влада, по бегството на Груевски

Објавено пред

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села побара премиерот Заев да поднесе оставка и веднаш да се формира експерстка влада, по бегството на експремиерот Никола Груевски. Села побара одговорност и од сите засегнати институции, а од Основното јавно обвинителство побара да отвори постапка за сите за кои имаат сознаниј дека го организирале и му помогнале на Груевски да избега од државата.

-Денеска сите граѓани кои веруваа во правен систем се разочарани од оваа власт. Ние повеќе пати сме најавиле дека вмроизираното судство да помине во сдсмеизирано и тоа денес е реалност. Бараме Заев и Владата да поднесат оставка. Одма да се формира експеррска влада која ќе се фокусира на реформи во судството, да одговраат сите судии за скандалите на кои сме сведоци. Бегството не Груевски не епрв случај, сите кои треба да одговораат за криминалот се во бегство. На пример Грујоски, Бошкоски, Кочан…, рече Села на денешната пресконференција.

Села побара и предвремени парламентарни избори кои би се органзизрале заедно со претседателските.

Слични барања испорачаа и од Беса на Касами , од каде рекоа дека органите на прогонот потфрлиле и дозволиле Груевски да побегне и дека треба да сносат одговорност што денеска аместо во затворот во Шутка, Груевски е во Будимпешта.

– Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија55 минути

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 час

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски кој е во...

Македонија2 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија2 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија3 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет3 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија4 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија5 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија17 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија18 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија19 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија20 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија21 час

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања23 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија23 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија1 ден

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија1 ден

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Досие