Контакт

Македонија

(Видео) Сопругата на претседателот разговараше со семејства кои дарувале или добиле орган

Објавено пред

На иницијатива на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, вчеравечер се одржа панел-дискусија на тема „Органодарителство – состојба и предизвици“, чија цел е подигнување на јавната свест за дарување  органи и развој на трансплантацијата во нашата држава. Во своето обраќање пред присутните Ѓоргиевска истакна дека во исклучително тешки услови, кога фокусот на македонскиот здравствен систем е насочен во борбата со пандемијата на Ковид-19, во нашата земја годинава за првпат беше изведена трансплатација на срце, a се извршија и десет трансплантации на бубрези.

„Се разбира, предизвиците што доаѓаат со органодарителството и со трансплантацијата се навистина огромни, дури и за системи коишто се далеку посовршени од нашето здравство, но знаењето, подготвеноста, капацитетите и, пред сè, она што е најважно, ентузијазмот на сите оние коишто се вклучени во самиот процес, верувам дека и понатаму ќе резултираат со успех“, рече Ѓоргиевска.

На настанот, на кој присуствуваше претседателот Стево Пендаровски и студенти, членови на Македонската медицинска студентска асоцијација и Здружението на студенти по медицина, меѓу говорниците беше Маре Кежароска, којашто пред две години заедно со својот брат дала согласност да бидат донирани двата бубрега на нивната починатата мајка.

„Тешко е сознанието дека за твојот близок повеќе нема никаква надеж. Одлуката да донираш орган од твој близок, за којшто повеќе нема спас, воопшто не е тешка, затоа што знаете дека со сето тоа вие некому му подарувате шанса за живот“, рече Кежароска.

Васил Огњановски, син на Иван Огњановски, на кого му беше трансплантирано срце во мај, на панел-дискусијата истакна дека свеста за органодарителството треба да биде на повисоко ниво и повеќе да не претставува табу-тема. Како што рече Огњановски, очекува што повеќе луѓе да го следат хуманиот гест на семејството на починатата Емилија Динева.

„Можам да кажам дека семејството Диневи не го чувствувам како семејство кое донирало орган, туку чувствувам како јас да сум роден во тоа семејство. Комуницираме речиси секој ден. Имав можност летото да го поминам кај нив. Тоа беше момент преполн со емоции на тага и на среќа. Немам зборови како да го опишам тоа. Благодарен сум на Господ што ми даде шанса да имам уште еден брат, уште една сестра, а можам да кажам дека и нивниот татко го чувствувам како свој втор татко“, рече Огњановски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, оцени дека трансплантацијата е сфера која секогаш носи предизвици, бидејќи се изведува со мултисекторски и мултидисциплинарен пристап. Министерот Филипче истакна дека е важно да се подигне јавната свест за органодарителството, преку отворен пристап, преку споделување информации, како и со споделување на успешните приказни.

„Трансплантацијата е зрак на надеж не само за пациентите, туку и за семејствата на пациентите, за нивните пријатели, но и за општеството“, рече министерот Филипче.

Според д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација, органодарителството е општо прифатена и успешна метода на лечење, што го продолжува животот, го подобрува неговиот квалитет и е економски исплатлива, бидејќи, како што нагласи, чини многу помалку од сите други методи на одржување во живот на пациентите.

На панел-дискусијата, д-р Сашо Дохчев, шеф на тимот за трансплантација на Клиниката за урологија, посочи на потребата за поддршка од Владата, Министерството за здравство, Фондот за здравство, но и од невладиниот сектор и медиумите за да се нагласи значењето на органодарителството и да се покрене свеста кај луѓето.

Своја презентација на панел-дискусијата имаше и д-р Сашко Јовев, кардиохирург, предводник на тимот којшто ја изврши првата трансплантација на срце во нашата држава, истакнувајќи дека тоа било резултат на неколкугодишна подготовка и стекнатото дотогашно искуство.

Своите искуства пред присутните ги сподели и д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија, којшто беше дел од тимот што ја изврши првата трансплантација на срце, нарекувајќи ја ноќ што испиша историја во македонското здравство и утро коешто, за време на пандемијата, во целата држава внесе надеж.

„Нашата клиника буквално во секој момент е подготвена да направи трансплантација, за што треба сите да бидеме горди, бидејќи тоа покажува дека само со поставена цел и со макотрпна работа можеме да постигнеме многу повеќе од она што се поклонуваме пред Хипократ“, рече Бундовски.

Душко Ѓорѓиев, претседател на Здружението на бубрежноболни граѓани „Нефрон“, апелираше трансплантацијата во државата да се одвива со уште позасилено темпо и на пациентите на дијализа што побрзо да им се овозможи трансплантација на бубрег, бидејќи, како што рече, животот на дијализа е исклучително тежок, сложен и болен.

Данијел Тодоровски, претседател на Националното здружението „Храбро срце“, ја истакна потребата за унапредување на свеста за органодарителството.

„Ако 70 години се дарува крв и сега немаме проблем со крводарителството и со обезбедувањето крв за клиниките, ајде да почнеме да разговараме и за органодарителството, за можноста, за она што ние често пати знаеме да го кажеме – со една трансплантација на срце, ние пациентите од ‘Храбро срце’, што сме со механичка поддршка, можеме да станеме како вас, да живееме нормален живот. Но треба да сфатите дека сите вие во истиот момент можете да бидете на моето место. Тогаш, кога ќе почнеме вака да размислуваме, да разговараме отворено за овие работи, ќе можеме да разговараме и за успешни органодарителски акции“, рече Тодоровски.

Претходно, на тема органодарителство, Елизабета Ѓоргиевска разговараше со претставници на семејства чии блиски донирале и добиле орган, како и со чинители во здравствениот систем од областа на трансплантацијата.

Македонија

Попладне заладување и дожд, на планините се очекува снег

Објавено пред

Наутро понекаде ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде претежно облачно, на истокот со сончеви периоди. Претежно од пладневните часови ќе има повремен дожд кој се прошири од западните кон централните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Преку ноќта снег ќе провејува на повисоките места во северните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.
 
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Од вечерните часови ќе започне да дува северен ветер кој преку ноќта ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.
 
Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро повремен снег ќе има на планините, а понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува студено време, од среда ќе биде облачно со повремени локални врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а ќе дува поинтензивен јужен ветер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Објавено пред

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј носител беше НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Целта на проектот беше да се рекогносцираат локациите за кои постоеја индиции за археолошки локалитети и поединечни наоди, да се дефинираат нивните граници, да се позицинира нивната географска местоположба со помош на GPS уреди, но и да се откријат нови локалитети, со крајна цел нивно запишување во националниот регистар на културното наследство во РС Македонија.

Потребата за проект од овој тип произлезе од интересот на домашни и странски гости за авантуристички туризам, односно преку нуркачки активности да се посетуваат атрактивни локации во водите на Охридското Езеро. Проектот имаше и заштитен карактер, бидејќи со прогласувањето на локалитетите и поединечните наоди за културно наследство, истите ќе бидат заштитени од нелегални посети и активности.

Покрај рекогносцираните делови кај с. Пештани и с. Трпејца, посебно внимание привлекоа наодите на две локации во околината на локалитетот Плоча Миќов град, откриени при слободни нуркачки активности на членови од нуркачкиот центар Амфора од Охрид. Во првиот случај станува збор за три фрагментирани керамички садови за складишна употреба – питоси, лоциранина длабочина од 45, 35 и 5 м под површината на водата, а во вториот случај тоа е наодот на градежна керамика, односно покривни тегули од лаконски тип, откриени на длабочина од 19,5 метри.

Тегулите од лаконски тип биле во употреба во долг временски период низ антиката, но во конкретниов случај станува збор за тегули со потекло од доцната антика, за прв пат откриени во водите од Охридското Езеро. И во двата случаи, оддалеченоста на предметите на 70 – 100 метри од брегот на езерото, укажува на фактот дека истите биле транспортирани по вода со некаков пловен објект, а од засега непознати причини биле истоварени на овие места.
Она рекогносцирање дава првична слика за она што се случува со овие локалитети и наоди, со што се добива појдовна точка во размислувањето за нивната иднина, која секако ќе опфаќа дополнителни археолошки истражувања, со крајна цел надополнувaње на сликата за животот во крајбрежниот појас од Охридското Езеро од праисторијата до денес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Објавено пред

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи“, порача премиерот Зоран заев на Фејсбук.

„Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.Доста беше омраза!“, додава Заев.

Ваквата изјава следи откако претходно медиумите ја пренесоа изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“, изјави Каракачанов. Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион54 минути

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа2 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа2 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт3 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија12 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет13 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија14 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија15 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион15 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа16 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион18 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија19 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт20 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа22 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија23 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет1 ден

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет1 ден

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се опoравиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија1 ден

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Досие