Контакт

Интервју/Дебата

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Објавено пред

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“ говори за потребата од донесувањето на законот, но и за новата методологија за проширување на ЕУ која беше донесена на 5 февруари годинава.

dobivaj vesti na viber

Тој не сакаше да дава никакви политички оценки во однос на обвинувањата на партиите и на координираторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во однос на законот за Јавно обвинителство, но вели дека „влезот во ЕУ еден ден многу ќе зависи од кредибилноста на судството и од силната борба против корупцијата“.

„Законот е барање од ЕУ и државите членки и со него ќе треба да се затворат или зајакнат сите судски постапки кои беа отворени во рамките на СЈО. Потребно е судство ослободено од заробеноста на партиите и рамка за борба против корупцијата“, вели Тимоние за „Макфакс“.

Посетата во Париз на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, амбасадорот Тимоние ја оцени како „конструктивна и пријателска“ и рече дека главниот акцент бил ставен на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

„Новата методологија што ја предложи комисијата во голем дел ги содржи предлозите на француската влада. Чекаме како ќе реагираат другите земји членки во однос на документот, но ми се чини дека сето тоа оди во добра насока“, вели тој.

Амбасадорот вели дека е свесен дека во земјава постои разочарување од Франција, која беше против проширувањето на ЕУ со нови членки.

„Да се надеваме дека новата методологија ќе биде воз кој ќе постигне поголема брзина во однос на претходниот“, рече во интервјуто амбасадорот Тимоние.

Интервју/Дебата

(Видео) Шкријељ: Мизрахи нека не се изненадува, претходно дури имаше случаи на врзување на штитеници во Демир Капија

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ во интервју за „Макфакс“ изјави дека корисниците во домот во Деемир Капија до пред три години биле врзувани и престојувале во страшни услови. Вели дека прозивката на техничката министерка Рашела Мизрахи за домот во Демир Капија била неиздржана затоа што не ја познава областа со која влегла да раководи. Шкријељ вели дека во овие три години ги извлекле сите деца кои биле во заводот и ги сместиле во групни домови.

dobivaj vesti na viber

„Техничката министерка можеби првпат влегува таму и јасно е зошто нејзината реакција е таква. Но, ќе напоменам дека тоа што ние го наследивме таму беа услови за невозможна мисија. Имаше ситуација корисниците за бидат врзувани затоа што вработените не можеа да се справат со нив. Затоа и го спроведовме тој процес на деинституционализација и ги извлековме сите деца од таму. Она што јас и техничката министерка треба да го направиме е да го продолжиме тој процес, а не да настапуваме на овој начин. Но, ќе повторам, разбирам зошто министерката настапува така“, рече Шкријељ.

Таа додава дека на техничката министерка ѝ предложила да се координираат пред да се излегува во јавност за да не се шири паника меѓу граѓаните со нецелосни информации. Предоложила да имаат состанок еднаш неделно на кој ќе одлучуваат заеднички за важни прашања.

„Токму поради тоа што не ја познава областа се ставивме на располагање да помогнеме да се подобрат процесите. Но, ќе повторам, координараноста и кооперативноста ќе зависат исклучиво од неа“, рече Шкријељ.

Дополнителната заменик-министерка рече и дека не би требало да има блокада или застој на институцијата, но додаде дека доколку Мизрахи побара кадровска промена на раководни кадри или смена на директори на центри за социјални работи, Шкриељ ќе го употреби правото на вето и нема да ги потпише овие решенија.

„Врзаниот потпис се однесува на правни и кадровски промени. Се надевам дека Мизрахи нема да побара смена на раководни кадри, но доколку тоа се случи, јас ќе го спречам тој потег. Сметам дека ние сме преодни министри и треба да останеме во рамките на таа надлежност. Оној кој ќе победи на изборите и по 12 април формира влада, нека си спроведува своја кадровска политика“, децидна беше Шкријељ.

Не одговори конкретно на прашањето дали себеси се гледа на листа за пратеник на предвремените парламентарни избори, но додаде дека е време во државата да се одвојат партиските политики од политиките кои се носат во институциите.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Глигорова: Одговорност за извршителите ќе бараме и пред Обвинителството за организиран криминал

Објавено пред

Новиот тарифник за извршителите што го предложи Министерството за правда, а денеска го усвои Владата, наиде на делумна поддршка од задолжените граѓани и здруженија што неуморно се борат за укинување на извршителските канцелрии веќе три години.

dobivaj vesti na viber

Еден од најгласните борци против Законот за извршувањето, Ана Глигорова, смета дека овие измени се позитивен чекор напред во решавање на проблемот со многугодишниот финансиски геноцид врз населението, но сепак најавува дека битката на здруженијата на граѓани ќе продолжи и одговорност за, како што вели криминалното извршување ,ќе се бара и од Обвинителството за гонење организиран криминал.

Според Глигорова, протестот на извршителите со еднодневно затворање на канцелариите е бесмислен кога нивните трансакциски сметки се отворени и тие немилосрно наплатуваат камати на долговите.

Во интервјуто Глигорова прави анализа на тоа што ќе значи репрограмирањето на долговите и вели дека е најважно да се води сметка овие измени да функционираат во пракса ретроактивно. Од протестите пред Министерството за правада што се одржуваа шест вторници, вели дека од жалбите и преставките што ги носеле граѓаните за неправедните извршувања во Министерството биле фрапирани. Имало многу емоции од граѓани за нивните случаи кога на пензија од 7.000 денари со години извршител одзема третина од парите. Таа открива и случај на извршител кој си отворил канцеларија во куќа врз која направил извршување.

Прикажи повеќе...

Интервју/Дебата

(Видео) Дескоскa: Не само имот, ќе се испитуваат и влијанија врз судиите од адвокати и лоби-групи

Објавено пред

Министерката за правда во интервју за „Макфакс“ рече дека со идејата за проверката во правосудството нема да биде опфатено само испитување имот на судии и обвинители, туку и евентуално влијание од разни центри на моќ. Бегствата на обвинетите биле еден од мотивите за предлагањето на процесот на проверка.

dobivaj vesti na viber

„За да може да си објасниме зошто некои случаи се водат како што се водат, мора да видиме дали има влијание зад тие случаи, дали влијаат политичари, сегашни, поранешни, дали влијаат адвокатска фела, дали влијае криминално подземје, лоби-групи, бизнис-центри на моќ“, рече Дескоска.

„Се случуваат нелогични работи од правен аспект. Јас не сакам да коментирам судски и обвинителски одлуки, но јавноста веќе на големо почна да зборува за определени предмети и да го поставува прашањето што е причината и зошто на тој начин се однесуваат судии и обвинители. Ако тие прашања не си ги постават Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, тогаш ние немаме друга опција, освен да ги искористиме можностите, и тогаш сметам дека треба да се направи еден процес во кој ќе се испита имотната состојба на судиите, но ќе се испитаат и евентуални влијанија во носењето судски одлуки, а тоа важи и за јавните обвинители“, рече министерката.

Дескоска посочи дека е важно проверката да биде направена кредибилно: „Тоа да биде процес во кој ќе веруваат сите. Тука треба да присуствуваат и претставници на европски институции, да имаме не само мониторинг туку и активно учество на лица од европски институции, покрај антикорупционери и луѓе што го разбираат судството…“

На прашањето зошто не отиде во Судскиот совет за да присуствува на седницата и да им го пренесе на членовите незадоволството на јавноста за одредени постапувања во судовите, Дескоска рече дека ја почитува препораката на ГРЕКО, кое утврдило преголемо влијание на министерот за правда, а постапката за измена на Уставот, со која би се извадил министерот од член на Советот, е долга и е Пандорина кутија. „Министрите за правда не присуствуваат на седниците на Судскот совет не сакајќи да дадеме повод за тоа да биде протолкувано како влијание“, рече министерката.

Министерката рече дека Уставниот суд не е надлежен да ја оценува казнената политика во поглед на иницијативата за оценка на членот од Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба и овластувањето при постапките за тендери.

„Ако ја анализирате праксата во минатото, ќе видите дека Уставниот суд има донесено судски одлуки во кои се вели дека не може да одмеруваат казнена политика, туку ценат уставност. Уставот никаде не кажува дали некој ќе биде казнет 3,5 или 7 години. Казнената политика ја остава на законодавецот, на Собранието. Лично не гледам основа за одлучување за висина на казна“, рече Дескоска.

Во поглед на барањата на граѓаните за постапувањето на извршителите, министерката за правда рече дека ги разгледала претставките од граѓаните и дека може да се размислува за дополнителни законски измени.

„Имаше предмет што сега го има доставено човек за побарување за кредит што го зел пред 9 години од Македонска банка. Таа банка сега не пости. Се чувал предметот девет години во фиока, сега одеднаш бараат да си плати, му ги бараат каматите и долгот станал голем поради тие камати. Тука реално треба да се размисли за отпис на каматите и долговите, но кога отпишувате долг и камата на приватно лице, мора да најдете средства да го надоместите од државниот буџет“, рече Дескоска.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Кисинџер: САД се на работ на војна со Русија и Кина по одредени прашања

Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“...

Македонија3 часа

ДУИ: Охридскиот мировен договор ја спаси земјата од идеологиите на уништување и омраза

Демократската унија за интеграција по повод 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, оценува дека тој правен акт кој утврди...

Топ3 часа

Скопјанец пукал со пиштол поради сообраќајна расправија па побегнал

Вчера во 11.40 часот во Полициска станица Бит Пазар е пријавено дека во близина на трговски центар на подрачјето на...

Регион4 часа

„Стандард“: Полицијата преговара со Ненад Калуѓеровиќ да се предаде

Според неофицијални информации, наводно се водат преговори меѓу Ненад Калуѓеровиќ и полицијата за да се предаде, бидејќи тој го напуштил...

Економија6 часа

(Видео) Ковачевски: е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

Македонската Влада застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа...

Македонија10 часа

Пендаровски: Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет

  Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со порака: „Пред 21 година,...

Регион10 часа

Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил...

Европа11 час

Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на...

Македонија12 часа

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна...

Свет12 часа

Писателот Салман Ружди е опериран, не може да зборува и најверојатно ќе го загуби окото

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди (75) , кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот од...

Македонија23 часа

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен...

Македонија24 часа

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот...

Регион1 ден

(Видео) Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина...

Европа1 ден

Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за...

Економија1 ден

Во јавните згради во Германија ќе се дозволи греење до максимални 19 степени Целзиусови

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска најави нови регулативи кои ќе се однесуваат на заштеда на енергија поради страв...

Свет1 ден

Пекинг ја предупреди Америка: Борбата против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро

Бoрбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни...

Македонија1 ден

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе почнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е почнат бидејќи се чека да заврши скринингот,...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид-19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот,...

Топ1 ден

Мотоциклист почина во сообраќајна несреќа во Кочани

Синоќа, во 18.55 часот, било пријавено дека на експресниот пат во изградба, Кочани – Крупиште, кај клучката за с. Спанчево,...

Економија1 ден

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции....