Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата

Објавено пред

Влегуваме во новата година посилни и помудри, со верба дека оваа 2021 година ќе биде многу подобра од претходната. Со вакцината која влева надеж за целото човештво секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Поминавме исклучително тешка година. Секој од нас носи своја жртва и свое бреме. Семејствата кои загубија близок, оние кои ја добија битката со вирусот, здравствените работници кои не потклекнаа под притисокот и продолжија неуморно да се борат за секој човечки живот, граѓаните, компаниите. Оваа година, колку и да сакаме, не можеме да ја заборавиме. И не треба. Се соочивме со нешто што целосно ни ги измени животите и нé исправи пред предизвикот да научиме дека можеме да живееме поинаку, да сакаме поинаку, да се грижиме повеќе, да бидеме солидарни и сплотени повеќе oд кога било, во една единствена цел – победа на вирусот“, вели Филипче.

Сепак, додава тој, да не заборавиме, оваа година имаше и убави нешта. Ја направивме првата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, на свет дојдоа близу 20 000 новороденчиња. Овозможивме лекарска грижа и терапија за сите пациенти, нови лекови за пациенти со ретки болести, обновивме оддели и установи. Го почнавме процесот за енергетска ефикасност на здравствените објекти, поставуваме монтажни болници и уште низа други.

„Но, Ковид-19 беше и останува наш најголем предизвик. Изодевме долг пат. Чекоревме брзо, зошто време за чекање немаше. Некои одлуки мораше да се донесат сега и веднаш. Сепак, ниту еден здравствен систем никогаш не се соочил, ниту, пак, бил подготвен да се справи со пандемија од вакви размери. Но ако во нешто сум сигурен, тоа е дека сите одлуки во борбата со вирусот ги носевме водени од заштитата на здравјето на граѓаните, како врвен приоритет. Влегуваме во новата година посилни и помудри, со верба дека оваа 2021 година ќе биде многу подобра од претходната. Со вакцината која влева надеж за целото човештво, секој ден сме чекор поблиску да ставиме крај на пандемијата. Вакцината е најсилното оружје во борбата со вирусот и таа сигурно ќе ја промени сликата. Но, сé уште е рано да го спуштиме гардот. И натаму мораме да останеме претпазливи и да продолжиме да ги почитуваме мерките. Веројатно ќе помине уште некое време додека да им се вратиме на животите онакви какви што беа пред Ковид-19“, вели министерот.

Филипче додава дека во новата година нè очекуваат нови предизвици.

„Иако некои од проектите кои ги планираме запреа поради пандемијата, произлегоа низа други кои на долг рок ќе се покажат како значаен влог во нашето јавно здравство. Реформите во здравството треба да продолжат. Но мора да останеме совесни и одговорни за да го отвориме патот на новите проекти. И јас искрено верувам дека сите заедно ќе се заложиме за тоа. Ако нешто нé научи оваа 2020 година, тоа е дека здравјето, семејството и најблиските се највисоките животни приоритети. Затоа, оваа година да прославиме поинаку. Да останеме дома и да ги оставиме големите прослави за некои други, посигурни времиња. Така, секој од нас ќе даде свој придонес во борбата, секоја следна година да ни биде поубава од оваа“, вели Филипче.

Македонија

Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашува директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје.

„Јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој и вчера се осврна на оваа тема, коментирајќи дека Петров трошел 200 илјади евра за себепромоција, склучувајќи договор со две маркетинг агенции за да снима интервјуа и спотови во Фондот за иновации со државни пари.

Петров ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека видеата се направени во негова продукција и не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Арсовски, тоа што Петров во своја одбарана вели дека договорот го склучил неговиот претходник, укажува дека ги трга рацете оти има нешто сомнително во овој тендер што, сепак, е склучен во период кога СДСМ е на власт. Арсовски нагласува и дека ако Коста Петров не ги користи услугите на овие две агенции и снима со сопствена продукција, како што тврди, зошто досега како директор не го не го ревидирал истиот договор и да го поништи да спаси 200.000 евра на граѓаните да не завршат непотребно во нечии џебови.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ го обвини Апасиев за ширење на говор на омраза на социјалните мрежи

Објавено пред

Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што рече во пораката пишувало: „Децата крв ќе ви плукаат”, што е говор на омраза и е неприфатливо, особено оти доаѓа од претставник на народот во Собранието.

„За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго. Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата. Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе – и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО ДПМНЕ. Исто како и ВМРО ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис“, рече Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Објавено пред

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.

Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.

Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.

Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Свет2 часа

Трите одлуки на Бајден по преземањето на власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден планира да преземе чекори за поништување на некои од контроверзните одлуки на администрацијата во...

Спорт3 часа

Тенисерите бесни на Австралија опен, 47 од нив завршија во изолација

Повеќе тенисери и тенисерки се пожалија дека организаторите на Австралија опен ги смениле најавените правила за карантин поради Ковид-19, по...

Европа3 часа

Франција го врати полицискиот час

Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од...

Регион3 часа

Грција почна со масовна вакцинација на населението, на Крит вакциниран стогодишник

Вакцинацијата на населението во Грција започна вчера,со приоритет во првата фаза за лица постари од 85 години. По вакцинацијата на...

Македонија4 часа

ВМРО и СДСМ продолжуваат со обвинувања поврзани со пописот на населението

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и утрово продолжија со меѓусебни обвинувања и несогласувања за претстојниот попис на населението. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение...

Македонија16 часа

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт16 часа

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија17 часа

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој...

Македонија20 часа

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија23 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ24 часа

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа1 ден

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион1 ден

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет1 ден

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет1 ден

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија1 ден

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет2 дена

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет2 дена

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет2 дена

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Досие