Македонија
(Видео) Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на ДДВ за парното
„Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните. Тие ветија поевтино парно и не го исполнија тоа, па кога беше откриена оваа измама, пуштајќи го во собраниска процедура законот за измена на ДДВ, каде што не се предвидува намалување на ДДВ за парното, нешто што го ветуваа претходно, панично побрзаа на полушверцерски начин, под притисок на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста, да поднесат амандман со кој се предвидува намалување на ДДВ за парно услугите“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, беше потребна бурна реакција од јавноста и ВМРО-ДПМНЕ за власта во 5 до 12 да поднесе амандман за намалување на данокот за парното.
„Зоран Заев ги лажеше граѓаните пред вториот круг од изборите дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори. Сега, дваесетина дена по лажењето, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот, тие истрчаа да го направат тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста. Оваа влада покажува дека е неспособна и измамничка. Дека не ја интересираат граѓаните, туку личните кариери на поединците од власта“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
