Контакт

Македонија

(Видео) Со реконструкцијата на булеварот „8 Септември“ завршува сезоната на реконструкции

Објавено пред

Екипите на Град Скопје во рок од 30 дена ја завршија реконструкцијата на булеварот 8.Септември во општина Карпош, на потегот од булеварот Илинден до улицата Скупи, велат од Град Скопје и најавуваат дека со тоа завршува и градежната офанзива за оваа година во која реконструирани и во изградба се вкупно 21 сообраќајница. На овој булевар е извршена комплетна реконструкција на коловозот, реконструкција на тротоарите, замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри.

„Овој булевар е еден од најискористените во општина Карпош бидејќи преку мостот на Вардар ги поврзува населбите Карпош 2 и 3 со Злокуќани, Бардовци, Визбегово и околните населби. Пред 2 години на овој булевар изградивме велосипедска патека од улицата Варшавска до надвозникот кај „Александар палас“. Годинава ја продолживме оваа велосипедска патека од надвозникот до улицата Скупи и на тој начин го довршивме т.н. Конектор 5 кој ги поврзува трите главни велосипедски рути, на булеварите Илинден, Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, и патеката по кејот на Вардар во вкупна должина од 2 километра. Булеварот ќе добие и нов дрворед“, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Тој упати благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение кое беше неопходно за во исто време да се реконструираат голем број улици.

„Не застануваме тука, продолжуваме со изградбата на булеварот Никола Карев од касарната Илинден до клучката со Момин поток и потоа да влеземе во целосно решавање на сообраќајниот јазол кај клучката со Момин поток што е еден од главните сообраќајни јазли“ рече Шилегов.

Македонија

Градежната офанзива во 2020 година е завршена  

Објавено пред

Во текот на иницијативата на Град Скопје, беа реконструирани 15 сообраќајници низ сите општини во Скопје, додека во процес на изградба се и уште три нови сообраќајници.Дополнително, на градските сообраќајници беше поставен нов асфалт во должина од 40 километри, што за споредба е подеднаква должина колку патот Скопје-Куманово.

 

Паралелно, се пробиваат нови мостови, улици и булевари во вкупна должина од 2.5 километри, со изведба на нови велосипедски патеки на 5 улици, како и нови тротоари со дрвореди и жардињери на уште 5 улици. Значајно е да се нагласи дека целосно е реконструиран источниот влез во градот.Но најважно од сѐ, сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови од 10-30 денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Објавено пред

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој смета дека најголемиот проблем е тврдењето за постоење на македонско малцинство во Бугарија, а Македонците ги смета за преобратени Бугари.

Запрашан дали има излез од актуелната ситуација во која Софија го блокира почетокот на преговорите, Борисов говори за прашањето за македонското малцинство во Бугарија. „За мене беше големо изненадување последната Резолуција на Европскиот парламент за Бугарија во која беше отворена темата за наводно македонско малцинство во Бугарија. Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство, ве молам, да има во Бугарија? Јас не познавам такво.

„За првпат од таа резолуција дознав дека такво нешто постои. А тоа што бугарските социјалисти во Европскиот парламент гласаа за Резолуцијата, покажува дека тие мислат дека такво малцинство живее кај нас. Наместо да имаме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега се наметнува една сосема поинаква дебата. Морам да кажам дека мене ваквиот развој ми предизвикува голема загриженост“, вели Борисов.

Откако новинарот на ФАЦ го потсетува дека никој од македонската влада, ни премиерот Зоран Заев, ниту вицепремиерот Никола Димитров не тврдат дека постои македонско малцинство во Бугарија, Борисов вели: „Можен е компромис. Јас ги вложувам сите сили во тоа. Правиме се што можеме, за нашата билатерална историска комисија да изнајде компромис.Секогаш велев дека иднината е важна. Но, мора да се познава и историјата. Бугарските комунисти и од сталинистичка Москва контролираната комунистичка Интернационала по Втората светска војна сакаа од идеолошки причини Бугарите во Македонија насилно да ги претворат во Македонци. Тамошните Бугари беа принудувани да се нарекуваат Македонци. Доколку во текот на процесот на пристапување кон ЕУ се појават погрешни претстави и јас не реагирам, моите политички противници ќе речат: Борисов ја продава бугарската историја и попушта пред притисокот на европските партнери“, вели Борисов за ФАЦ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Објавено пред

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи. Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени на почетокот од месец ноември.

Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.

Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија2 часа

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија2 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение за билатералните прашања

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет3 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион3 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа4 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа4 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт5 часа

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија14 часа

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет16 часа

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија16 часа

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија17 часа

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Регион18 часа

Ковачев: Мицкоски ја уништува европската иднина на македонските граѓани

Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Ова за БГНЕС го изјави...

Европа19 часа

(Видео) Поплави во Сардинија, има жртви и исчезнати

Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како...

Регион20 часа

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија21 час

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт23 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа1 ден

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија1 ден

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Досие