Контакт

Македонија

(Видео) Спасовски: Земјоделците од Ранковце добиваат модерен систем за наводнување на површина од над 200 хектари

Објавено пред

На отпочнувањето на работите на системот за наводнување Славишко Поле во општина Ранковце, денеска присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, Трајан Димковски и шефот на делегацијата на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар.

Премиерот Спасовски истакна дека системот за наводнување Славишко Поле е исклучително важен проект за развојот и иднината на општина Ранковце.

„Овој проект е особено значаен затоа што е од непосреден, директен интерес на преку 1500 жители од населените места Псача, Петралица и Гиновци, од кои мнозинството од населението се занимава со земјоделство и сточарство“, подвлече Спасовски.

Тој истакна дека досегашниот застарен систем за наводнување во атарот на Општината Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој, граѓаните на општината ќе добијат модерен систем за наводнување кој ќе обезбедува вода за наводнување за преку 200 хектари.

„Тоа значи дека со изградбата на новиот систем за наводнување, голема површина од обработливо земјиште во општината и околните села, кое во моментов е без вода, конечно ќе биде употребливо и ќе биде ставено на располагање на земјоделците. На овие наши сограѓани ќе им се овозможи да обработуваат 5 пати поголема земјоделска површина со стабилен систем за наводнување, со што ќе се создадат услови за замена на постоечките култури со некои попрофитабилни култури, со поголема додадена вредност“, потенцираше премиерот.

Воедно тој посочи дека дека придобивката од овој нов систем е одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето имаат традиција, на начин што ќе се почувствува за целото општество.

Министерот за земјоделство, Димковски објасни дека системот за наводнување „Славишко Поле“ е финансиран од „Инструментот за претпристапната помош – ИПА“ на Европската унија, во вредност од близу 1,7 милиони евра.

Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар истакна дека со ова се одбележува почеток на нова серија на инвестициски проекти од страна на Европската Унија во сферата на земјоделството, кој што е вреден 6 милиони евра.

Македонија

Димитров на видеоконференција со еврокомесарот Вархеји и колегите од регионот

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, попладнево учествуваше на работен видеоконференциски состанок со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, на кој со колегите министри за европски прашања од регионот разговараа за подготовката на Економскиот и инвестициски план наменет за земјите од Западен Балкан, најавен на Самитот во Загреб во мај оваа година.

Вицепремиерот Димитров истакна дека новиот економско-инвестициски план не е само значаен за побрзо надминување на јазот помеѓу економиите на Западниот Балкан и економиите на земјите членки на ЕУ, туку претставува и значајна алатка за поддршка на процесот на пристапување.

„Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан е исклучителна можност заеднички да се фокусираме на проекти кои директно ќе создадат долгорочен раст, зголемување на бројот на работни места и дигитална, зелена и иновативна трансформација на економиите од Западниот Балкан, која сите земји ќе ги направи привлечни за сериозни инвестиции од Европската Унија. Немаме луксуз да ја испуштиме оваа шанса и Владата на Северна Македонија ќе направи сè за успешно искористување на можноста“, потенцираше Димитров, притоа нагласувајќи дека со овој економско-инвестициски план Унијата ја покажа својата непоколеблива поддршка за земјите од регионот и својата посветеност на меѓународната соработка и координација, во време кога и самата е соочена со голем број предизвици”, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерот Маричиќ на средба со членовите на ДКСК

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата каде се сретна со претседателката и членовите на антикорупциската комисија.

Во фокусот на денешната средба беа препораките на ГРЕКО од Петтиот круг на евалуација, кој е на тема „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“.

На состанокот се дискутираше и за потребата на зајакнување на антикорупциските политики и потребата од евентуална измена на законите во областа како што се Законот за заштита на укажувачи, Изборниот законик, а се дискутираше и околу потребата за носење закон за потекло на имот.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу можностите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата за поефикасна превенција и борба против корупцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре и задутре стабилно време, од недела дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови каде што е можна појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој ќе биде најизразен по должина на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До недела ќе преовладува претежно стабилно време. В недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено покачување. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион57 минути

Захариева: Добрососедството како критериум за членство во ЕУ не го измисли Бугарија

Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, тоа е основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да се...

Свет2 часа

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет4 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија5 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Европа6 часа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран. Доаѓајќи на...

Македонија6 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион6 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет7 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет8 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија8 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ9 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион10 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија11 час

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ11 час

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија13 часа

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија13 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Досие