Македонија
(Видео) Талески: Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава

Република Северна Македонија одбележа една година од членството во најмоќниот безбедносен соујз, НАТО. Нашата држава е дел од воено – политички најмоќното семејство на развиени демократии и денес дава придонес за светскиот мир и безбедност, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Со членството во НАТО, додаде тој, остваривме една од двете стратешки цели поставени уште на од денот на независноста.
„Но на ова достигнување единствено Христијан Мицкоки не се израдува, тој не смогна сили ниту да го честита приемот на нашата држава во НАТО Алијансата. Мицкоски не ја честиташе ниту првата годишнина од членството во НАТО со што докажа дека е полиитчар кој е на спротивната страна од државните и национални интереси“, рече Талески.
Според него, членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава.
„Тоа значи, најсилна гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот државата. Нема веќе закана по нашата сигурност и безбедност. Сега, токму ние сме тие кои учествуваат во креирањето на политиките, во дискусиите за актуелни прашања и заедно носиме одлуки со другите сојузници во НАТО“, рече Талески.
Тој додаде дека СДСМ како одговорна, државотворна партија, продолжува кон остварување и на втората стратешка цел – членството во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Има основа за разрешување на Пауновски, тој ми е пријател но станува збор за принцип

Премиерот Зоран Заев очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа.
Ова доаѓа откако претходно Пауновски одби да вработи 35 „рамковни“ административци, бидејќи сметаше дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата.
На ова, одговори Заев кој јавно му испрати порака и рече да не дава отпор. Пауновски отиде чекор понатаму и кажа дека е разочаран од изјавата на премиерот.
Премиерот Заев смета дека Пауновски со изјавите го понижил него, но и Артан Груби како прв вицепремиер.
„Секој ден да се препукувате со потпретседателот на Владата, гледам сега со претседателот на Владата, во време во кое живееме според мене е недозвоиво. Не очекувам да биде даден предлог за негово разрешување и тоа од Љупчо Николовски. Не можете да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените, за нешто што е толку транспаретно, воспоставено на одлични основи, искрени основи, за институциите да дадат одговор. Ако нема систематизирано место или не може да се систематизира, не мора да биде примено на работа и слично. Минаа месеци и години, се плаќаат луѓе за ништо. Самиот податок кој го имам, во ред е да го соопштам. 1349 се бројот на лицата, 1182 прифатиле распоредување, 38 одбиле, 13 одат на трансфер листа. Сите тие граѓани се наши граѓани. Земале плата, не работеле ништо. Секој ден да водите полемика со претседател на Влада, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да функционира. Стојко Пауновски ми е пријател, но станува збор за принцип. Сметам дека има основа за негово разрешување. Очекувам службите да отворат постапка“, рече Заев.
Претходно, Пауновски објасни дека одбил вработување на „рамковните“ административци бидејќи според систематизацијата на Државниот пазарен инспекторат, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара „рамковните“ кои и се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде ќе можат да работат спроед образованието.
Македонија
Нуредини на лидерскиот самит на Бајден го презентираше македонскиот план за климата

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, ја претстави климатската амбиција на Македонија на виртуелна министерска тркалезна маса организирана од американскиот претседателски претставник за клима Џон Кери, во рамки на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден.
Ревидираниот национално утврден придонес за 51% намалување на емисиите на стакленичките гасови, односно 82% нето-редукција до 2030, беше презентиран пред министрите од преку 20 други земји во светот, како дел од заложбата на САД за враќање помеѓу водечките економии за постигнување на климатската неутралност.
На средбата, министерот ја истакнал сериозната амбиција на нашата држава како мала, но ранлива на климатските промени, како и поддршката која е потребна од развиените земји за постигнување на глобалните цели.
Македонија
Трајанов реагира дека пратениците се вакцинирале со „Спутник“, а најавена им била „Фајзер“

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, регира дека пратениците се вакцинираат со „Спутник“, наспроти тоа што претходно најавена била нивна имунизација со „Фајзер“.
Според него, причина за промена на вакцината се коментарите на социјалните мрежи дека пратениците се привилегирани оти ќе се вакцинираат со „Фајзер“.
„Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара“, наведе Трајанов во реакцијата на социјалните мрежи.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утрово по почетокот на вакцинацијата на пратениците во салата „Борис Трајковски“ рече дека очекува во втората половина на мај Собранието да се врати на вообичаениот начин на работа.
Можност за вакцина добиле сите пратеници, а дали ќе ја примат, зависи од нивната волја.
„Со втората доза од вакцината ќе се овозможи посоодветна работа на Собранието. Очекувам од втората половина на мај да се врати нормалниот начин на работа на Собранието со почитување на процедурите за заштита, дадени од надлежните институции. Викнати се сите пратениците и кажано им е во кој бокс да се јават за вакцина, а дали ќе се јават, тоа повеќе не е одговорност на претседателот туку волја на секој поединец. Предвидени се вакцини за сите, кој како ќе одлучи е негова работа“, рече претседателот Џафери.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?