Контакт

Македонија

(Видео) Филипче: Кичево за две години ќе добие модерна болница

Објавено пред

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, и министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посетија Општата болница во Кичево, како и болницата која е во изградба на 100 метри од Општата болница.

„Во овој момент сме пред оваа зграда, која 30 години стои како карабина, две години интензивно работевме на расчистување на проектната документација и други проблеми што ги затекнавме и конечно со одлука на Владата се официјализираше решението да продолжи со градба втората фаза, со што Кичево ќе добие модерна болница, каква што граѓаните и пациентите од овој цел регион навистина заслужуваат. Градбата на втората фаза би требало да трае  околу две години, што значи дека за две години сè ќе биде завршено и соодветно опремено за   Кичево навистина да добие здравствена услуга, здравствена заштита каква што треба“, посочи министерот.

Филипче истакна дека во старата болница, која сè уште функционира, е донесена медицинска опрема којашто значајно го зголемила квалитетот на здравствената услуга за граѓаните.

Тој потенцираше дека огромен број луѓе се примени во болницата во Кичево во изминатите две и пол години, преку 40, од кои шест се доктори и над 20 медицински сестри.

„Во овој момент во Кичево нема невработен доктор на медицина, што мислам дека е одличен резултат на оваа политика на инвестиција во млади лекари и медицински сестри, со цел да не заминуваат од земјава, туку иднината да ја бараат тука. Имајќи ги  предвид и другите мерки кои како министерство ги имплементиравме во изминатите повеќе од две години, тоа е платениот стаж во период од шест месеци за младите лекари, во рамки на здравствените домови. Сметам дека тоа е политика што дава резултат. Нема јавна здравствена установа што не го зголеми капацитетот за најмалку 15 проценти, што значи дека се вработени огромен број лекари и медицински сестри“, истакна министерот.

Исто така, во однос на справувањето со вирусот Ковид-19, министерот Филипче информираше дека во болницата во Кичево има одлична организација, има посебен дел за тријажа и мини амбуланта, а дел од кадарот сè уште е во системот за ротација, за помош на колегите во Инфективната клиника во Скопје и во ГОБ „8 Септември“.

 

Македонија

Израел донира апарати за критични новороденчиња на Детската клиника

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од страна на амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

Овие апарaти ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Проџект Хоуп кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциската за фирмата „Бригада дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до антикорупциската за фирмата „Бригада дизајн“ на советникот од СДСМ во Град Скопје, Бојан Ивановиќ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денеска сме пред антикорупциската комисија и ќе поднесеме претставка за фирмата ‘Бригада дизајн’ ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје. Фирмата на Бојан Ивановиќ, советник и член на СДСМ, зела тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку дена го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк“, рече Арсовски.

Дополнително, рече тој, бараме антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски ниту од Зоран Заев,.

„Би сакал уште еднаш да ги потсетам антикорупционерите и нивната претседателка дека се независно тело, а не тело што треба да ја командува Владата, како што впрочем гледаме дека, за жал, сега се случува тоа, и да отворат случај да ги истражат овие сомнителни тендери за кои говориме неколку дена, а има класичен молк, кој, најверојатно, значи потврда дека се фатени живи во сомнителен криминален тендер со СДСМ“, рече Арсовски.

Во спротивно, додаде тој, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека само се партиски приврзоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта.

Прикажи повеќе...

Македонија

Украдени капаци од шахти во Карпош

Објавено пред

Во текот на минатата ноќ на булеварите Илинден и 8 Септември и на улица Карпошево Востание украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека во најбрз можен рок тие ќе бидат заменети.

Случајот е документиран и пријавен во Полициската станица Карпош.

„Воедно, сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните да не се крадат капаци и решетки од улиците бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет2 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија3 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ3 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет4 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет4 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија5 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет17 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет17 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија19 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија19 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија20 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија23 часа

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија24 часа

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија1 ден

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија1 ден

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет2 дена

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Досие