Контакт

Македонија

(Видео) Сè уште неизвесно што ќе се случува со земјиштето кај „Треска”

Објавено пред

Иднината на земјиштето кај „Треска” и понатаму е заглавена во административни лавиринти. Советниците на Советот на Општина Центар на денешната седница водеа расправа околу административните детали за водењето на седницата, а не за деталниот урбанистички план наречен „Буњаковец 2”, во чиј дел е земјиштето кај „Треска”.

Градоначалникот Саша Богдановиќ предложил вонредна седница, но Јана Белчева, која е претседателка на Советот, не го прифатила неговото барање и сакаше да го отвори продолжението на 41. седница.

Советникот Ѓошо Вангелов бараше предлогот на градоначалникот за вонредна седница да се усвои, бидејќи во спротивно, според него, ќе се создадел административен хаос.

„Да не ги зафркаваме граѓаните, да почнеме вонредна седница”, рече советникот Јон Фрчкоски, кој исто така го поддржа предлогот на градоначалникот.

Советникот Томислав Лазаров расправата ја нарече беспредметна. Советникот Вангелов ја напушти салата за седници и ги повика и останатите советници да излезат на пауза, а тие веднаш го послушаа.

Во салата за седници присуствуваа околу дваесетина граѓани од општината кои со часови трпеливо чекаа да започне седницата.

Искра Манојлоска

Македонија

Пендаровски-Ердоган: Солидарност и сојузништво за справувањето со коронавирусот

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски во телефонски разговор му се заблагодари на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, за медицинската опрема којашто пристигна од Турција. Македонскиот претседател рекол дека сојузништвото и солидарноста меѓу државите се важни во овие тешки денови кога на глобално ниво заеднички се справуваат со епидемијата на Ковид-19.

„Истовремено, претседателот Пендаровски изрази солидарност и поддршка за Турција во напорите за справување со Ковид-19 со оглед на тоа дека Турција е меѓу десетте најпогодени земји со близу 40.000 инфицирани и над 800 починати лица. Во тој контекст упати сочувство за починатите и посака скорешно закрепнување на заболените со Ковид-19“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Во врска со состојбата во земјава во справувањето со епидемијата на Ковид-19 и отстранувањето на последиците од истата, претседателот Пендаровски го информирал Ердоган дека ситуацијата е стабилна, меѓу останатото и поради фактот дека Северна Македонија меѓу првите земји во регионот ги започна активностите за справување со пандемијата. Во овој контекст, Пендаровски додал дека државата се подготвува за предизвиците со кои се очекува да се соочи економијата по надминувањето на пандемијата, потенцирајќи ја притоа важноста на силните економски врски меѓу двете држави.

„Двајцата претседатели изразија задоволство од одличните билатерални односи, а претседателот Пендаровски му се заблагодари на претседателот Ердоган за долгорочната и значајна поддршка од страна на Турција за остварување на една од нашите стратешки цели – членството во НАТО, каде досегашното партнерство ќе продолжи во нов контекст меѓу две членки на алијансата“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Објавено пред

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за движење во периодот од 19 до 20 часот, од понеделник до петок, а за викенд од 11 до 13 часот и за тоа нема потреба од вадење посебна дозвола туку лицата ќе треба со себе да имаат документ/наод за попреченоста.

Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење без да вадат дозвола, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците, пак, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање податоци до подрачните единици на Министерството за земјоделие. Сите досега издадени дозволи продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

МВР напоменува дека строгo се забранува издавање дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во подрачната единица на Министерството за земјоделие и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење. Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.

Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-пошта до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се печатат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците. Издадените дозволи за движење на земјоделците важат до крајот на вонредната состојба. Право на издавање дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Гранит“ се вклучи во дезинфекцијата на улиците во Карпош

Објавено пред

„Гранит“ со свои возила се вклучи во акцијата за дезинфекција на улиците и јавните површини во скопската општина Карпош со цел да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на коронавирусот и да се подигне нивото на јавната хигиена.

Акции за миење и дезинфекција на јавните површини се спроведуваат во сите скопски општини.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за...

Економија1 час

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија1 час

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа3 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија5 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет5 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија6 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет6 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион6 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет7 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа9 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија18 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа20 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа20 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија21 час

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија22 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија23 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет24 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија1 ден

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет1 ден

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Досие