Македонија
(Видео) Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска, дел од проектот „Трешн фешн 2020“

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, беше дел од 4-членото жири, кое ги оценуваше креациите на учениците од 14 средни училишта од Република Северна Македонија, изработени од реупотреба на разни отпадни материјали.
Средношколците изминатиот период собираа материјали, односно стара хартија, пластика, делови од стари компјутери, природни материјали и други предмети што може да се реупотребат. Потоа, од нив изработуваа облека и модни додатоци. Целта на проектот „Трешн фешн“, кој повеќе од 10 години го организира здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, е да се намали отпадот преку негова реупотреба и да се подигне свеста кај учениците, но и кај пошироката јавност, за важноста од здрава животна средина.
„Навистина ме воодушевија креативноста и потенцијалот на средношколците. Но, пред сè, импресионирана сум од исклучително развиената свест на овие млади луѓе за значењето и зачувувањето на животната средина, на природата и реупотребата на отпадот“, истакна Ѓоргиевска.
Досега на овој натпревар учествувале речиси сите средни училишта од земјата и биле изработени повеќе од 400 модели и модни додатоци. Низ процесот на собирање материјали тимовите исто така имаа задача да измерат колку отпад собрале. Годинава биле собрани повеќе од 3.500 килограми отпад. А темата на која се изработуваа делата е „Супер херои за 2020 година“. Годинашната акција беше посветена на сите херојки и херои што беа на првите борбени линии при справување со пандемијата на Ковид-19 и кои постојано беа изложени на ризик.
Победник на годинешниот „Треш фешн“ е тимот од средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци, составен од ученичките Стефанија Ангова, Цветанка Атанасова и Габриела Костевска, под менторство на Весна Ристовска. Второто место им припадна на Марија Станојовска, Александра Мирческа и Антонио Ѓурчиноски, ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп и нивната менторка Марта Макеска. Јована Иванова и Софија Пецева и нивната менторка Маргарета Спасов од СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освоија третото место. Специјалната награда за најголема количина собран отпад ја добија учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, односно Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, под менторство на Катерина Сусунова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-165, Куманово-30, Дебар-9, Штип-4, Прилеп-10, Тетово-14, Струга-11, Велес-25, Битола-10, Охрид-19, Кавадарци-22, Гостивар-11, Гевгелија-8, Струмица-13, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-14, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-3, Виница-2, Делчево-2, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-106, Куманово-22, Дебар-14, Штип-14, Прилеп-28, Тетово-10, Велес-13, Битола-15, Кавадарци-24, Гостивар-6, Гевгелија-8, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-12, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-4, Неготино-11.
Починати се 10 лица – двајца од Скопје (54 и 90), еден од Куманово (73), двајца пациенти од Прилеп (59 и 56), еден од Охрид (72), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76), од Струмица (71), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74) и еден пациент од Кичево (76). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88.389, бројката на оздравени пациенти е 69.476, на починати е 2.682, а бројот на активни случаи изнесува 16.231. Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38.330, активни 9.985
• Куманово 4.981, активни 477
• Дебар 704, активни 134
• Штип 3.421, активни 194
• Прилеп 4.440, активни 305
• Тетово 4.939, активни 706
• Струга 2.126, активни 196
• Велес 2.933, активни 392
• Битола 3.162, активни 366
• Охрид 2.633, активни 443
• Кавадарци 2.372, активни 463
• Гостивар 3.515, активни 444
• Гевгелија 1.242, активни 206 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 214 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.456, активни 453
• Крива Паланка 697, активни 94
• Радовиш 668, активни 77
• Крушево 188, активни 35
• Кочани 1.687, активни 155
• Пробиштип 472, активни 34
• Демир Хисар 240, активни 27
• Македонски Брод 236, активни 16
• Пехчево 173, активни 24
• Берово 557, активни 55
• Валандово 323, активни 31
• Виница 474, активни 58
• Делчево 710, активни 230 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 206, активни 14
• Свети Николе 1.061, активни 71
• Кичево 1.645, активни 190
• Ресен 692, активни 125
• Неготино 1.106, активни 231 (176 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 2.118 теста се преку: ИЈЗ – 531, ЦЈЗ Скопје – 48, „Авицена“ – 263, „Биотек“ – 195, МАНУ – 97, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 120, „Систина“ со PCR-метода – 171, лабораторија „Лаор“ – 103, Судска медицина – 48, ЦЈЗ Битола – 46, Инфективна клиника – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 21, „Ремедика“ – 16, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ (рапид-тест) – 457, УК Пулмологија со алергологија – 2, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 428.006 тестирања на Ковид-19.
Македонија
(Видео) Милошоски: Пописот треба и мора да се реализира, но не ваков каков што сака да го направи СДСМ

На денешната седница на Собранието се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој зборуваше за законот за попис, методологијата за донесувањето на истиот, како и моменталната ситуација со Ковид-19 пандемијата која директно влијае врз одржувањето на пописот.
Во однос на донесувањето на законот за попис, Милошоски вели дека истиот не само што се пробува да се донесе на сила, туку и законот каков и да се донесе, не е исто што и неговото реализирање. Според Милошоски, пописот е операција која што не треба да се спроведе за само да и пројде редот, туку да има значење и граѓаните да ги знаат точните информации во однос на населението во државата.
„ Република Македонија се уште се соочува со пандемијата од Ковид-19 и тоа е огромна причина да се размисли дали во моментот е потребен попис кој ниту ќе биде релевантен, ниту пак ќе придонесе за прецизирање на одредени податоци“ изјави Милошоски, според кој голем број на земји ги одложиле пописите кои требале да се случат кај нив оваа година, само поради лошите и поразителни бројки на починати и заболени од Ковид-19 вирусот.
„ Не е нормално во време кога навистина се бориме со пандемија, да ризикуваме дополнително со животите на граѓаните. Една Германија, Бугарија и уште низа на земји ги одложија пописите кои беа предвидени за оваа година и ги преместија за во 2022 година. Политичарите кај нас доколку размислуваат зрело, треба да ги направат истите чекори и пописот да не биде избрзан и фингиран, а потоа да се чекаат нови 20 години за нов попис”, додаде Милошоски.
Тој потенцираше дека пописот треба и мора да се реализира, но не сега во овој момент и под вакви услови. Со мало пролонгирање на пописот, ќе се избегнат лоши ситуации во однос на пандемијата и ќе се изработи модеп преку кој пописот ќе го добие своето вистинско значење и неговото реализирање ќе придонесе со нови точни статистички податоци за населението вп државата, заврши Милошоски.
Македонија
(Видео) Петровска: Секоја намера за одложување на пописот е деструктивна и злонамерна

Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска денеска од собраниската говорница изрази задоволство што после 19 години ќе се спроведе попис како исклучително важна статистичка операција, нагласувајќи дека тоа не е само обврска туку должност на институциите редовно да ја спроведуваат оваа активност.
„ Одржувањето на пописот е важно од повеќе аспекти, со него се прибираат податоци, кои подоцна ќе бидат користени од страна на државните институции, но и од страна на приватниот сектор и од меѓународните институции кога се прават планови за развој и унапредување на општествено-економските текови во нашата држава“, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
Таа нагласи дека ние доцниме со одржувањето на пописот и затоа секоја теорија или намера за негово одлагање е за деструктивна и лоша намера, која е спротивна на интересите на граѓаните и на државата.
„ Како млад и прогресивен политичар немам намера тоа да го одобрам, ниту да го поддржа“м, рече Петровска, додавајќи дека обезбедувањето на податоците, кои се нужно потребни за рамномерен и правилен економски развој е нешто е од интерес на државата и граѓаните и токму затоа оваа операција ја сметам за патриотски чин.
„ Она што е особено важно за градење на довербата е дека при спроведување на пописот ќе се користат податоци од електронскиот регистар на население, кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со базите на податоци на другите институции. Значи дека е невозможно да се попишат лица, кои не постојат“, нагласи Петровска.
Таа појасни дека во законот е предвидено да се користат базите на податоци на министерството за внатрешни работи, министерството за информатичко општество и администрација, за образование и наука, за труд и социјална политика, агенцијата за вработување, фондот за пензиско и инвалидско осигурување, управата за водење матични книги, управата за катастар на недвижности и на државниот завод за статистика.
„ Токму затоа не се оправдани стравувањата дека пописот нема да даде точни податоци“, рече Петровска додавајќи дека базата на податоци на МВР за гранични проверки, не е наведена, бидејќи во неа согласно законот за гранична контрола и европските стандарди, сите лица и превозни средства кои ја поминуваат нашата државна граница не се евидентираат и ако се користи таа база на податоци нема да ја имаме точната слика.
„ Јас лично немам сомнеж дека пописот ќе биде спроведен по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и според прописите на Евростат, и што е најважно со овој закон е предвидена можност да се попишат сите државјани на нашата држава, за конечно да знаеме колку сме и каде сме. Овој закон не фаворизира ниту една етничка заедница и затоа секој обид за такво претставување го ценам како деструктивно и злонамерно“, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира