Контакт

Македонија

(Видео) Сѐ уште активни осум пожари, другите делумно се изгаснати

Објавено пред

Во земјата до 16 часот сѐ уште активни се осум пожари, а другите делумно се локализирани. Авионот на романското воено воздухопловство во два налета дејствуваше на пожарот во општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин, кој е делумно локализиран, но на одредени места сѐ уште има чад. На терен се екипи на Армијата и ШС „Црн бор“ од Прилеп, информира помошник-раководителот на Центарот за управување со кризи, Марија Милкова, на попладневната прес-конференција во ЦУК.

„Пожарот во Делчевскиот Регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, а има мал чад во местото наречено Грбовец, но пожарот е под контрола. На терен се екипи од пожарната, странската помош, МВР и Армијата. Пожарот во Пехчево во село Будинарци сѐ уште е активен. Имаше моменти кога се надевавме дека пожарот е локализиран, но се појавија нови жаришта. На терен се припадници од Армијата, МВР, ШС ‘Малеш’, ШС од Струмица, противпожарни бригади од Скопје, Кавадарци и од Штип, вработени од ДЗС, ЕВН, месно население, меѓународни тимови од Словенија и Австрија и други субјекти што се справуваат со огнената стихија“, соопшти Милкова.

Таа додаде дека активен пожар има и во општина Сарај, во селата Раовиќ и Буковиќ, каде што на терен има екипи од Националниот парк Јасен, ШС „Караџица“, ПП-бригада на Град Скопје и жители од општината.

„Активен е пожарот и во општина Петровец, во селото Дивје, на месноста наречена Крушје, кој беше ставен под контрола, но во 13.30 часот повторно се разгорел. На терен се претставници од ШС ‘Караџица,’ Армијата и локалната самоуправа. Пожарот во општина Чашка, кај село Владиовци, беше локализиран во утринските часови, меѓутоа во 13.30 часот повторно беше активиран. На терен се претставници од ПП-единицата од Велес и месно население“, прецизира Милкова.

Нагласи дека пожарот, кој во попладневните часови избувал во селото Герман во општина Ранковце, е ставен делумно под контрола и на терен е единица од ПП Ранковце и ШС од Крива Паланка. Во врска со шпекулациите дека таму има жена со деца, рече дека навреме се спасени и не се загрозени.

„Пожарот во штипските села Драгоево и Селце е ставен под контрола иако на одредени места има појава на чад. На терен се претставници од ТТППЕ од Штип, МВР, Општина Неготино и други лица од месното население“, рече Милкова и додаде дека другите пожари се делумно локализирани.

Попладнево, истакна таа, се појавија пожари во велешкото село Којница, Крајница и Извор, каде што гори нискостеблеста мешана шума. На самото место се 11 вработени од ШС „Бабуна“ и додаде дека очекува овој пожар да биде локализиран до крајот на денот. Попладнево, посочи таа, избувнал пожар и во кочанско Костин Дол, но се држи под контрола и нема опасност да се прошири.

Таа информира дека е направена смена на меѓународната противпожарна помош од Бугарија, чии екипи беа на терен во Пехчевско. Тие се заменети со нови и веќе се пристигнати три противпожарни возила со неколку пожарникари во земјата, кои, како што рече, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат распоредени онаму каде што е потребно.

Во моментот, како што нагласи, заседава Главниот штаб и се прави попладневен пресек, а воедно се одредуваат и мерки каде, кога и кои субјекти на кои локалитети да дејствуваат во текот на утрешниот ден.

Македонија

СЕФ – Скопје: „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“

Објавено пред

Под насловот „Поглед кон иднината: климатска акција – социјална – праведна!“, се одржа последниот панел на овогодинешниот, прв Социо-еколошки Форум Скопје. Главната тема на овој панел беше младинската перспектива на климатските акции и борбата против климатските промени. Исклучително е важно младите да бидат сериозно вклучени во еколошките политики.

На младинскиот панел се обратија: Јуте Гутеланд, европратеничка, Марко Михаилоски, претседател на СДММ, Бруно Конкалвес, генерален секретар на Меѓународната унија на млади социјалисти, Ана Пиртсхалава, генерален секретар на Младите европски социјалисти и Влатко Ѓорѓевски, претставник во националната канцеларија на РИКО.

Европратеничката Јуте Гутеланд истакна дека глобалното затоплување е најголем предизвик на нашето време. Климатските политики се алатката со којашто како социјалдемократи мора да го решиме проблемите кои предизвикуваат климатските промените. Преминот во климатски неутрално општество треба да се имплементира во законите, додаде таа. „Морам да нагласам дека од 2014-та година, откако сум пратеничка во Европскиот парламент па сѐ до сега, многу работи се променија за оваа исклучително важна проблематика. Ако некогаш беше ниско на агендата, денеска е првата работа за која политичарите во европарламентот зборуваат“

Ана Пиртсхалава им се заблагодари на Грета Тунберг и климатските активисти „Петоци за иднината“ и додаде: „Ако порано зборувавме за климатски промени денес зборуваме за климатската криза. Сите сме свесни колку се алармантни овие прашања и дека времето за акција е сега. Но, не треба да се заборави генерацискиот аспект на овие прашања, понекогаш гледам да се создава генерациски јаз, но ова е нешто што нѐ засега сите и може да се реши само со глобален пристап“ додаде Пиртсхалава.

Марко Михајловски, претседател на СДММ, се согласи со претходните панелисти и додаде дека изворите на енергија се прашање кое од секогаш ја определувало иднината и човештвото. „Малку е да се рече дека со огромно внимание ги следиме случувањата отколку енергетскиот сектор, бидејќи следењето подразбира пасивност, а станува збор за политика и политичка тема, која ние никако не смееме да ја одбегнеме. Напротив, сакаме да бидеме вклучени во овој процес кој е клучен во светот, во кој денеска живееме.“ кажа Михаилоски.

Бруно Конкалвес, нагласи дека од круцијално значење е младинското учество во решавањето на климатските промени. „Обично ја повикуваме младината да учествува и да интервенира, но неретко не ја слушаме. Тоа што го правиме заедно со Прогрес Институтот и ФЕС е важно, затоа што не се работи само за давање на простор за младинските претставници или место на сцената, туку се работи за нашите вистински придонеси на меѓународно ниво“ дополни Бруно Конкалвес.

На крајот, Владимир Ѓорѓиевски од националната канцеларија на РИКО заклучи дека треба да се мисли и работи на креирање на одржлива иднина затоа што нивото на мориња и океаните се зголемуваат, температурите се зголемуваат, а на некои градови им се заканува целосно исчезнување. Не треба да мислиме само на тоа што можат поединци да направат, туку и големите корпорации да бидат дел од решенијата за климатските промени.

По работната сесија, следуваа завршните зборови на Рене Шлее, директор на ФЕС Скопје и Косово, Бојан Маричиќ, министер за правда во Владата на Република Северна Македонија и Павле Богоевски, Извршен директор на Прогрес – Институтот за социјална демократија.

Рене Шлее резимираше дека обврска на социјалната демократија е да ги стави граѓаните во фокус. Тој ја истакна потребата за кооперација со релевантните актери на национално ниво, но и со оние во Европа со оглед на тоа дека ова прашање е глобално а не локално.

Министерот Маричиќ истакна: „Интензивен и корисен ден со многу важни средби и дискусии. Отворените прашања се сега приоритети на светско ниво. Не е прашање дали туку кога треба да се започне со интензивна, зелена трансформација на нашите општества. Искрено сум среќен што сум Министер во влада која сериозно ја има разбрано важноста на ова прашање и факт е дека климатските промени се глобален проблем но прв чекор е зелената трансформација да ја имплементираме дома.“

Конечно, Павле Богоевски од Прогрес – Институтот потенцираше дека овие глобални предизвици нѐ зближуваат и се интегрален дел од нашата социјалдемократска борба. „Голема благодарност до премиерите Заев и Курти за тоа што одлучно покажаа колку високо на нашите агенди е зелената трансформација. Исто така, би сакал да се заблагодарам на нашите европски, регионални и локални сојузници, за присуството на овој важен настан и за поддршката за овие предизвици кои не засегаат сите нас во периодот кој следи“ – заклучи Богоевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Фалсификувани евра пуштени во оптек во три спортски обложувалници во Струга

Објавено пред

Во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра. Ваков случај бил пријавен во полицијата.

Од МВР велат дека во трите обложувалници во периодот од 21.00 до 21.30 часот влегле по три лица и со вработените размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра.

Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тетовец измамен од сограѓанин, дал 1.300 евра за парцела на Попова Шапка

Објавено пред

Педесетгодишен тетовец пријавил дека бил измамен од сограѓанин.

Според информациите од полицијата, двајцата пред околу девет месеци тие се договориле на оштетениот да му биде обезбедена парцела на Попова Шапка за сума од 1.300 евра. Тетовецот ги дал парите, но откако проверил дека не постои таква парцела побарал да му бидат вратени, по што добил назад само 610 евра.

Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија12 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа12 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион17 часа

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа17 часа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија18 часа

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија18 часа

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија1 ден

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија1 ден

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет2 дена

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија2 дена

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет2 дена

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија2 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет2 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Досие