Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Во Клиничката болница во Тетово за 15% е зголемен болничкиот персонал

Објавено пред

По посетата на Клиничката болница во Тетово, министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека во неа, како регионален медицински центар, во изминативе две години реализирани се значајни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите.

„Извршено е реновирање на инфективното одделение, како и реконструкција на интернистичкиот, хируршкиот блок и лабораторијата, со што значително се подобрени инфраструктурните услови во оваа јавна здравствена установа“, изјави министерот.

Во делот на новата медицинска опрема, тој напомена дека минатата година е набавена комплетно нова опрема за лапароскопија, 12-канален ЕКГ-апарат, фитотерапевтска лампа, ортопедски продолжен уред за операционен стол, апарат за електрохируршки генератор, 2 лабораториски центрифуги, како и транспортни колички за бебиња.

Посочи дека во оваа јавна здравствена установа истовремено значително се зајакнати и човечките ресурси.

„Во изминатиот период, реализирани се 109 вработувања на неопределено време, 45 се ангажирани со договор на дело и во тек се 24 вработувања со преземање. Вкупниот број на вработени е 791, со што значително, за 15% го зголемивме капацитетот со човечки капитал во здравствената установа. Здравствените работници имаат зголемени плати, им овозможуваме достоинствени услови за работа“, рече Филипче.

Клиничката болница во Тетово е една од 34 здравствени установи што се опфатени со процесот за унапредување на условите на јавните здравствени установи од аспект на инфраструктура, информираат од Министерството за здравство.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Богојески и Тепшиќ: Да го промениме трендот на иселување на населението од Македонски брод

Објавено пред

Невработеност, економски колапс и недостиг на свежи инвестиции се најголемите проблеми на жителите од Општина Македонски Брод, кои денес разговараа со кандидатите за пратеници од Македонски концепт и ги посочија долгогодишните проблеми за развој на Поречието.

„Повозрасните се жалат дека младите решение за проблемите бараат надвор од Општината, во Скопје или заминуваат во странство. Велат доколку се вложат напори да се отворат нови стопански капацитети, сигурно дека квалитетот на животот на сите граѓани ќе се подобри и дека ќе се стопира процесот на мигрирање на населението“, велат Петар Богојески, носител на листа во ИЕ1 и д-р Дамир Тепшиќ, кандидат за пратеник за ИЕ1 од Македонски Брод.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Спасовски: Ја чистиме калта од режимот кој за себе поставуваше мермер, а за граѓаните стиропор

Објавено пред

„Градиме рамномерно насекаде и во градските и во руралните средини, со што градиме Македонија за сите.Ја чистиме калта што ја остави режимот кој градеше со мермер во своите бели дворци, а за потребите на граѓаните употребуваше стиропор.Ние градиме и рамномерно и по квалитетни европски стандарди.И тоа е логично, затоа што тие меѓународно ја изолираа земјата да крадат, а ние ги обновивме партнерствата со меѓународната заедница, станавме членка на НАТО и отвораме преговори со ЕУ и во нашата држава да ја градиме Европа – дома“, изјави Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2.

Според него, во нашата држава го враќаат достоинството на граѓаните со модерна инфраструктура.

„Овде во Ѓорче Петров немаше фекална канализација во Волково, Стопански Двор и Кисела Јабукa – ја поставивме. Вложени се 15 милиони 826 илјади денари. Се гради водоводна мрежа во руралниот дел на Никиштани.Изградивме водоводна мрежа во Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука.Во тек се 4 проекти: изградба на атмосферска канализација за ул.Радушка-Општина Ѓорче Петров, завршување на фекалната канализација и приклучоци на сите куќи во Волково, фекална канализација во Орман и пречистителна станица, за што е веќе готова проектната документација. Работиме на регулација на атмосферската и на фекалната канализација во Хром, на канализација и асфалтирање преку пругата Дексион.

Ние почитувани граѓани поврзуваме.Ги поврзуваме селата со градовите. Се поврзуваме со соседите и регионот. Градиме и автопати и отвораме гранични премини.Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации.Обнова на режимот е опасност и не ни е потребна. Веќе три години ја обновуваме државата што регионот веќе ја препознава како европски пример.За да продолжиме да градиме сигурна иднина, заедно, на 15 јули избираме број три, бидејќи можеме и повеќе и подобро“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манчевски: ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува проекти што СДСМ веќе ги спроведе

Објавено пред

„Безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ и отсуството на допир со реалноста се чита на секоја страна од нивната програма. За мене беше големо изненадување, но и разочарување кога согледавме дека нивната програма е всушност збир на веќе реализирани проекти само ставени во идно време. Просто е и неверојатно да се поверува. И додека ние се надевавме на противник со кого ќе можеме да дебатираме за кој нуди подобри политики за подобар живот на граѓаните се соочивме со програма која како да е пишувана пред неколку години“, изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и кандидат за пратеник од ИЕ 1.

„Направиве анализа на нивната програма во делот на дигитализацијата. Еве што велат:

1. НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИ ВО РОАМИНГ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН 2020 И 2021 ГОДИНА И УКИНУВАЊЕ ВО 2022 ГОДИНА

– Реалноста е дека веќе една година во земјите од Западен Балкан, нашите граѓани користат услуги во роаминг по цени до 99% поевтини. Од 1-ви јули 2021 година цените во роаминг целосно ќе се укинат. Во координација со Европската Комисија веќе се изработува план со рокови за „роаминг како дома“ во земјите од ЕУ.

2. ЦЕНТРИ ЗА ЕДНА ТОЧКА ЗА УСЛУГИ

– Реалноста е дека веќе се отворени 2 центри, во Скопје и Тетово, а во завршна фаза се во Охрид и Куманово.

3. ПОРТАЛИ ЗА Е-УСЛУГИ И АПЛИКАЦИИ ЗА МОБИЛНИ УСЛУГИ

– Реалноста е дека националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk беше пуштен во употреба на 16.12.2019 година преку кој веќе се нудат 136 електронски услуги. Бројот секојдневно расте.

4. ИСПОРАКА НА УСЛУГИ И ИКТ ПОДДРШКА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА. Достапност 24/7 на услугите кои ги нуди јавната администрација.

– Услугите се веќе достапни 24/7 од електронските уреди на граѓаните преку порталот uslugi.gov.mk

5. Е-ИНСПЕКТОРАТИ

– Реалноста е дека во август 2017 година започна процесот на модернизација на инспекциските служби. Веќе е развиен софтвер за инспекциските служби со поддршка на USAID. Чек листите за инспекциски надзор се веќе воведени во 2019 година со новиот Закон за инспекциски надзор.

6. НОВ ЗАКОН ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА

– Реалноста е дека во 2019та година оваа активност е пријавена во Националната програма за усогласување со европското законодавство и веќе се работи на транспозиција со европското законодавство.

7. ДИГИТАЛЕН ФОРУМ ЗА ИНФОРМАЦИСКО-КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ/ Буџет: 10 милиони денари годишно.

– Реалноста е дека Дигиталниот форум е веќе е формиран и има активна улога. Во моментот ДФ е задолжен за определување на Листа на даватели на дигитални вештини кои ќе можат да ги користат младите помеѓу 18 и 29 години. Дигиталниот форум функционира веќе како советодавно тело и работи без надоместок.

8. ДОЛГОРОЧНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИКТ

– Националната ИКТ стратегија веќе е во завршна фаза. Ја работиме со финансиска поддршка на ЕУ. Ангажирани се странски експерти и стратегијата треба да е готова до 30 септември.

9. ДИГИТАЛНА АГЕНЦИЈА

– Реалноста е дека процесот за основање на Дигиталната агенција е веќе започнат. Законот е веќе изготвен и објавен на ЕНЕР за консултации.

10. ИТ СОВЕТ

– ИКТ совет за прв пат e формиран во 2018 година.

11. УНИВЕРЗАЛНА ЕЛЕКТРОНСКА ИДЕНТИФИКАЦИСКА КАРТА И ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКТУРА НА ЈАВЕН КЛУЧ

– Реалноста е дека е веќе воведена со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги од 29.05.2020 година. Електронската идентификација веќе се употребува од 16.12.2019 година, како услов за функционирање на порталот uslugi.gov.mk.

12. СЕКТОРСКА ПЛАТФОРМА/ ПРОЕКТ и ONLINE ЈАВНИ ДЕБАТИ ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ

– Се ова веќе постои на ЕНЕР. Сега на ЕНЕР ова е возможно, дотолку повеќе што оваа година воведовме отворен модул за „Форум“ со сите засегнати страни.

13. МАПИРАЊЕ НА БЕЛИТЕ ЗОНИ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БРЗ ИНТЕРНЕТ

Белите зони се веќе мапирани и ова се јавно достапни податоци. Ја формиравме и Националната канцеларија за бродбенд компетентност. Државата го донесе Националниот оперативен бродбенд план со кој се планира изградба на национална оптичка транспортна мрежа до 2025 година која треба да обезбеди брз интернет пристап од 100 Мбпс во сите делови од земјата. За ова добивме грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и сме во завршна фаза на преговорите за кредит од Светска банка во вредност од 35 милиони евра“, вели Манчевски.

Според него, за жал има уште многу вакви примери.

„Искрено сум разочаран. Навистина очекував после толку критики, многу повеќе. Очекував и можеби некоја добра идеја. Но нема. Се работи за неверојатна безидејност и непознавање, дури на граница на опасно.Но, ние покажавме дека можеме. Еве и програмата на ВМРО-ДПМНЕ како да е список на работи кои веќе сме ги направиле во областа на дигитализацијата. Можеме уште повеќе и уште подобро и тоа ќе го покажеме после 15 јули“, додава тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион39 минути

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Регион48 минути

Словенија: Рекорден број заразени од средината на април

Во Словенија од 1456 тестирани примероци, потврдени се 30 позитивни на коронавирус, што е најмногу од средината на април, покажуваат...

Македонија2 часа

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет3 часа

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет3 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет4 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет4 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет4 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион15 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет16 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет17 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ20 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија21 час

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа22 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија23 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ23 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија1 ден

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет1 ден

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија1 ден

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Досие