Контакт

Македонија

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Објавено пред

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник и прв одговорен во битката со пандемијата, барам разбирање и поддршка за сите здравствени одлуки што ги донесовме во однос на образовниот процес, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во видеообраќање до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година.

Тој вели дека секоја одлука е базирана на примарната и најважна цел – заштитата на јавното здравје, заштитата на здравствениот систем и пребродување на кризата.

„Секоја одлука што ја донесовме е со цел да се обезбеди добар, но и безбеден образовен процес. И ова е единствениот исправен пристап во услови кога нема идеално решение“, потенцира министерот Филипче.

Во своето обраќање министерот Филипче истакна дека целосното отворање на училиштата, кое го применија многу земји, се покажало како исклучително голем ризик, а во неколку земји тоа значело целосен крах на системот и враќање кон силните рестрикции.

„Верувам дека никој не го посакува ова. Сите добро се сеќаваме каква штета врз менталното здравје, економијата и врз целото општество донесоа рестрикциите. Тие се последното нешто што сакаме да го употребиме и затоа мора да бидеме многу внимателни. Сите ученици што се враќаат во училишните клупи, нивните родители и наставниот кадар мора да бидат многу одговорни. Дури 600 училишта ја почнаа наставата со физичко присуство. Од учениците, родителите и од наставниците очекувам максимално и доследно почитување на пропишаните мерки. Од сите заедно зависи дали ќе ја задржиме состојбата стабилна, а со тоа и безбедно и квалитетно да ја поминеме учебната година. Драги деца, вирусот не е шега. Можеби за вас е помалку опасен, но е многу поопасен за вашите родители, баби и дедовци. Почитувајте ги препораките, слушајте ги наставниците и штитете го здравјето на сите. Јас верувам во вашата зрелост и одговорност. Вие може да бидете пример за возрасните и за целото општество. Кризата е време во кое созреваме, во кое растеме како одговорни личности. Ви посакувам успешна учебна година“, рече министерот Филипче.

Македонија

(Видео) Костовски: Политичката репресија и прогонот од криминалците на власт мора да запрат

Објавено пред

„Имам можност вечерва да говорам во пресрет на можеби најголемиот македонски национален празник – основањето на ВМРО. Практично, организацијата ВМРО, или уште поточно – македонскиот народ, уште во 1893 година поставила една идеја, идеја за слободна Македонија, повторувам – идеја за слободна Македонија. Верувам дека целата македонска јавност е уверена оти во последниот период, особено периодот од кога СДСМ е на власт, оваа држава не е ниту малку слободна. Државата е заземена или заробена од малкумина политичари, кои се криминогени и, едноставно, работат за да ја подобрат почвата за криминалците и криминалот“, изјави пратеникот Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вечерва сме на протест пред Владата против криминалот, против невидената корупција од огромни размери и исклучително против политичкиот прогон што се случува во Македонија. Како што се вели во политичката наука, политичка репресија што се јавува кај политички неистомисленици, т.е. се јавува кон оние што немаат ист став со актуелната власт користејќи ги сите државни апарати, односно злоупотребувајќи ги. Она што сакам да го истакнам е дека ова е период на милионски тендери што Владата ги мести, меѓутоа се одвива рекет на сите можни нивоа, од високи бизнисмени до локални гранапчиња во населените места, а народот, верувајте, нема ни за леб.

Половина милион жители живеат со 130 денари дневно, 25 илјади жители во Македонија живеат со минимални 44 денари дневно, а луѓето од власта енормно се богатат. Не смее да си дозволиме патриотите да гнијат во затворите, а криминалците од власта да бидат на слобода. Оваа власт додека ги пушта криминалците на слобода, многу често и го обвинува народот дека е виновен за разни политички текови во државата и тоа можеби е еден од првите симптоми дека станува збор за диктаторска власт. Овој политички прогон мора веднаш да запре, знаеме дека се случува поради немоќта на власта. Таа е исплашена дека многу бргу ќе дојде тој ден кога ќе се соочи лице в лице со чистата и јасна правда, меѓутоа ова што му го прават на македонскиот народ, тој нема да го заборави и ќе го казни што побргу“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради Ковид-19, се одложува атлетската трка во Скопје

Објавено пред

Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари што ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

Врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести, Владата го одобри протоколот за постапување при полагање стручен испит за наставници и стручни соработници во тек на пандемијата на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пеце Мирчевски останува директор на СОЗР, а Сашо Тасевски на БЈБ

Објавено пред

Владата денеска ги именува Сашо Тасевски за директор на Бирото за јавна безбедност при МВР и Пеце Мирчески за директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, а Висара Риза е разрешена од должноста в.д. директор на Агенцијата за лекови и медицински средства и на таа позиција е именуван Лирим Шабани.

На денешната седница Владата го донесе решението за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура, проф. д-р Ирена Стефоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет41 минута

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија2 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија3 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија4 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија5 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија8 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија9 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија10 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа10 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија11 час

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа12 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија12 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија12 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет12 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет13 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет13 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Досие