Македонија
(Видео) Стојаноски: Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир – „Пуцко петрол“, наместо во притвор, го оставија дома

Кога СДС и ДУИ го штитат судството, всушност штитат криминал од 167 милиони евра, Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома. Со години Македонија ја трујат со отровен, канцероген мазут, и за тоа се платени стотици милиони евра од буџетот преку разни тендери, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, шемата во којашто се вмешани врвни функционери на СДС, како Васко Ковачевски кој е во бегство, синот на пратеникот Јахоски кој има бизнис мрежа која се протега до зетот на Али Ахмети е тешка 167 милиони евра.
Оваа шема, нагласува Стојаноски, со години ја труеше Македонија, а тие испумпаа стотици милиони евра.
„Тоа што институциите го процесуирале до правосудните органи е веќе познато за целата јавност. Граѓаните знаат кој ги труел и притоа ги крадел. Само судиите на СДС и ДУИ ги штитат криминалците.
Наместо најстроги мерки за обезбедување на присуство, судиите на СДС и ДУИ го пуштиле дома синот на пратеникот Јахоски, газда на Пуцко Петрол.
Иако помеѓу осомничените има лица кои се во бегство, како Васко Ковачевски, судот верува дека останатите нема да бегаат.
Со што се увери судот дека и другите осомничени, кои се имотни, нема да се впуштат во бегство?
Кој ќе одговара ако уште некој од осомничените избега?“.
Стојаноски прашува и до кога судиите ќе им служат на СДС и ДУИ, а не на народот.
Пресудите, како што истакнува, се носат во име на граѓаните, а не во име на партиите СДС и ДУИ.
Порача, судиите да се освестат и да почнат да работат по закон. Одговорноста, како што оценува, за секој пропуст и криминал е нивна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.
Македонија
(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа.
„Штотуку излеговме од полициската станица во Кисела Вода, со советничката Ирена Витина каде што бевме повеќе од два часа. По првиот час нагло се промени расположението во полициската станица по што почнаа да се обидуваат да го прикријат овој настан со цел да го заштитат лицето кое што физички ме нападна“, рече Арсовска.
„Трагедијата е што добив прашања од нивна страна, што сум барала јас таму, зошто одам и шетам на терен. Ако ви е целта да не изглегувам на терен, веднаш ви кажувам нема да ме спречите. Лицата кои ми се закануваа пред шест дена јавно, таканаречените команданти на ОВК на коишто главна цел во животот е да шетаат по улици и да тепаат жени. Ова лице смислено ме нападна, прво физички, понатаму со закани од тоа дека ќе ми ликвидира семејство, дете, еден по еден. Се јавуваше по телефон, си разговараа со него лицата од МВР и му дозволија да сврти 20 телефонски повици. По цел час вербални напади врз луѓето кои беа таму, вклучително и останатите жени, инспекторките, советничката Витина, ги нарекуваше кучки и со какви не зборови, по три часа во болница да завршиме во полициската станица каде што сега се обидуваат да го заташкаат случајот со тоа што ми велат да не сум излегувала на терен и што воопшто сум барала таму.
Ќе пријавувате насилници сто пати, никој нема да реагира и на крај ќе ве утепаат. Затоа не сме држава. Затоа МВР функционира во одбрана на криминалци, МВР функционира да ги брани оние кои тепаат по улици, можеби се плашат од нив, ако се плашите, Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка, оди си, дај некој што е храбар, што има срце, душа нека оди таму да се справува со овие луѓе. Криминалци ли ќе ни ја водат државата. Треба ли да се плашиме да излеземе од дома. Не се срамите од ова што го правите?“, праша Арсовска.