Контакт

Македонија

(Видео) Стоилковски: Филипче стекнал илјадници квадратни метри имот на Водно за багателна цена

Објавено пред

Документите што јавно се достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна клиника и приватна фирма, која инкасира речиси 8 милиони евра од Министерството, заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира, рече на денешната прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Филипче призна дека семејството на неговата сопруга заедно со директорот на една клиника и нивниот бизнис-партнер поседуваат над 15.000 квадратни метри на Водно. Во Шпанско село не само што во моментот се градат две касарни туку уште 3 такви се предвидени за градба“, посочи Стоилковски.

Тој денеска презентира нови докази, од кои, како што рече, се гледа можноста со купопродажните договори да биле измамени продавачите, а оштетени се и буџетите на Град Скопје и на Општина Карпош.

„Видно од сите купопродажни договори е дека инвеститорите купуваат ниви за цена од 10 до 25 евра за квадратен метар иако за селото Нерези уште во 2014 година е донесен општ акт за село и во согласност со член 12 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање – ‘катастарската парцела претставува градежна парцела’, па оттаму уште од 2014 година ова земјиште е градежно земјиште“, објасни Стоилковски.

Тој додаде дека имајќи ја предвид купопродажната цена од договорите за купување на имотите, на плацовите дел од Шпанско село 2 се отвора сомнеж дали постои измама, пред сè, на продавачите на парцелите, кои потоа партнерски се купуваат, но и на даночното одделение на Град Скопје, каде што се пријавува имот како ниви иако знаеле за урбанистичкиот план.

„Можно ли е земјиште да е купено и да е платен данок за цена од 10 до 25 евра за квадратен метар додека пазарната вредност достигнува 115 евра за квадратен метар? За колку пари во согласност со тоа се оштетени поранешните сопственици на овие парцели? За колку пари се оштетен буџетите на Град Скопје и на Општина Карпош по основ на данок на промет на недвижности и ќе соноси ли некој одговорност за тоа“, запраша партискиот портпарол.

Македонија

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Објавено пред

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на наставата во државата и во време на вонредни околности, каков што е случајот со пандемијата со Ковид-19.

Измените на двата закона предвидуваат наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство.

Предвидена е и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100, бидејќи со законските измени се прават исклучоци во однос на започнувањето и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности, па учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.

Од Министерството за образование и наука велат дека со законските измени, за прв пат во државата, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во повеќе случаи: во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди.

Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.

Законските измени беа подготвени врз основа на студии од меѓународни организации како што се Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), Меѓународната фондација на Црвениот крст (ИФЦР) и истражувањата поврзани со КОВИД-19.

Направените студиите, врз основа на статистичките податоци, ја потенцираат важноста на локалната епидемиологија при одлучувањето за настава со физичко присуство, но исто така и одговорното и совесното применување на мерките за превенција од КОВИД-19 во училиштата.
За успешно стартување на учебната година Владата веќе ги усвои Протоколите и Планот според кои во тек се подготовките во основните и средните училишта за почеток на наставата од први октомври годинава.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

Објавено пред

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку едукативни предавања.

На настанот којшто е дел од иницијативата на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствуваше Министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и специјализанти.

На тема “Алцхајмерова болест-тивка епидемија на 21 век“ свое предавање имаше асист. д-р Габриела Новотни, од Медицинскиот Факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“, која за Алцхајмеровата болест рече дека полека , но сигурно станува тивка епидемија на 21.век. Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во идна национална стратегија за превенција на деменцијата.

За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот на Стоматолошкиот факултет при Универзитет “Св. Кирил и Методиј“. „Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест“, истакна проф. д-р Митиќ.

Оваа иницијатива која започна во февруари годинава, со предавањето на министерот за здравство, Венко Филипче, од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб продолжи минатиот месец во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија со стручното предавање на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo“.

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи истите се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи. Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Објавено пред

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти.

Меѓу починатите вчера имаше и 23-годишник од Свети Николе.

Вкупната бројка на заразени изнесува 16.780 луѓе, од кои во моментов активни се 2.131 случаи.

Според последните податоци на Министерството за здравство, досега оздравеле 13.949 пациенти.

Деновиве е забележан пораст на бројот на заразени од вкупниот број на направени тестови. По тој повод министерот за здравство, Венко Филипче, викендов информираше дека се прават анализи кои ќе ги утврдат причините за порастот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека овие бројки се погубни и се едни од највисоките во регионот и Европа ако се земе предвид бројот на жители. Тие бараат оставка од министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија26 минути

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 час

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите Нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 час

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија3 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија12 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија18 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет18 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија18 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија19 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија20 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија21 час

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија22 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа24 часа

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија24 часа

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија24 часа

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет1 ден

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Македонија1 ден

Денеска ќе се одлучува дали ќе има дневен престој во училиштата

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе расправа за воведување целодневен престој во училиштата. Директорот на Здравствен дом Скопје,...

Свет2 дена

САД постигнаа нов рекорд со повеќе од еден милион тестови дневно

САД поставија нов рекорд со повеќе од милион тестови за коронавирус за еден ден, но експертите велат дека им требаат...

Досие