Контакт

Македонија

(Видео) Со 60 нововработени Министерство за транспорт годинава се сели во барокот од 5,7 милиони евра

Објавено пред

Министерството за транспорт и врски годинава ќе се пресели во старо-новиот објект на плоштадот Филип Втори во Скопје. Доградбата и реконструкцијата на објектот во барок ја чинеа државата 5,7 милиони евра, а градежните работи, место една година, се одолжија на речиси осум години. По неколку промашени рокови за селење, сега од Министерството немаат прецизен рок кога ќе се вратат на старото место.

„За реконструираната и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски во тек е постапка за конечно завршување на работите со сите придружни документации. Изминатиот период активно работиме на тоа во најбрз временски период да се преселиме во реконструираниот и надграден објект и тоа очекуваме да се случи оваа година. Во овој објект ќе бидат сместени и организациските единици од Министерството за транспорт и врски“, изјавија од Министерството за „Макфакс“.

Во обновениот објект Министерството ќе се врати со 60 нововработени. За 40 од нив оглас беше распишан на 28 декември 2018 година и постапката за вработување е во тек.

За преостанатите 20 огласи ќе бидат објавени во текот на 2019 година.

„Во однос на новите вработувања сакаме да појасниме дека тие се во согласност со годишниот план за вработување. Планирани нови вработувања во согласност со планот за вработување во 2019 година има 8, а во однос на испразнети работни места за 2018 година во Министерството има предвидено 12 вработувања“, велат од Министерството за транспорт.

Колку вкупно вработени има во моментот од Министерството за транспорт и врски не одговорија.

Реконструкцијата на објектот и неговата надградба за два ката почна во ноември 2011, но набргу градежните работи запреа. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) предупреди дека треба да се зајакне статиката на објектот поради надградбата за два ката за што беше неопходен нов проект, а со тоа и дополнителни трошоци. Според досегашните објави на Бирото за јавни набавки, обновата на зградата на Министерството за транспорт и врски чини 5,7 милиони евра, со кои се доградени двата ката и обновена е фасадата на целиот објект. Дел од фасадата на Министерството сега се 10 скулптури поставени како украси.

Објектот однадвор личи готов веќе трета година, но вселувањето постојано се одлага. Министерството за транспорт и врски од 2011 е привремено сместено во поранешните простории на Министерството за надворешни работи зад републичкото Собрание.

Македонија

Филипче во посета на гостиварската болница

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со заменик-министерот Асим Муса денеска го посетија Здравствен дом Гостивар и се сретнаа со директорот д-р Сунај Мазлами и вработените, каде беа информирани за активностите кои се во тек, со цел подобрување на условите за третман на пациентите и унапредување на статусот на здравствените работници во оваа јавна здравствена установа.

Здравствениот Дом во Гостивар е една од 34 јавно-здравствени установи во државата за кои во моментов има постапка за преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) за подобрување на условите, односно реновирање на здравствените установи.

„Во последниве две години реализирани се 7 вработувања во овој здравствен дом, што претставува значително кадровско зајакнување, набавени се две возила за службите, како и стоматолошки столови. Во овој период повеќе од 136.948 пациенти побарале услуги од оваа здравствена установа.

Од страна на вработените беа поздравени измените во однос на зголемување на платите на здравствените работници. Во септември 2018 година платите беа зголеми за 5%, како и 5-процентно зголемување на платите на медицински сестри и 10% на докторите специјалисти во јануари 2019 година“, соопшти Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брзата помош, на Јанева ѝ се слошило

Објавено пред

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брза помош бидејќи неофицијално, за време на распитот ѝ се слошило на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Во судот моментално се одлучува дали ќе биде одреден притвор за Јанева на барање на Јавното обвинителство.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е на распит во Кривичниот суд за случајот „Рекет”. Јанева во судот беше внесена со автомобил преку подземната гаража.

Според истрагата, Јанева се стекнала со 298.000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.

Јанева, според обвинителството, имала намера да му ја олесни положбата на Камчев со тоа што под неизменети околности притворот му го заменила со домашен, а Камчев требало да стане заштитен сведок или да му биде понудена спогодба, да му се врати пасошот и тој да плати минимална штета за предметот „Империја”.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари.

Јанева вчера беше повикана во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција каде што даде изјава пред јавен обвинител. Првично таа во обвинителството беше повикана како сведок во случајот.

Во јавноста минатата недела излегоа видеоснимки и аудиоразговори како бизнисменот Орце Камчев им дава пари на Боки 13 и Зоран Кичеец, а во еден од разговорите се слуша и гласот на обвинителката Јанева, која му се обраќа на Камчев со зборовите „не се секирај сè ќе биде ок”.

Прикажи повеќе...

Македонија

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Објавено пред

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на случајот „Рекет“ и дека ќе го докаже тоа. Според него, Јанева била либерална кога требало да одлучи дали осомничени лица во СЈО треба да одат во притвор.

„Катица Јанева е човекот кој гледаше либерално на прашањата за притворот. Таа единствената која дозволуваше куќен притвор, враќање на патни исправи. Погледнете ги одлуките на одделението за организиран криминал, таму немате такви искуства. Но, еве, тоа некој и го зеде за зло. Јас мислам дека Катица Јанева е жртва на случајот и од тие причини ќе го докаже тоа“, рече Павлески.

Бранителот на Јанева потенцираше дека обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ била задоволна од исказот кој Јанева го даде вчера во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

„Одговаравме на сите прашања на јавниот обвинител. Немаше никаков проблем. Таа има граѓанска должност да одговори на прашањата и обвинителот беше многу задоволен“

Запрашан дали вчера Русковска ја прашувала Јанева за мебелот од 5 илјади евра за кој денеска беше запленет, Павлески рече дека не се разговарало за тоа.

„Јас не слушнав дека вчера Катица Јанева беше прашана за мебел од 5 илјади евра. Немаше такво прашање. Вчера Јанева беше во својство на сведок и многу коректно соработуваше. Околу 4 часа одговараше“, додаде Павлески.

Бранителот Стеван Павлески потенцираше дека имаат писмени докази кои биле презентирани пред Русковска поради кои Јанева не треба да биде осомничена во случајот „Рекет“. Тој додаде дека ќе бараат Јанева во придружба на полиција да оди на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, доколку и биде одреден притвор.

„Хумано е да и дозволат да оди на погреб кај мајка и. Дури не треба ниту адвокатите да го бараат тоа. Мислам дека судијата и обвинителот се хумани луѓе. Утре е церемонијата и јас ќе треба да прашам за дејствијата кои ги ставаат на терен“, рече адвокатот на Јанева.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брзата помош, на Јанева ѝ се слошило

Во Кривичниот суд пристигна екипа на брза помош бидејќи неофицијално, за време на распитот ѝ се слошило на специјалната јавна...

Македонија2 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија2 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија4 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија5 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ8 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион9 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет9 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија10 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион10 часа

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија11 час

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech21 час

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија1 ден

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија1 ден

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија1 ден

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија1 ден

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија1 ден

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет1 ден

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет1 ден

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет1 ден

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Досие