Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски:ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците

Објавено пред

Отфрлањето на предлог-законот за амнестија за инволвираните во случувањето од 27 април во Собранието е доказ дека власта е за селективна правда и злоупотреба на судството и правната држава како алатка за награда. Предлогот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ беше конструктивен и принципиелен кон намалување на поделеноста во општеството, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, глумењето на власта дека е за правда и за правна држава е смешно гледајќи како во целост го погази Уставот, позитивните закони, домот на демократијата, угледот на пратениците, образот на гласачите, го погази мислењето на Суверенот на државата – граѓаните!

,,Власта сега преку некакви форуми, комисии, координативно тело, за наводно помирување, или за наводна правда, не прави ништо друго освен обид преку замајување на јавноста да истера селективна правда, што во суштина е длабока неправда. Таа неправда ќе значи нов вистински упад и злоупотреба од власта на правниот систем, нешто што многупати до сега е практикувано во оваа власт, во ова судство наречено ‘отворено како пупка’.

Принципиелно, ВМРО–ДПМНЕ поднесе закон за амнестија чијашто основна цел на предлог-законот за амнестија сите инволвирани во случувањата од 27 април, со цел национално помирување и враќање на нормалните текови во државата, да бидат амнестирани. Според предложеното решение, се ослободуваа од кривично гонење, односно би се ослободиле од кривично гонење, би се запреле поведените кривични постапки и целосно би се избришала осудата со ослободување на осудените на казна затвор, како и за осомничени и обвинетите лица во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.

ВМРО-ДПМНЕ е партија со принципи и, како што најави, нема да учествува во фингирана комисија за награда на послушниците. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи законско решение за селективна правда кое би произлегла од еднострани форуми без опозиција”, изјави Стоилковски.

Тој додава дека само целосна правда и правдина за сите вклучени во процесите за 27 април ќе биде прифатлива и за општеството и за ВМРО-ДПМНЕ. Сè друго ќе значи продолжување на газењето и понижувањето на правниот систем и на законодавниот дом, што ќе продолжи да ја заострува и поделеноста во општеството.

Македонија

(Видео) Кузеска: Политиките на СДСМ спасија работни места и компании, следува четврт пакет антикризни мерки

Објавено пред

„Глобалната економско здравствена криза предизвикана од Ковид-19 налага брзи, ефикасни мерки за поддршка на граѓаните, компаниите и спас на работните места. Владата предводена од СДСМ, уште во првите недели од прогласувањето на светската пандемијата, реагираше со суштински мерки за ублажување на негативните последици врз економијата.Стотици илјади работни места се спасени и обезбедена е помош за десетици илјади компании“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани и околу 20.000 компании.Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности, кои се поддржани со над четири милиони евра во месеците април, мај и јуни годинава.

„Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани финансиски средства од 5 милиони евра кои се доделени на 737 компании, со над 6.509 лица и тоа од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници, кои беа први на ударот на кризата.Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, одобрени за 639 домашни компании во кои работат 11.325 лица.Со двете кредитни линии поддржани се над 1.300 домашни компании. Најголем дел од нив се микро претпријатија, кои вработуваат до 10 лица, што значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се суштината на економијата“, вели таа.

Според Кузеска, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички преку мерката “купувам домашно” чија цел е истовремено да го поддржи домашното производство и да ја зајакне куповната моќ на граѓаните.

Од нив 16.5 милиони евра наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош, 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

„Со цел поддршка на најпогодениот сектор туризам и угостителство, Владата предводена од СДСМ, преку мерката “Дома си е дома” додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош.Поддршката за граѓаните и стопанството продолжува. Никој не е сам.Следува четвртиот пакет антикризни мерки чија подготовка е при крај, реализацијата ќе започне во следниот период.Продолжуваме уште повеќе и уште подобро“, додава Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Објавено пред

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека словенечкиот претседател, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу двајцата претседатели, се одржа и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес-конференција.

На неа Пендаровски посочи дека посетата е значајна од повеќе аспекти, особено зошто словенечкиот претседател е прв државник кој ја посетува земјава во време на пандемија, со што, како што оцени македонскиот претседател, се докажува стратешкото пријателство и традиционалната блискост меѓу двете држави.

„Словенија е наша сојузничка во НАТО, а помошта во спроведувањето на реформите во одбраната, како и соработката меѓу нашите две армии беше и е од исклучително значење. Во делот на економијата, Словенија е наш значаен трговски партнер и инвеститор со години. И покрај намалената трговска размена оваа година поради здравствената криза, трговијата се одликува со стабилен раст. Наша задача е да го зголемиме нашиот извоз во Словенија и да го надоместиме трговскиот дефицит“, нагласи Пендаровски.

Тој рече и дека земјава добива словенечка поддршка во справувањето со коронавирусот, а напомена дека подолг временски период словенечките полицајци работат заедно со нашите полициски службеници на јужната граница, во справување со повеќегодишната мигрантска и бегалска криза.

„Имаме позитивно минато како дел од поранешната држава, споделуваме заедничка сегашност како сојузници во НАТО, а јас сум длабоко уверен дека ќе имаме и заедничка иднина како дел од Европската Унија. Словенија безрезервно ја поддржа одлуката на Европскиот совет во март оваа година за почеток на преговорите за нашето членство во ЕУ, а сега нè поддржува во намерата да ја одржиме првата меѓувладина конференција до крајот на годинава“, посочи македонскиот претседател.

Рече и дека билатералните релации ги збогатуваат и нашите научници и уметници кои ги изучуваат и предаваат јазиците и остваруваат интензивна културна размена, а ги спомена и граѓаните кои тука и таму го градат своето образование, својата кариера, создаваат семејства и на тој начин формираат нераскинливи врски меѓу двете општества и култури.

На крајот, Пендаровски изрази надеж дека успешната соработка меѓу двете држави ќе продолжи, а македонско-словенечкото пријателство ќе станува се поцврсто.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тимоние на последна средба со Заев: За државата е важно да има конструктивност од сите политички субјекти

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој го завршува својот мандат во земјава.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев на средбата изразил благодарност до амбасадорот Тимоние, за неговата посветена и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата држава.

„Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со кои државата оди напред. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и ја очекуваме меѓувладината седница за отпочнување на преговорите, ја зацврстивме меѓуетничката кохезија дома, ги развиваме и понатаму добрососедските односи, што го покажа посетата на Атина каде што зборувавме за економија и соработка на бизнисите. Сега сме силно посветени на борбата со криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома“, посочил премиерот.

На средбата била изразена и заедничка согласност дека конструктивноста од страна на сите политички субјекти е важен фактор во развојот на државата.

Разговарано било и за можностите за развој на билатералната соработка, посебно во економијата, здравството, зелената енергија, дигитализацијата и било констатирано дека има услови за интензивирање на соработката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија37 минути

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет53 минути

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија1 час

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија2 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион2 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет3 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет3 часа

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет3 часа

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија3 часа

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион3 часа

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет18 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ19 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа20 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија21 час

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија22 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет22 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија23 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија24 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија1 ден

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Досие