Контакт

Македонија

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

Објавено пред

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани, од УМС се обидоа да се оправдаат со тврдење дека не било потребно да го пријават палењето факли. Но, се фатија во лага. Сами се дозакопаа“, кажа Виктор Ѓошев од СДММ.

„Законот е јасен. Согласно член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, палењето ракети, огномети, факелијади или слични приредби мора да се пријави во Секторот за внатрешни работи најдоцна пет дена пред настанот, со наведени детали за време, место, цел и број на факли.

Прашањето е едноставно: Зошто УМС не го пријавиле овој настан во СВР Велес? Кој ќе ја сноси одговорноста?

Дали министерот Тошковски ќе продолжи да ги штити, како што штити и други функционери поврзани со трагедијата во Кочани?
Ова не е само прекршување на закон. Ова е показател за систем на ароганција, безчувствителност и неказнивост.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ не е организација која ги претставува младите – тие се копија на сениорите во својата партија: без почит кон законите, без емпатија, со деструктивно влијание врз општеството.

СДСМ и СДММ ќе продолжат да се борат за одговорност, за вистина, за почитување на закони и за млади кои носат вистински вредности – почит, правда и човечност“, изјави Виктор Ѓошев од СДММ.

Најново

Забава30 минути

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет48 минути

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет2 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија2 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион3 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет3 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...

Свет3 часа

Путин ослободи американски маринец од руски затвор, Трамп: Немаше размена

Русија го ослободи американскиот државјанин Роберт Гилман, поранешен американски маринец кој од 2022 година беше во затвор во Русија. Американскиот...

Забава3 часа

Пет хороскопски знаци што не се плашат од ризик во кариерата

Кариерата ретко напредува по целосно права линија, а големите професионални успеси често бараат храброст и подготвеност за промени. Некои луѓе...

Култура4 часа

Концертот на Иван Наумовски и Елена Атанасовска-Ивановска, насловен „Ideale“, на „Бит Фест“

На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ...