Контакт

Македонија

(Видео) Тасевски: Барањето на Јанева за зголемување на бројот на рочиштата е неоправдано

Објавено пред

Адвокатот Боро Тасевски, по завршување на денешното рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“, се пожали на вчерашната изјава на обвинителката Катица Јанева, во која таа побара судот да ја зголеми динамиката на судските рочишта за предметите што ги води специјалното јавно обвинителство.

Тасевски вели дека не е возможно бранителите за толку кратко време да се подготват за рочиштата што се закажуваат ден за ден.

„Бранителите во овие предмети не може трчајќи да ја изнесат одбраната, потребна е подготовка за рочиштата. Но, како е можна подготовка кога рочиштата се закажуваат ден за ден на огромни предмети. Кој е тој што може да подготви повеќе рочишта закажани во еден ден или последователно во повеќе денови еден по друг“, рече Тасевски.

Тој исто така напомена дека вчерашниот и денешниот ден се јасен пример за бранителите дека ваквото барање на Јанева не само што не е оправдано туку е насочено и кон кршење на основните права како кон обвинетите така и кон бранителите во овие постапки што ги води СЈО.

„Господинот Никола Груевски мораше да присуствува на рочиштето за ‘Насилство во Центар’, а во исто време беше закажана и јавна седница пред Апелациониот суд по неговата жалба за предметот ‘Тенк’“, рече Тасевски по што додаде дека како бранители избрале да присуствуваат на ова судење од страв дека може да бидат казнети доколку предизвикаат одлагање на рочиштето, а поучени од примерот од вчера кога не беше прифатено одлагање на рочиште поради поклопување термини.

„Ова се очигледи работи, ниту адвокатите ниту обвинителите не може да се копираат, па да присуствуваат на сите седници. Ако на ова го надоврземе инсистирањето за зголемување на динамиката, овие предмети да се решаваат со уште повеќе термини, за мене како бранител е очигледно прекршувањето на основните права на одрана на обвинетите, но истовремено и правата на бранителите да формираат сериозна и ефективна одбрана во предметите“, рече Тасевски.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Студентот Бобан Јосифоски прв доплива до светиот крст во Прилеп

Објавено пред

По повод празникот Богојавление – Водици, 105 млади прилепчани, од кои дури 14 девојчиња, скокнаа во водата на базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“, со желба да го фатат крстот. Најмногу среќа прв да доплива до крстот, имаше Бобан Јосифоски, кому ова му беше десетти обид.

„Скокам десетти пат, оваа година била моја среќа да го фатам светиот крст. Имам 22 години, студент сум на факултетот за безбедност и очекувам да имам здравје, среќа и бериќет“, изјави Јосифоски.

Честитајќи им го празникот на прилепчани, градоначалникот Илија Јованоски, на Јосифоски му посака многу здравје и среќа во тековната 2019 година.

„За нас христијаните, Богојавление-Водици е еден од најголемите празници, а секако најголем за Бобан Јосифоски кој што денеска го фати крстот. На сите вас ви посакувам добро здравје, среќа, радост, благосостојба, љубов и меѓусебно почитување. На Бобан му посакувам ова да не му биде последен пат, а на останатите учесници кои не го фатија крстот, им посакувам наредната година да имаат повеќе среќа“, рече градоначалникот Јованоски во своето обраќање пред присутните.

На фрлањето на крстот, покрај градоначалникот Јованоски, присуствуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, претседателот на општинскиот Совет, Миле Талевски, советници, претставници на бизнис секторот и голем број граѓани на Прилеп.

По повод денешниот празник, крстот се фрлаше и во неколку населени места во општина Прилеп, на кои покрај претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски, присуствува и други членови на Советот, како и претставници на локалната самоуправа.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) По 11 пат се реализираше хуманитарната манифестација Пивтијада во Автокоманда

Објавено пред

Општина Гази Баба ја продолжува традицијата за организација на хуманитарна манифестацијата “Пивтијада”, кој се реализира по 11 пат, по повод празникот Богојавление Господово – Водици, на плоштадот Автокоманда.

„На едно место се собраа членките на организација на жени Гази Баба, месните заедници од општината и Здружението на пензионери од Гази Баба заедно со посетителите, настан кој од година во година е се попосетена. Целион настан беше проследен со настап на музички ѕвезди од македонската естрада“, рече Георгиевски.
Креаторите на најдобро декорираните пивтии, добија награди.

Како што информираат од општината, со собраните средства ќе бидат набавени инхалатори за Детската клиника.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите

Објавено пред

По протестот на пазарџиите што се одржа вчера пред Собранието, СДСМ соопшти дека ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите.

„Пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение. Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, изјави Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата.

Тој додаде дека институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет41 минута

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет2 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговите закони за прекувремени часови, кои досега неколкупати...

Свет2 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија4 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ5 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион7 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија7 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија8 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија10 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија10 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет22 часа

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион23 часа

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања1 ден

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија1 ден

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија1 ден

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ1 ден

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија1 ден

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија1 ден

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Македонија1 ден

Камчев со Јанакиески: „Шефе, со дупоиве што ги обори Центар, шо стана“?

Во кривичниот суд во Скопје се одржа рочиштето за предметот на СЈО ,,Насилство во Општина Центар“. На денешното судење беа...

Македонија1 ден

„Јадеше гулаш во Унгарија, а?” – Јанакиески се пошегува со посетителот на Груевски

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го...

Досие