Контакт

Македонија

(Видео) Стојаноска: Ден Дончев незаконски стекнал 130.000 долари

Објавено пред

Ден Дончев незаконски стекнал 130.000 долари, изјави на прес-конференција, Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалната афера т.н. Муртиногејт на Дончев има свое ново продолжение – Муртиногејт 2. Дончев, не само што незаконски стекнал 50.000 евра во 2018 година, тој исто така на незаконски начин стекнал и дополнителни 80.000 австралиски долари во 2019 година, но овој пат и без никакво формално покритие. Дончев во 2019 година зел пари од ‘Ремаркет’ иако договорот за консултантски услуги, кој му беше формално покритие, му завршил во 2018 година. Врз кој основа му биле исплатени 50.000 евра, а кои не смеел да ги земе? Дончев во 2019 година стекнал 80.000 австралиски долари, кои му биле префрлени од истата фирма, од која на незаконски начин зел 50.000 евра во 2018 година. Тоа е спротивно на чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интересите и од функција на директор на ФЗОМ остварил приход и стекнал пари кои немал право воопшто да ги земе“, рече Стојаноска.

Таа додаде дека нелегално стекнатите приходи, кои му биле префрлени на лична сметка, Дончев не ги ни пријавил во својот анкетен лист како функционер, во кој е должен да ги нотира сите приходи што ги остварил во текот на времето додека врши јавна функција, исто како што не ги пријавил и претходните 50.000 евра.

„Иако Дончев наплаќал огромни суми од домашни и странски фирми, спротивно на законот, Управата за финансиско разузнавање, УЈП и ЈО две години молчат и го оставиле Дончев да оперира во системот. Иако австралиската единица за финансиско разузнавање ги известила македонските колеги, кои потоа го информирале Обвинителството дека на средината од 2019 година австралиски ‘Мегантик’ му исплатил 80.000 австралиски долари на Дончев на сметка на Тутунска банка. Конкретно, исплатата била извршена на 26 јуни минатата година, а институциите под контрола на Заев не реагирале. ЈО на Вилма Русковска и институциите под контрола на Зоран Заев лично го штитат Ден Дончев и му помагаат да помине неказнет за неколкуте милионски криминални шеми во кои е вплеткан: ‘Рекет 2’, т.н. муртиногејт и сега муртиногејт 2. И, иако МВР го ставило Дончев на стоп-листа, односно листа на луѓе што не смеат да ја напуштат државата, откако беше објавена аферата во медиумите, ЈО на Русковска го тргнало Дончев од стоп-листата и со тоа директно овозможува тој да ја напушти државата – за ова информираа медиумите“, додаде Стојаноска.

 

Македонија

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата.

Со новите упатства за подготовка на оброците во градинките мајонезот целосно ќе биде исфрлен, посочуваат од министерството. Ова следи по труењето на 30 деца во градинката „Ангел Шајче“ во Куманово. Причината за труењето е бактеријата салмонела во мајонез, кој се користел како додаток при подготовката на свежа паштета од туна и од пилешко месо.

Како што наведуваат од министерството, под целосна ревизија ќе бидат и рецептите за подготовка на оброци за децата коишто ги користат установите за воспитание на децата, со цел да се унапредат и да се усогласат со најновите истражувања за здрава исхрана, но и за потребите на децата во делот на нутритивната вредност.

„ Упатствата за подготовка на оброците во детските градинки се изработени од Републичкиот Завод за домаќинство и за жал подолг период не се променети. Од тие причини, во соработка со експерти од областа, работиме на подготовка на нови упатства кои ќе значат отстранување на сите производи кои не ги задоволуваат стандардите за здрава исхрана. Внимателно го следиме случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и сме во постојана комуникација со надлежните институции“ велат од министерството.

Оттаму додаваат дека внимателно го следате случајот со труење на децата во трите објекти од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово и дека се во постојана комуникација со надлежните институции.

„ Првичните сознанија, утврдени од Центарот за јавно здравје, укажуваат дека причина за труењето е од мајонез од фабричко производство кој бил во оригинално пакување. Во однос на прашањето што се поставува во јавноста дали мајонез се користи во исхраната на децата, сакаме да информираме дека мајонезот воопшто не се користел како примарна храна туку во многу мали количини под 10%, како додаток во оброци од паштета со туна и од пилешко месо“ се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Објавено пред

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност од лекарите за смртта на жената.

Обвинуваат за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.

Дали има лекарска грешка ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денес извести дека ќе ја формира комисијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Алијанса и Алтернатива: Пендаровски го врати законот и спречи власта и опозицијата да прошверцуваат легализација на урбани злосторства

Објавено пред

Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива соопшти дека ја поздравуваат одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го врати во Собрание законот со кој македонската влада и опозиција се обидоа да прошверцуваат легализација на урбаните злосторства.

Тие додаваат дека одлуката на Пендаровски уште еднаш го потврдила она што тие како албанска опозиција го алармирале од почетокот, така и на денот на гласање на законот.

„ СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да се сокријат зад граѓаните за да ги амнестираат урбаните злосторства на Стевче Јакимовски, Латас и другите соработници на сегашниот и претходниот режим. По оваа одлука, Законот треба да се врати во Собранието, да се разгледа во редовна постапка и со учество на сите надлежни тела и чинители. Овој закон навистина мора да им служи на граѓаните и не смее да ги злоупотребува грижите на граѓаните за да им служат на политичките криминалци на претходната власт како и на оние од сегашната власт“ велат од коалицијата и порачуваат дека треба да има поддршка за граѓаните, а не амнестија за урбаните злосторства.

Според нив треба да има легализација за домаќинствата, а не за мафијата и олигарсите на власт, кои, како што велат узурпираат и уништуваат јавен имот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија6 часа

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет7 часа

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет8 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија11 час

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија12 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија13 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија13 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа16 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет17 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет17 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет18 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија2 дена

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија2 дена

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие