Контакт

Македонија

(Видео) Сообраќајната голгота во Бутел ќе трае уште оваа недела, „Христијан Тодоровски Карпош“ прооден од викендов

Објавено пред

По пет месеци блокада, претстојниот викенд градските власти очекуваат да биде пуштен во употреба новоизградениот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел за да се намали огромниот метеж што се создава на кружниот тек во оваа населба. На жителите од овој дел на Скопје им требаат и по 40 минути да го минат само кружниот тек оти тој е единствената врска на градот со Бутел 1, Радишани и околните места. Целосно затворени за сообраќај се алтернативните улици Цетинкса и новоизградениот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош поради премостување на електрични и водоводни инсталации. Вината за одолговлекување на работите, градоначалникот Петре Шилегов посочува дека е кај претходното раководство на Градот.

„Потегот Христијан Тодоровски Карпош – Цетинска, којшто претставува повеќемесечен проблем за граѓаните на општина Бутел и населените места околу, вклучително и населба Радишани, е потег што го наследивме со проблеми бидејќи при проектирањето на булеварот Христијан Тодоровски Карпош ниту било проектирано решение за влез на улица Цетинска ниту е проектирана улицата Боца Иванова, ниту биле проектирани водоводната ниту електричната инсталација коишто проаѓаат во тој потег кај подвозникот на Христијан Тодоровски Карпош. Градот Скопје во меѓувреме ги изработи сите тие проекти, напоменувам дека  доколку не го премостивме водоснабдувањето на соодветен начин, тој дел од градот  ќе останеше без вода за пиење, од една страна, од друга страна таму поминуваат два 35-волтни кабли од коишто се снабдува половина Скопје со електрична енергија и ние моравме  тоа да го сработиме со внимание. За жал, тоа не беше претходно проектирано. Тие работи се завршени во текот на викендот, а денеска граѓаните можат да забележат дека се одвива асфалтирање на Христијан Тодоровски Карпош. Очекувам дека тоа ќе биде завршено наредните денови и викендов ќе можеме и официјално да го пуштиме во употреба“, вели градоначалникот Шилегов.

Од март годинава на жителите од овој дел на Скопје им требаат и по 40 минути да го минат само кружниот тек

Градоначалникот Шилегов во март годинава, кога ја затвори улицата Цетинска и со тоа го отцепи Бутел од останатиот дел од Скопје, најави дека градежните работи ќе завршат најдоцна до 15 април, но не го одржа зборот и ги остави граѓаните на 35 степени безмалку по цел час да одвојуваат за да го поминат кружниот тек. Сега вели дека сочувствувал со нив и дека не е в ред чекањето на кружен тек.

„За жал не е, се согласувам, имам целосно разбирање за граѓаните од тој дел на Скопје. Да, не е в ред, за жал, додека се изведуваат градежни работи секогаш е отежнато и покомплицирано движењето на граѓаните. Оваа голгота ќе заврши  за неколку дена. Таа голгота е и за мене како што е и за граѓаните, меѓутоа некој друг нè внесе во овој, да го наречам, циркус “, вели за „Макфакс“ градоначалникот Шилегов.

Во исто време со пуштањето во употреба на новиот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош, градоначалникот Шилегов најави дека ќе почне и втората фаза од пробивањето на овој булевар, од улицата Натанаил Кучевишки до обиколницата, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на обезбедување бајпас преку кој улицата Цетинска ќе се поврзе со булеварот оти сега меѓу нив има висинска разлика од три метри и улицата завршува слепо.

За 18 месеци булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ треба да се поврзе со обиколницата

Изведувач и на втората фаза ќе биде „Пелагонија АД Гостивар“ . Првата фаза го чинеше Градот 2,6 милиони евра, а втората фаза, според договорот со градежната компанија, ќе чини 2, 040 милиони евра. Булеварот треба целосно да биде изграден и да се поврзе со обиколницата за 18 месеци.

Македонија

Рекорден број волонтери од Америка ќе пристигнат во Македонија

Објавено пред

Од

Рекорден број, односно 55 Американци в недела, 23 септември, ќе пристигнат во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации во Македонија.

Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин, како и дел од вработените. За време на нивниот двогодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 23. група волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 750 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

Објавено пред

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле на рочиште во предметот „Триста“, потврдуваат за „Макфакс“ од кривичниот суд во Скопје. Вештакот Стојанова е судски вештак за материјално, финансиско и сметководствено работење, ангажирана од адвокатот на обвинетиот.

„Станува збор за решенија кои се дел од  предметот од обвинителството означен како ‘Триста’ со кои правното лице и вештото лице се казнети со парични казни поради нивно недоаѓање на однапред закажана главна расправа поради кои причини расправата била одложена“, велат од судот за „Макфакс“.

Вештакот Стојанова и управителот на Друштвото за вештачење поднеле жалба до кривичниот совет на судот, кој ја потврдил одлуката за нивно казнување. Вештакот и управителот потоа поднеле жалба до Апелацискиот суд во Скопје, кој сè уште не донел одлука. СЈО предложило жалбата да биде одбиена како неоснована.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна изградбата на пристапните улици во новата населба Александрија

Објавено пред

Од

Со финиширање на изградбата на вторите две згради во новата населба Александрија, во општината Ѓорче Петров, паралелно почна да се работи на првите пристапни улици, пешачки патики, партерно уредување со што населбата полека го добива својот предвиден лик.

„Фабрика Карпош“, којашто е инвеститор на првите згради, ќе ги изработи улиците и комплетно целата инфраструктура во населбата. Со самото тоа и првата фаза од оваа населба доаѓа кон својот крај.

Моментално „Фабрика Карпош“ почна со изградба на уште една зграда Атриа, која ќе биде станбен комплекс со хортикултурно внатрешно уредување и која ќе има 80 станбени единици и деловен простор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија11 час

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ11 час

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести15 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион16 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија20 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија21 час

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија21 час

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија23 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија23 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија23 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија24 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија24 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет1 ден

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија2 дена

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Досие