Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Компанија блиска до Анѓушев добила тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството на Шекеринска

Објавено пред

Уште неоладено столчето на ексвицепремиерот Кочо Анѓушев, компанија блиска до него заработува тендер од 1 милион и 600 илјади евра од министерството водено од Радмила Шекеринска, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ‘Енерџи деливери солушнс’, односно ЕДС, кое е во врска со Кочо Анѓушев. Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена.

Симптоматично е како и зоштоспроти официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев.

Ова не е првпат компанија блиска до Анѓушев да добива владини договори со потпис на Шекеринска. Шекеринска се споменува и при договорот за државно земјиште за хидроцентрала со компанијата Тополки, каде Анѓушев и неговиот брат беа во сопственичка раководна структура. Анѓушев тогаш „се изземал“ при носењето на одлуката.

Ваквите бомбона-бизниси мора и треба да бидат преиспитани. Бараме институциите задолжени за справување со судир на интереси и спречување на корупцијата да се одважат и започнат постапка по допрен глас“, истакна Стоилковски.

Македонија

МЗШВ: Се оградуваваме од постапките на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски

Објавено пред

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот – заменик министер од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се оградува од постапките на истиот.

„Овие постапки не се пракса на функционирањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме. Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е институција која во изминатиот период работеше на професионализација на својата администрација и хармонизација на односите помеѓу вработените, се со цел создавање на поволна клима за професионален однос, меѓусебна соработка на сите вработени а со тоа и давање на квалитетни услуги за земјоделците и целиот агро – сектор. Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, се вели во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев се сретна со европратеникот Шидер: Започнувањето преговори со ЕУ ќе значи дополнителен мотив за реформите

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски и претседателот на Комисијата за надворешни работи на СДСМ, Едмонд Адеми се сретна со Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.

На средбата, претседателот Заев се осврна на актуелната состојба во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.

„Со внимание ги следиме пораките од официјалните претставници на ЕУ, пред три ден имавме позитивна средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји кои упати позитивни пораки околу процесот на проширување на ЕУ. И покрај историската грешка на ЕУ, не губиме надеж. Веруваме дека во наредниот период преку отпочнување на преговорите, ќе се оствари клучниот чекор кон реализација на нашата стратешка цел – членство во ЕУ.Започнувањето на преговори со ЕУ освен што ќе значи исправање на историската грешка, ќе биде и дополнителен мотив, уште позасилено да продолжиме со реформите“, истакна Заев.

Осврнувајќи се на процесот на изборите и функционирањето на предоната влада, претседателот Заев посочи дека институциите и преодната Влада се подготвени да спроведат чисти, фер и демократски избори, а СДСМ е подготвен за избори.

„Преодната Владата согласно пржинскиот модел функционира добро и е ставена во функција на организирање на фер и слободни избори. СДСМ е подготвена за избори. Течат финалните подготовки за Програмата, се креираат решенија во интерес на граѓаните. На овие избори СДСМ ќе покаже дека суштински е за целосна родова рамноправност, на парламентарните избори ќе сведочиме на 50 отсто застапеност на жените на листите за пратеници“, заклучи претседателот Заев.

Од страна на европратеникот Шидер беше поздравен напредокот што земјава го направи во последните две и пол години и одново беше реафирмирана поддршката што Европскиот парламент, а особено групата на Социјалисти и демократи ја даваат на Република Северна Македонија во процесот на евроинтеграција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски: Го осудуваме секој обид за злоупотреба и мобинг врз јавната администрација

Објавено пред

Владата и Министерството за информатичко општество и администрација, изминатите две и пол години посветено работат на тоа злоупотребите, партизацијата и мобингот врз јавната администрација да бидат дел од минатото. Дополнителните министри и заменици министри од опозицијата, во изминатите две недели, во континуитет се обидуваат нивниот начин за заплашување и ставање на администрацијата во партиски цели, повторно да го направат реалност.Упад во подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство од страна на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, го осудуваме и повикуваме притисокот врз јавната администрација да остане во минатото. Во таа насока, повторно ќе биде објавена алатката за пријавување на притисок на работно место, се вели во соопштението на Министерството за информатичко општество и администрација, како рекација на упадот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски.

„Со реформата и професионализацијата на јавната администрација, конечно вработените имаат простор да ги извршуваат работните задачи, да бидат сервис на граѓаните и со тоа да придонесат кон зголемување на ефикасноста на јавната администрација.

Наша цврста определба е изборите на 12 април да бидат слободни, фер и демократски. Основен предуслов за тоа е граѓаните да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и заплачување.
Од тоа немаме намера да отстапиме, ниту пак ќе дозволиме некој одвнатре или однадвор да ја загрози неприкосновената волја на граѓаните. Ги повикуваме техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од матрицата во која се заглавени и конечно да почнат да работат во служба на сите граѓаните. Нивна улога е да придонесат кон спроведување на фер и демократски избори и ги повикуваме да работат во согласност со нивните надлежности“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија18 минути

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет1 час

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура2 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија3 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија4 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет4 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт4 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет4 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет18 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа20 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија21 час

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа23 часа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Свет1 ден

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук, денеска поднесе оставка, јавува „Ројтерс“. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштуваат дека...

Регион1 ден

Лајчак: Следните месеци клучни за односите помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак изјави дека следните месеци ќе бидат клучни за односите помеѓу Европска Унија и земјите...

Досие