Контакт

Македонија

(Видео) Спасовски: Развиореното знаме во НАТО е симбол на безбедна и просперитетна иднина

Објавено пред

Како дел од свечената и церемонијална завршница на стапување на нашата земја во полноправно членство во НАТО, денеска истовремено беа подигнати три знамиња на Република Северна Македонија – две во Белгија, во седиштето на НАТО во Брисел и пред Сојузничката команда за операции во Монс, и едно во САД, во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.

Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, преку видеоврска во Скопје ја следеше Владата на седница со која претседаваше техничкиот премиер Оливер Спасовски и кој на крајот на свечената церемонија имаше кусо обраќање.

„Денеска го остваривме најголемиот успех на нашата земја од нејзината независност до денес.
Знамето на Република Северна Македонија денеска гордо се развиори во кругот на знамињата на семејството сојузници на НАТО.Патот беше долг, но наградата што пристигна денеска, со погледот на знамето на нашата земја во седиштето на НАТО во Брисел – ја заслуживме.

Бидете горди почитувани мои сограѓани. Знамето на Република Северна Македонија е симбол на сигурна, безбедна и просперитетна иднина на нашата земја. Навистина, ние денеска водиме една друга битка, битката со короната, но за момент ќе си дозволиме да се израдуваме. Да се запише дека денеска е ден за паметење. Ден историја. Ден кога нашето знаме се развиори заедно и рамноправно со другите од семејството на Северно-атлантската алијанса. Најмоќниот воено-безбедносен сојуз во историјата на човештвото.

Многу бргу по независноста на нашата земја, тргнавме во остварување на оваа наша стратешка цел. Се соочувавме и ги совладувавме сите предизвици. Во последните три години ги направивме клучните реформи и ги донесовме историските одлуки што го помрднаа силно напред нашиот евро-атлантски процес, кој беше сериозно загрозен. Со големите одлуки станавме подобра држава и подобро општество, и наградата стигна заслужено. Бидете уверени дека ќе ја совладаме битката со коронавирусот и ќе го продолжиме нашиот пат на кој си поставивме остварување на другата стратешка цел – успешна завршница на процесот на преговори и членство во Европската Унија.
Ќе продолжиме да работиме на успешно спроведување на процесите за уште подобро општество и за уште подобра државна заедница на сите наши граѓани. Држава која ќе остане искрен и добар сосед со сите земји во нашиот регион. Држава којашто ќе ги зајакне своите капацитети и која ќе биде партнер на сите наши НАТО-сојузници во глобалните предизвици за чување на мирот.
Сојузник од кој ќе може сите останати партнери во НАТО да очекуваат поддршка и сојузник кој секогаш ќе може да смета на сите останати земји членки“, рече тој.

Формалната постапка за полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО официјално се затвори на 27 март по депонирањето на инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон, откако претходно сојузниците во НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување во Северна Македонија во февруари 2019 година, по што сите 29 национални парламенти гласаа за ратификување на членството на нашата земја во алијансата.

Македонија

Заев: Бројките на новозаболените се последица од популизмот на Чулев и Мицкоски

Објавено пред

Бројките на новозаболени лица кои ги бележиме деновиве се директна последица од неработењето, популизмот и партиското профитерство на техничкиот министер Наќе Чулев и неговиот шеф Христијан Мицкоски, пишува првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Со крајно неодговорната, евтина и популистичка изјава дека граѓаните не треба да се казнуваат кога не ги почитуваат мерките и задолженијата, Чулев директно поттикна непочитување и прекршување на рестриктивните мерки и задолженија. Јавноста во бројни наврати беше сведок на масовни прекршувања на забраната за движење, забраната за групирање, непочитување на задолжително носење заштита опрема, а полицијата предводена од Чулев не преземаше ништо. Чулев и Мицкоски немаат никаква почит ниту кон здравствените работници, ниту кон експертите од Комисијата за заразни болести. Наместо да ја поддржат работата на Комисијата, тие бараат нејзино разрешување и со тоа истураат партиски бои врз епидемиологијата и сакаат да ги остават граѓаните на цедило“, пишува Заев.

Претседателот на СДСМ порача дека Чулев мора веднаш да поднесе оставка затоа што свесно го загрозил јавното здравје и свесно поттикнува незаконско постапување.

„Македонската полиција и македонските граѓани треба час поскоро да се ослободат од неодговорното однесување на Наќе Чулев“, смета Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДУИ: Здравјето на прво место, почитувајте ги мерките за заштита

Објавено пред

Сите заедно тежнееме кон што побрзо враќање во нормалност и да ја спасиме и зајакнеме нашата економија, но секое враќање во секојдневната рутина обврзително треба да се проследи со бескомпромисно почитување на мерките за заштита од граѓаните за да се спречи зголемувањето на бројката на заразени, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

„Непочитувањето на мерките и безгрижноста може да создаде непредвидливи долготрајни последици кои ќе му наштетат на целото општество.

Затоа, Централниот Изборен Штаб на ДУИ, во согласност со новите околности и предвидувања за следните недели, ќе реализира интензивни консултации со институциите и експертите и своите проценки и одлуки ќе ги превземе во согласност со препораките на експертите кои не смеат да бидат под политичко влијание, туку треба да се однесуваат одговорно кон јавното здравје.

ДУИ апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, носењето на заштитните маски, физичката дистанца, да одбегнуваат секакво собири и да одржуваат лична хигиена на ниво“ соопшти Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чулев бара Обвинителството да спроведе истрага во Агенцијата за национална безбедност

Објавено пред

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, до Основното јавно обвинителство доставил поднесок со кој бара да се спроведе истрага во Агенцијата за национална безбедност дали е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи.

„Во насока на целосно информирање и запознавање на граѓаните ја информирам јавноста дека денес до Основното јавно обвинителство доставив соодветен поднесок кој се однесува на случајот кој го обелоденивме во текот на вчерашниот ден каде е утврдено кршење на законите, каде што поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (денес Агенција за национална безбедност) се уште ја има задржано посредничката улога во системот за следење на комуникации, односно сеуште не е целосно елиминирана техничката можност од евентуален увид во кривичните истраги кои се спроведуваат од страна на Министерството за внатрешни работи“, напиша Чулев на „Фејсбук“.

Со поднесокот, додава тој, барам од страна на Јавното обвинителство да преземе активности во насока на спроведување на соодветна истрага со цел утврдување на фактичката состојба за постоење на одговорност на раководните лица во надлежните институции.

„Во однос на вчерашните соопштенија од страна на Агенцијата за национална безбедност јавноста треба да знае дека изнесените факти и аргументи воопшто не коресподентираат со мојата тематска прес конференција. Ниту еден елемент од соопштението не се однесува на негирање на изнесените факти од моја страна со кои што аргументирано укажав на кршење на законот за ОТА и Законот за следење на комуникации“, вели Чулев.

Во изјавата на поранешниот министер за внатрешни работи, додава тој, и самиот тој истакнува дека „како што е пропишано во законот, така и треба да се одвиваат сите постапки и сите изјави“ што впрочем значи дека во конкретниот случај истиот Оливер Спасовски во време на неговото раководење со Министерството за внатрешни работи, согласно со законот за ОТА и Законот за следење на комуникации требало да ја отстрани секоја техничка можност за посредничка улога на Агенцијата за национална безбедност, односно да воспостави директна техничка поврзаност на министерството со ОТА.

„Имајќи го предвид горенаведеното уште еднаш го повикувам јавното обвинителство да ги земе во предвид материјалните докази со кои располага министерството за внатрешни работи и да ја расчисти дилемата дали имало кршење на законите од страна на одговорните лица во релевантните институции“, пишува Чулев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Филипче: Да знаевме дека нема да се почитуваат мерките, немаше да дадеме препорака за отворање на кафеаните

По објавата на фотографиите од скопски кафеани, каде што, наместо почитување на препораките, се правеле забави, без одржување дистанца, без...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Мерките не се почитуваат, можен е карантин во некои општини

Новозаболените од коронавирусот се резултат на непочитувањето на мерките, вели министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека има информации...

Македонија2 часа

Загинувањето на планинарите на Кајмакчалан било несреќа, отфрлена кривичната пријава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривична пријава против водичот на планинарската тура, во која пред 2...

Македонија2 часа

Потврдени 52 нови случаја на заразени, починаа 4 лица

Денеска, потврдени се 52 нови случаја на Ковид-19, оздравени се 30 пациенти, а починати се 4 лица, информира Министерството за...

Македонија2 часа

Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

Скопското Обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија,...

Економија3 часа

(Видео) ФИТР објави повик за финансиска помош, фирмите со добивка ќе треба да ги вратат парите

Речиси 150 домашни микро, мали и средни компании имаат можност да добијат поддршка за брзо приспособување на последиците од Ковид-19...

Македонија3 часа

(Видео) Американски и грчки воени авиони летаа над нашата земја

Два авиона на американското воено воздухопловство, придружувани од четири воени авиона на Грција, околу 11 часот извршија прелет над територијата...

Македонија3 часа

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на...

Свет4 часа

Нов Зеланд има само еден активен случај на коронавирус

Седум дена по ред Нов Зеланд не потврди ниту еден нов случај на коронавирус. Здравствените власти соопштија дека во моментот...

Свет5 часа

(Видео) Немири во Минеаполис поради смртта на црнецот, запалена полициската станица, прогласена вонредна состојба

Демонстрантите влегоа во полициската станица во Минеаполис, предизвикаа пожари и уништија сè што им се нјаде на патот во текот...

Регион6 часа

Хрватска го објави протоколот за свадби – најмногу 150 гости, на подиумот да се држи растојание од два метра

Хрватскиот завод за јавно здравје објави детаљни препораки за одржување свадби, кои од неодамна повторно се дозволени во Хрватска. Некои...

Свет6 часа

Кина се закани со напад на Тајван

Кина ќе го нападне Тајван ако нема друг начин да се спречи неговата независност, предупреди еден од главните кинески генерали,...

Европа7 часа

Идејата за имунитет на стадото во Британија не успеа

Речиси седум проценти од луѓето во британската покраина Англија биле инфицирани со коронавирус, покажале резултатите од тестот на антитела на...

Свет7 часа

Итна седница на ОН за спорниот закон за безбедност за Хонгконг што го донесе Кина

САД и Велика Британија побараа седница на Советот за бесбедност на ОН за спорниот закон за безбедност, кој Кина го...

Македонија7 часа

Македонија додадена на листата на земји чии граѓани може да патуваат во Црна Гора

Националното координативно тело на Црна Гора, синоќа, по предлог на Институтот за јавно здравје, одлучи дека од 1 јуни ќе...

Македонија20 часа

Агенцијата за национална безбедност го демантира Чулев: Не располагаме со опрема за следење на комуникации

Агенцијата за национална безбедност не располага ниту со опрема за следење на комуникации, ниту со медијациски уреди за активирање на...

Регион21 час

Црна Гора на чекор до прогласување крај на епидемијата

Во Црна Гора ниту денеска нема нов случај на коронавирус, а црногорските медиуми пишуваат дека ако овој тренд продолжи уште...

Топ23 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија23 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија23 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Досие