Контакт

Крвав четврток

(Видео) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Објавено пред

Оливер Спасовски

Вие знаете дека имаше настани на 24 декември 2012 година и тие настани не беа истражени и за нив немаше никаква судска постапка. Сето тоа придонесе да има настани и на 27 април, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по неговото сведочење во кривичниот суд за упадот во Собранието на 27 април минатата година.

Тој рече дека очекува дека судот ќе донесе исправна одлука. „Очекувам исправна одлука заради доверба во институциите и доверба кај граѓаните дека има некој што ги штити во оваа држава“, рече Спасовски.

Министерот рече дека воопшто не е пријатно чувството во судницата. „Чувството е многу непријатно во еден момент кога се наоѓате во една ситуација како пратеник во највисокиот законодавен дом да гледате како државата дозволи да се рушат институциите на системот и притоа да бидат вмешани структури од политички партии и од МВР. И денеска кога истите тие луѓе ги гледам, а со некои од нив сме поминале повеќе време заедно во Собранието, чувството воопшто не е пријатно. Меѓутоа овој процес мора да заврши заради доброто на Македонија, да има одговорност и повеќе вакви случаи да не се повторат“, рече Спасвоски.

„Сега Иванов ќе прогласи воена состојба и ќе ве затвориме“, му рекол еден од напаѓачите на Оливер Спасовски

Крвав четврток

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

Објавено пред

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа. Една камера има оддалеку, и тоа матна“, на што Крсто Мукоски му одговара со порака со содржина: „Ми кажа човекот, ама не е лошо некако да се слушнеш со мојот колега што вчера беше кај тебе. Тој е отиден на разговор кај еден друг човек што треба да ја потврди целата ситуација и да гарантира дека е така како што кажуваш. Треба да се укаже на сериозноста на целата работа. Пиши ми кога ќе имаш инфо“.

Неколку часа подоцна Мукоски повторно му испраќа порака: „Извини, те малтретирам, има ли нешто ново“, на што Вељаноски одговараа дека не се видел со човекот, но: „Така е“ мислејќи на тоа дека ништо не се гледа од камерите кај вратите во Собранието.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Вељаноски со порака до Тодоров: Народот нека се собере

Објавено пред

Од пораките што денеска се презентираат на рочиштето за 27 април од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, може да се види како Вељаноски упатил порака до Никола Тодоров во 18.41 часот со содржина: „Народот нека се собере“, а веднаш потоа Вељаноски испратил порака до пратеникот Илија Димовски: „Влегува народот“.

За случајот од 27 април обвинети се 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Вељаноски по изборот на Џафери побарал пратениците да му го штитат кабинетот

Објавено пред

Од пораките што денеска се презентираат на рочиштето за 27 април од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, може да се види како вработена во Собранието му го раскажува на Вељаноски пресот на Зоран Заев, во кој вели дека дојден е моментот, односно дека во понеделник, кога ќе дојде американскиот претставник Хојт Брајан Ји, Собранието на РМ треба да има нов претседател.

Вељаноски оваа порака на 27 април во 15.54 часот му ја препраќа на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по што Груевски во 16.04 часот му препраќа на Вељаноски порака од Панче Кралев со содржина: „Добив информација од човек од ДУИ што дојде од состанок со Талат дека денеска попладне се спрема за негов избор за претседател на Собранието по иницјатива на СДС“.

По добивањето на оваа порака од Груевски, Вељановски му испраќа порака на пратеникот Илија Димовски во 16.07 часот да следат и доколку во 17 часот Талат Џафери биде избран за претседател, веднаш 10 пратеници да се качат пред неговиот кабинет за да го бранат кабинетот.

Во 18.32 часот Вељаноски добива порака од Димитар Стевананџија со предолг да почнат да се гасат светлата во Собранието. Во 18.39 часот Вељаноски добива порака од Илија Димовски дека Талат е прогласен за претседател на Собранието по што Вељаноски му повторува да пушти половина од пратениците кај него пред кабинетот, а половина да останат во собраниската сала.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Регион2 часа

(Видео) „Гардијан“: Хрватската полиција ги тепа барателите на азил

Британски „Гардијан“ објави снимка на која тврди дека се прикажани барателите на азил во Хрватска и на која се гледало...

Македонија4 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија4 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија5 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија7 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија7 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија7 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија9 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија9 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија10 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија11 час

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија11 час

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија11 час

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет12 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија13 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија13 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија14 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија1 ден

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија1 ден

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Досие