Контакт

Македонија

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Објавено пред

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските заедници, која беше отворена пред неколку месеци.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на денешната прес-конференција рече дека се во контакт со сметководителите и на МПЦ и на ИВЗ и дека се работи за обемна анализа за која е потребно подолго време, но службите вршат проверка и оценување на состојбите што се од важност по однос на даноците.

„Сите документи што ги побаравме од другите институции ги анализираме во согласност со нашите надлежности, односно во согласност со Законот за даночната постапка и Законот за добивката, со кој е предвидено дека такви здруженија и непрофитани организации подлежат на даночење откако ќе поминат одреден лимит на средства. Се истражува и за МПЦ и за ИВЗ. Во моментот не можам да сооопштам детали затоа што сè уште прибираме документи во соработка со службени лица што работат на финансикото работење на двете верски организации“, рече Лукаревска.

Што се однесува до воведување фискализација за услугите на црквите, како што се продавање свеќи, услуги за венчавање или крштевка, од УЈП информираат дека засега нема законска рамка со која би можела да се спроведе.

„Вакви иницијативи имало и порано, но сепак треба да се заземе став по ова прашање и да се координираме и со Министерството за финансии“, рече Лукаревска.

Прашањето на фискализација беше актуелно пред неколку години кога на заедничка средба од страна на УЈП беа разгледани барањата на претставниците на петте уставни верски заедници (МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква). Еден од аргументите за изземање на верските заедници од фискализација беше дека верските објекти се финансираат токму од доброволните прилози на верниците, кои не треба да се регистрираат како готовински плаќања.

Инаку, православните верници за услуга за венчавање треба да издвојат 6.000 денари, за крштевка 4.000, а за погреб 3.000. Средствата се уплаќаат на рака и за нив граѓаните не добиваат фискални сметки.

Македонија

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Објавено пред

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“.

Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на родителите на првоосомничениот, во станот каде што престојувал, како и во просторијата што ја користел за работа, воедно извршен е претрес и во домот на второосомничениот, како и во возилата што ги управувале.

При претресите прибран е броен доказен материјал што допрва треба да биде предаден на вештачење. Меѓу одземените предмети покрај два персонални компјутери и еден лап топ што ги користеле првоосомничениот и неговата асистентка, одземено е поголемо количество на брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички дела. Од второосомничениот се одземени повеќе лап топ компјутери, документација, мобилни телефони, УСБ стикови и мемориски картички , како и поголемо количество на оружје и муниција за кое дополнително ќе се утврдува дали второосомничениот го поседувал со дозвола.

Со оглед на обемноста на материјалот , записниците за одземени предмети се уште се подготвуваат и во моментов обвинителството не може да соопшти детали.Воедно, обвинителството ја известува јавноста дека до овој момент надлежниот обвинител нема извршено разговори со други лица, за кои излегоа шпекулации во јавноста дека се повикани на информативен разговор во насока на расветлување на случајот.Во интерес на истражната постапка и спречување на шпекулациите во јавноста, обвинителството колку што дозволува истрагата континуирано ќе информира за преземените дејствија, се вели во соопштението.

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а едниот од нив се сомничи и за перење пари. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Обезбедуваме топол дом за секое дете

Објавено пред

Вработените од Домот за доенчиња „Мајчин дом“ Битола се подготвуваат за целосна трансформација на институцијата. Денеска и утре учествуваат на обука која што треба да заврши на есен. Целта е да се подготви персоналот за престојните промени, кои се дел од преминувањето од згрижување во институција кон давање на услуги во заедницата на доенчињата и децата кои ќе бидат деинституционализирани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Со досегашниот процес на деинституционализација во „Мајчин дом“ Битола за две третини е намален бројот на деца коишто престојуваат во оваа институција. Наша цел како Министерство е на сите да им најдеме топол дом. Истовремено, обезбедуваме квалитетни услуги на локално ниво кои ќе бидат поддршка на згрижувачите, биолошките родители и на децата. Вкупниот број на деца смесетни во институции е намален за 75 %, а наша главна заложба е сите деца да ги извадиме од големите безлични институции. Со отворањето на малите групни домови и воспоставувањето квалитна база на згрижувачки семејства, децата повеќе не се згрижуваат во гломазните установи“ се наведува во соопштението.

Обуката која започнува денеска опфаќа и развивање и подобрување на меѓусебната комуникација и разбирање, зајакнување на тимскиот дух, но и полесно прилагодување во нови работни опкружувања и е организирана од Министерството за труд и социјална политика со поддршка од УНИЦЕФ и Британската амбасада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Со Турција сме сојузници уште од независноста, сега ќе бидеме заедно и во НАТО

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера и денеска престојува во земјата по покана на неговиот македонски колега, министерот Никола Димитров.

Како што информираат од Министерството, на средбата меѓу двајцата министри биле разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката.

„Ние бевме сојузници од самата независност на државата, а со ратификацијата го формализиравме тоа сојузништво во поширок евро-атлантски контекст. Пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО ќе ја помести државата надвор од регионалните процепи на несигурност и неизвесност и ќе овозможи побезбедна и попредвидлива перспектива“, истакнал Димитров на средбата.

На неа било истакнато дека со ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државава во НАТО од страна на турскиот парламент само се потврдени блиската соработка и сојузништвото меѓу двете земји, кои, како што било речено, сега и формално ќе бидат заедно во НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во...

Македонија3 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет3 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет3 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет5 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија5 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија14 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија14 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион18 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија20 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија24 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија24 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Досие