Македонија
(Видео) Стојаноски: СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите што сега се прибираат во државната каса
„СДС и ДУИ да кажат во чии џебови оделе парите кои сега се прибираат во државната каса. Десетици милиони евра повеќе се собрани во државната каса од страна на УЈП, Царинската Управа и Јавното претпријатие за државни патишта во месец јули оваа година во споредба со истиот месец лани“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавното претпријатие за државни патишта во јули наплатило 16 милиони денари повеќе од патарини оваа година во споредба со лани.
Царинската управа наплатила 12 милијарди денари во месец јули, што е рекордна наплата на оваа институција било кога од нејзиното постење.
Пикот во собирање приходи го има и УЈП, каде се наплатени 13.4 милијарди денари, што е исто тако рекорд.
Комбинираниот приход на УЈП и Царинската управа е над 25.4 милијарди денари, што е над 415 милиони евра.
Ја враќаме државата на народот, УЈП и Царина собраа десетици милиони евра повеќе, наместо во нечии џебови парите ќе одат за нови градинки, училишта и болници.
Реализацијата на УЈП, Царина и ЈП за државни патишта покажа дека парите биле тука, само тие не завршувале во буџетот, туку во нечии џебови.
Власта на СДС и ДУИ покрај на тендери и матни зделки ја краделе државата и преку не наплаќање на даноци и царини.
Народот многу скоро од денес ќе ја осети разликата во собраните приходи, преку покачените пензии, новите училишта, градинки, болници.
Македонија може да оди напред, само кога нема политичари кои ја крадат. Политичарите од СДС и ДУИ кои ја ограбија државата ќе одговараат. А народот ќе живее во држава која ќе се грижи за него“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Oпштина Аеродром реагира: Ги унапредуваме условите во училиштата за разлика од времето со СДСМ кога децата немаа учебници
Остро ги отфрламе обвинувањата од СДСМ за тоа дека изминатите години не сме придонеле ништо за модернизација на нашите училишта, затоа што реалноста е сосема различна од нивните тврдења, реагира Општина Аеродром на обвинувањата што претходно денес ги изнесе СДСМ.
Општината нагласува дека додека СДСМ беа на власт, учениците не добиваа ниту учебници, што се основни средства за изведување на наставата, па поради тоа сега немаат никаков кредибилитет да ја критикуваат, ниту централната, ниту локалната власт.
„Ние како Општина, изминатите три години навистина се потрудивме учениците да го добијат најдоброто, а училиштата да ги следат современите текови на образовниот процес. Токму затоа ќе издвоиме дел од проектите и од активностите што се реализирани во училиштата во Општина Аеродром.
– Проект ,,Учиме да пливаме” воведовме бесплатни часови за пливање за секое прваче и за дечињата со посебни образовни потреби;
– Проект – грижа за дечињата со посебни образовни потреби – бесплатни часови по пливање и бесплатни часови за спортување со лиценцирани тренери во ООУ „Александар Македонски“ каде спортуваат и се дружат со останатите дечиња од групата;
-Проект Дигитализација на наставниот процес во училиштата;
– Бесплатен таблет за секој ученик во четврто одделение според концепцијата за дигитализација на основното образование и смарт табли за секое училиште;
– Проект – фотоволтаици на секое училиште – поставени фотоволтаици на сите основни училишта;
– Инвестиравме во енергетско ефикасни фасади на училиштата ( ООУ „Блаже Конески“ и подрачното основно училиште „Гоце Делчев“)
– Реконструкција на внатрешноста на ООУ „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Браќа Миладиновци“, „Гоце Делчев“.
– Промена на санитарните јасли во „Љубен Лапе“, „Лазо Ангеловски“, „Браќа Миладиновци“, централното и подрачното училиште „Гоце Делчев“.
– Реконструкција на велосипедскиот полигон во „Ѓорѓија Пулевски“
– Секоја година учениците добиваат бесплатна училишна униформа;
– А, само оваа година Општината издвои 5 милиони денари за реконструкција и санација на училиштата;
Тука не застануваме, наредните денови ја отпочнуваме градбата и доградбата на ООУ „Блаже Конески“ со што значително ќе се зголеми капацитетот на ова училиште, едно од најстарите училишта во Аеродром, кое конечно ќе добие нов изглед.
Ова се само дел од инвестициите во училиштата во Аеродром, а ние остануваме посветени на унапредување на условите во воспитно-образовниот проецес, како за учениците, така и за наставниците“, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.
Македонија
ДУИ: Неспособноста на губитниците од Вреди ја прекина постапката за двојазични сообраќајни табли
Јавното претпријатие за државни патишта ги стопираше постапките за проектот на претходното раководство кој имаше за цел промена на сите сообраќајни знаци на автопатиштата, согласно законот за употреба на албанскиот јазик, велат од ДУИ преку допис до медиумите.
Оценуваат дека се работи за чекор без преседан и штетен за спроведувањето на законот кој гарантира јазична еднаквост.
„И покрај тоа што заврши процесот на избор на фирма за реализација на проектот, сегашното раководство одлучи да ја прекине постапката. Ова може лесно да се провери во електронскиот систем за јавни набавки, што отвора сериозни прашања за односот на оваа влада кон спроведувањето на овој закон. Демократската унија за интеграција предупредува дека овие неуспеси се резултат на недостатокот на изборен легитимитет на оваа власт, нејзината јасна неспособност да управува со клучните процеси и нејзината зависност од политичките влијанија на ВМРО. Овие постапки се неприфатливи и сериозно му штетат на процесот на институционална еднаквост во државата“, велат од ДУИ.
Опозициската партија додава дека наместо да се соочат со своите одговорности, тие се обидуваат да ги прикријат овие масовни неуспеси со неосновани политички напади и непотребни прогони.
Македонија
За ВМРО-ДПМНЕ однесувањето на СДСМ е лицемерно: Продадоа сè што можеше да се продаде, а сега критикуваат
Социјалдемократскиот сојуз треба да престане да манипулира со јавноста и да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на Боданка Кузеска од СДСМ на тема посетата на претседателката Сиљановска во Софија и знамињата на средбата со нејизниот колега Румен Радев.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека не е изненадување што СДСМ повторно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и полувистини.
„Веќе станува повеќе од јасно дека освен Халеевата комета константни се единствено предавствата на СДС. Кога се на власт оваа корумпирана клика ја продава државата, а кога се во опозиција, прават сѐ за да ги опструираат институциите и да ја кочат Македонија. Додека СДС беше на власт, видовме како се преговараше зад затворени врати, како се менуваше името на државата без вистинска консултација со народот, и како се промовираа политики што ги понижуваа нашите национални интереси. Тие продадоа сè што можеше да се продаде и сега, од опозиција, лицемерно критикуваат и напаѓаат“, реагира владејачката партија.
Понатаму се додава дека излишни се лекции од партија која кога беше на власт ја воведе државата во безброј дипломатски кризи и меѓународни понижувања. ВМРО-ДПМНЕ е децидно дека стои цврсто зад националните интереси на Македонија и продолжува да ја води државата кон патот на достоинството и гордоста.