Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Во петокот Собранието беше под полициска опсада, никој не знае дали имало закани и од кого

Објавено пред

Во Македонија се згазени правото, Уставот, законите, згазена е демократијата, а во петокот се случи брутален упад во севкупниот демократски и уставен систем, обвинува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Во петокот Собранието беше под полициска опсада, а специјалците под команда на Оливер Спасовски помагаа да се заокружи целосната слика на еден ненароден режим. Никој не знае ниту зошто биле таму поставени, ниту дали имало какви било закани за нарушување на безбедносната состојба, ниту од кого биле тие закани. Јавниот обвинител молчи и останува горчливиот впечаток дека полицијата и институциите беа злоупотребени заради заплашување“, изјави Стоилковски.

Тој потсетува дека исто така јавниот обвинител не реагирал ниту на досега поднесените кривични пријави против Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери и против сите пратеници што гласаа за Законот за ратификација на договорот со Грција заради велепредавство, загрозување на независноста, здружување заради непријателска дејност и злоупотреба на службената положба бидејќи, како што посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот чин на договарање и носењето на законот е спротивно на Уставот.

Стоилковски додава дека е поднесена и кривична пријава за поткуп за избори, за што нема реакција, поднесена е и кривична пријава против повеќе од 200 лица за злоупотреба на службената положба и за изборна измама, па пак ништо, вели тој.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Котевски: Ќе си поднесам оставка, зборот на премиерот е последен

Објавено пред

Директорот на истражниот затвор Шутка, Ѓоко Котевски ќе го послуша премиерот кој од него побара оставка по вчерашниот инцидент во кој беа нападнати ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски. Оставката најави дека ќе ја поднесе во понеделник до кога очекува да заврши и внатрешната истрага за одгворноста на лицата вработени во затворот.

„ Зборот на премиерот е последен збор. Ако е прв меѓу еднаквите, треба да се почитува неговиот збор. Јас дополнително ќе разговарам со премеирот бидејќи би сакал ако може да имам простор да ја завршам истрагата и со комплетен извештај да истапам и пред Управата за извршување санкции, пред Министерството за правда и министерката Рената Дескоска и пред премиерот. Ќе ја почитувам одлуката во однос на побараната оставка. Барам само да ја завршам истрагата“, изјави за „Макфакс“ директорот Котевски.

Тој тврди дека со внатрешната истрага утврдиле нови детали кои ќе ги соопшти откако ќе заврши истрагата. Смета дека се работи за монтиран случај.

Ексминистрите Јанакиески и Ристовски се под постојан надзор, а сместени се во хашкиот оддел во затворот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вељаноски за 27 април: Ни на крај памет не ми паднало дека може до таков настан да дојде

Објавено пред

На 27 април, пратив порака до тогашниот премиер Никола Груевски, но не знам што посебно сум кажал во таа порака што веќе Заев не го кажа на пресот и нешто што не го знаеше јавноста, изјави претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски читајќи ги точките од обвинението.

Тој рече дека од обвинителство го товари за 4 дејствија кои ги преземал на 27 април.

„Мојот телефон бееше вештачен во ноември, а во јануари дадов исказ и ми го вратија телефонот. По година дена покренуваат обвиненеие против мене, а за 33 лица покренаа три месеци откако ми го земаа телефонот. Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како терорист да сум. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара.  Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Тој додаде сакал да си замине и порано, но на подобар, а не на ваков начин.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.  Според Деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Емотивни говори и обвинувања на расправата за имунитетот на Вељаноски

Објавено пред

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Груевски ве пушти низ вода сите, рече пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, по обраќањето на Вељаноски на седницата на која се расправа за имнуинтетот на поранешниот претседател на Собранието.

„Ние немаме право да цениме обвинителен акт, тоа е право на судот, но ВМРО-ДПМНЕ така владееше десет години“, рече Мисовски.

Тој додаде дека целиот напад на 27 април 2017 година бил органзиран во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, додека раскажуваше за настаните од крвавиот четврток.

Претходно пред Комисијата се обрати и Вељаноски кој побара одговори зошто обвинението против него е покренато една година откако му бил одземен телефонот, а на 33 лица по само три месеци.

„Од кои причини дури сега покренуваат обвинение како терорист да сум. Пред да одлучите за имунитетот да имате претстава зошто се бара.  Јас бев 10 години претседател на Собранието, ни на крај памет не ми било да правам дејствија спотивни на законот, посебно за колеги пратеници“, рече Вељаноски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со барања Богоевски да го прекине Мисовски бидејќи зборува процедурално.

Пратеникот на НСДП во меѓувреме го потсети Вељаноски не само на 27 април туку и на црниот понеделник кога од Собранието беа исфрлени пратеници и новинари.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница го разгледува барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.  Според Деловникот, кога претседателот на Собранието ќе го достави барањето до Комисијата, таа треба да одржи седница на која ќе го разгледа барањето и да го достави извештајот до собранискиот спикер. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието, најдоцна во рок од три дена, треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со мнозинство од вкупниот број пратеници. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, вчера попладне беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Котевски: Ќе си поднесам оставка, зборот на премиерот е последен

Директорот на истражниот затвор Шутка, Ѓоко Котевски ќе го послуша премиерот кој од него побара оставка по вчерашниот инцидент во...

Македонија12 минути

Емотивни говори и обвинувања на расправата за имунитетот на Вељаноски

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и...

Македонија29 минути

Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото...

Македонија48 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија48 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 час

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија3 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија3 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија13 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија15 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија16 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија19 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Досие