Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Обвинителствота да испита како Филипче со државна плата стигна до имот од 15.500 м2, „Шпанско село 2“, на Водно

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, денеска, до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство поднесе индиции за сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот за „Шпанско село 2“, што според нас е во режија на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовевски и другите обвинители како во Републичкото и Основното јавно обвинителство така и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Сметаме дека постојат сериозни индиции што одат до откривање сериозен криминал и корупција, кршење на Законот за јавните набавки и сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или, пак, хибридниот режим ќе упати порака – „многу си ги одбрал друже“.

Очекуваме реакција од страна на Јавното обвинителство.

Македонија

Започнуваат со работа мобилните екипи, пасоши ќе се издаваат и во конзулатите

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес на посебна средба со вработените дипломати и конзуларни референти кои се членови на мобилните екипи за патни исправи, за лично да им ги врачи решенијата со кои тие итно се упатуваат во Државно конзуларните претставништва. Нивната мисија ќе биде реализацијата на акциониот план за 2020 година, кој делумно беше пасивизиран поради појавата на светската пандемија.

„Нашите државјани во странство се наоѓаа во тешка ситуација подолго време поради недостиг на легални документи, ваша задача е да вложите и дополнителен напор со цел за време на вашите посети на Конзуларните претставништва да дојдете и до последниот граѓанин кој има потреба од нашите конзуларни услуги“, посочи Османи на средбата.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи со напорите за да се усогласи со наложените мерки и услови од страна на државите што се потребни за непречено и ефикасно функционирање на мобилните екипи, кои почнувајќи од 2-ри октомври до 9-ти ноември оваа година започнуваат со реализација на акциониот план. Екипите почнуваат со посета на Загреб, Виена и Минхен, а потоа, според распоредот се упатуваат и во останатите центри каде постои потреба. Во однос на точниот редослед на услуги од мобилните екипи, сите граѓани кои аплицирале за издавање на патна исправа ќе бидат известени од страна на нашите ДКП-а.

За начинот на реализацијата и термините за тековната година, како и државите во кои е предвидено истото, македонските државјани повеќе информации можат да добијат на страната на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Од денеска се реконструира улицата 11 Октомври кај старата Градска болница

Објавено пред

Се реконструира улицата 11-ти Октомври на потегот од крстосница со булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата  Стив Наумов. Надлежните очекуваат за 30 дена да биде реконструирана, а ќе биде обновено и булеварското зеленило.

„Денеска ја започнавме реконструкцијата на улицата, ќе работиме најинтензивно и јас очекувам овој потег што го работиме денеска до сабота да биде готов, во недела ќе направиме кратка пауза заради одвивање на Скопскиот маратон, а во недела попладне продолжуваме да работиме и моите очекувања се дека до крајот на следната недела, односно за помалку од 10 дена да ја завршиме реконструкцијата. Предвидена е целосна реконструкција на коловозот, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег“, рече Шилегов.

Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници.

Вредноста на проектот изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена.

Минатата година во овој дел од градот се реконструираше бул. Кочо Рацин и ул. Павел Шатев кои се вкрстуваат со ул. 11-ти Октомври. Во делот на велосипедскиот сообраќај на овој булевар минатата година беа реконструирани и велосипедските патеки од Рампа до бул. Кочо Рацин на кој за прв пат беа поставени велосипедски ленти стеснувајќи го коловозот заради смирување на автомобилскиот сообраќај.

Дел од улиците кои започна да ги реконструира Градот  во текот на оваа градежна сезона веќе влегуваат во фаза на поставување на хоризонтална патна сигнализација и набргу ќе бидат пуштени во употреба.

Градоначалникот Шилегов упати и апел до граѓаните да бидат трпеливи додека траат градежните работи и да ја почитуваат поставената сигнализација.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: „Не“ за депонија на хаварисани возила во Драчево

Објавено пред

„Денеска на Советот на Град Скопје се направи мал чекор за советниците во Град Скопје но голем бенефит за граѓаните на Драчево и Батинци. Денес требаше да се донесе одлука за депонија на хаварисани возила во Драчево, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се спротивстави на таа одлука, се вели во соопштението.

„Денес на Советот на Град Скопје преовлада ум, разум, слух за потребите на граѓаните. Денес дел од советниците на Град Скопје рекоа „не“ на лошите политики на СДСМ. По два часа дискусија дали е потребно депонија на напуштени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила да биде КП 1717КО Драчево 2 и КП 1718 КО Драчево 2 во општина Кисела Вода, Одлуката не доби мнозинство и не се усвои.Дел од советниците на Град Скопје решија дека граѓаните заслужуваат здрава животна средина. Време е да се стави крај на лоши политики на СДСМ кои го загрозуваат здравјето на граѓаните“, соопшти Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија2 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија3 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион4 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ4 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет4 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија5 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија6 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет7 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет7 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет21 час

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија22 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија22 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија22 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Македонија1 ден

(Видео) Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и за извршителите во „Насилство во Центар“

Судот изрече казна затвор од 1 година и 6 месеци за Никола Груевски, а за Миле Јанакиески условна казна од...

Досие