Македонија
(Видео) Стоилковски: Алаѓозовски се обиде со манипулација нивелирањето на платите да го претстави како покачување

Под мотото „Колективен сега“, јасно и гласно, културните работници го изразија своето незадоволство поради неисполнетите, лажните ветувања на оваа влада. Го изразија својот револт поради погубните политики на СДСМ и во оваа област. На само 18 часа пред протестот националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски од партиската говорница, деградирајќи го својот коалиционен партнер кој подолго време го води ресорот култура, се обиде на перфиден начин да ги замолчи културните работници, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Се обиде да ја намали масовноста на овој протест кој потврди дека културните работници знаат што сакаат и нема да дозволат некој да манипулира со нив. Се обиде со манипулација нивелирањето на платите да го претстави како покачување на платите.
Нивелирањето не ги решава проблемите со платите во културата, тоа е само порамнување и тоа во рамките на една дејност. Тоа е само шминка да се покрие отсуството на искрени заложби да се реши ова прашање и да се избегне потпишувањето на колективниот договор.
Исто така, Алаѓозовски изјави дека СДСМ подготвила нацрт на колективниот договор, што јасно укажува дека погрешните политики се коваат во партиските штабови, а не во релевантните институции.
Господине Алаѓозовски, партија не изготвува колективен, туку Министерството за култура заедно со релевантните синдикати и тој предлог за колективен договор за којшто зборувате вие е дело е на Синдикатот за култура, а не на СДСМ.
Културните работници бараат да се потпише колективниот договор кој апсолутно не зависи од новиот т.н. закон за остварување на јавниот интерес во културата, кој исто така е одраз на отсуство на вистинска визија за развој на културата во Република Македонија.
Реакцијата на Министерството за култура дека не може колективен договор без нов закон е само замка за да се донесе овој закон на шверцерски начин, на кој на мала врата и без соодветна стручна и јавна дебата се врши преформулирање на националниот и државен интерес во јавен интерес. Тој е полн со катастрофални решенија кои не носат никакво развојно поместување во културата.
Затоа, почитувани господа од власта, доста изговори и фатете се за работа! Дајте го јавно колективниот на увид! Не решавајте ја судбината на културните работници по партиски штабови. Но, ако вие немате доволно ресурси и капацитет, ние го нудиме својот конструктивен придонес во донесувањето на овие особено значајни стратешки документи за вработените и воопшто за состојбите во културата во Република Македонија“, порача Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да го примениме моделот на една изборна единица, вели премиерот Зоран Заев по блокадата на измените на Изборниот законик од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.
Според Заев, самиот модел ја максимизира ефикасноста на изборите и им дава можности на помалку бројните партии да добијат мандати, нешто кое, како што вели премиерот, е многу значајно бидејќи сме мултиетничка држава.
Раководството на СДСМ го усогласи ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори во април следната година, место сегашните шест. И покрај очекувањето на СДСМ да нема амандмани и блокади, за предложените измени на Изборниот законик, Собранието добило неколку илјади амандмани од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Опозицијата доставила над 1.300 амандмани, а ДУИ – пет илјади. И од двете партии велат дека не можат да дозволат да се направат измени во Изборниот законик без консултација со најголемите партии.
Македонија
Средба на Заев со Анди Исмаили: Твојот успех е чест за државата, испраќаш порака младите да бидат упорни

Премиерот Зоран Заев имаше средба со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца.
„Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата држава, да те гледаме на пиедесталот и да се интонира нашата химна“, рече Заев на средбата со 11-годишниот шампион.
Анди победи на првенството во Полска во конкуренција од над 30 земји. Тој ќе се натпреварува и на Европското првенство во модерен џез и класичен балет, кое идната година во јуни ќе се одржува во Скопје.
Македонија
Општина Карпош ќе додели еднократна финансиска помош на лицата со попреченост

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Карпош со одлука на Советот на локалната самоуправа ќе додели околу 500.000 денари еднократна финансиска помош за своите сограѓани, кои спаѓаат во оваа категорија на лица.
Членовите на Советот, исто така, на денешната седница одобрија 100.000 денари финансиски средства за набавка на еколошки и дидактички материјали и играчки за децата од предучилишните установи, додека на Пливачкиот клуб „ АКВА ПРО АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски“ за организација на новогодишен пливачки натпревар „ Аква Про- Дедо Мраз“ ќе бидат доделени 100.000 денари парична поддршка.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми