Контакт

Македонија

(Видео) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“

Објавено пред

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, изјави дека е поднесена кривична пријава против генералниот директор на „Еурокомпозит“ и неговиот стручен соработник од Прилеп, поради злоупотреба на службената положба.

„Тие со намера да извлечат пари од сметката на фирмата, без консултација со службите во правното лице и одборот на директори пристапиле кон наводна реализација на договор во вредност од 1.725.000 евра за испорака на 15.000 рударски шлемови за фирма во Гана и по цена повеќекратно повисока од реалната. Конкретниот договор за извршување на услугите не е евидентиран во архивата на претпријатието и целосната коресподенција се одвивала преку приватните е-адреси на одговорните лица во претпријатието. Со ова тие нанеле штета на буџетот на претпријатието за повеќе од 3 милиони денари“, истакна Чулев.

Kривична пријава e поднесена и против три лица, и тоа раководителот на ЈП „Македонски шуми“ ПШС „Црн Бор“ Прилеп, К.Б и двајца референти Р.Л И К.М.

„Тие со пречекорување на границите на своите службени овластувања, односно со неизвршување на својата службена должности и со пропуштање на должен надзор овоможиле извоз на 157 метри кубни огревни дрва – прва класа, а издале испратници спротивно на договорот за купопродажба на огревни држа, како остатоци во сеча – отпад со што нанеле штета во буџетот на јавното претпријатие“, додаде Чулев.

Справувањето со криминалот и корупцијата е во фокусот на Министерството за внатрешни работи и во таа насока и во иднина ќе бидат преземени мерки за целосно и неселективно спроведување на законот и казнување на сите оние кои со своите активности ја прекршиле законската регулатива, заклучи Чулев.

Македонија

„Визер“ ги отвори своите рути од и до земјава

Објавено пред

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, на 1, јули ги отвори своите рути од аеродромите во Скопје и Охрид. Патниците можат да резервираат карти за 34 различни дестинации до некои од најпопуларните држави како што се Германија, Италија и Шведска.

Со цел да се осигура дека здравјето и благосостојбата на патниците и екипажот останат непроменети, Wizz Air воведува нови протоколи, за да се почитува физичката дистанца за време на чекирање и да се подобри хигиената на летот. Како дел од мерките за заштита на здравјето на патниците и екипажот на авиокомпанијата, патниците треба да се чекираат и да ги купат сите дополнителни услуги онлајн, како на пример плаќање дополнителни торби, за да ја намалат интеракција на аеродромот.

За да се спречи можноста за ширење на инфекција, најучтиво се замолуваат сите патниците да се придржуваат на новите правила за физичка дистанца при влегување и излегување од авионот.

Wizz Air ќе продолжи со својот строг распоред за дневно чистење на целата флота, при што целиот авион ќе биде дезинфициран преку ноќ во согласност со официјалните упатства. Сите нови мерки можете да ги погледнете на видеото во прилог https://youtu.be/2mVFOEaDrxI

Паулина Госк, Менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Среќни сме дека скопската база е повторно отворена, и ќе ги продолжи своите летови од Скопје и Охрид, овозможувајќи им на патниците можност да патуваат, да ги посетат своите роднини, или пак да отидат на одмор. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш најголем приоритет. Имплементиравме низа на заштитни мерки за да се осигураме дека хигиената е на највисоко ниво. Спремни сме да ги пречекаме нашите патници на лет!”

Моменталните рури на „Визер“ од Македонија

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: На прагот сме на процес кој ќе ни овозможи европските стандарди да ги примениме дома

Објавено пред

Премиерот Оливер Спасовски во своето обраќање на прес-конференција по повод утврдената Преговарачка рамка за преговори со ЕУ, заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна дека со тоа е остварена успешно уште една многу важна етапа во процесот на пристапување.

„Со оваа одлука се потврдува дека нема отстапувања од процесот што е утврден. Поставени се рамките на патот што ја прават Северна Македонија уште поблиску до членство во Унијата. Интеграцијата на нашата земја во ЕУ го добива заслуженото забрзувањето за да се придружи кон семејството народи обединети околу европската идеја“, нагласи Спасовски и додаде дека оваа доаѓа по одлуката на Европскиот Совет за почеток на преговорите од 26 март годинава.

Спасовски додаде дека во земјава ќе започне процес кој ќе помогне европските стандарди во сите области да ги оствариме и применуваме дома.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето обраќање нагласи дека Европската Комисија ја исполнила својата задача и врз основа на новата методологија предложила преговарачка рамка што е поконкретна, подинамична и поверодостојна.

„По усогласувањето на Преговарачката рамка и нејзино усвојување од страна на Советот, односно земјите-членки, следи првата меѓувладина конференција која што е првиот конкретен чекор и реформски дијалог меѓу Северна Македонија и Европската Унија. За ова е потребна влада со политички мандат“, потенцираше Димитров.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жбогар: Охридското Езеро треба да го зачувате за идните генерации, а не да го уништите

Објавено пред

Амбасадорот на Европската Унија, Самуил Жбогар му даде поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со дивоградбите во Охрид. Тој упати и апел до жителите дека предците не го оставиле Охридското Езеро за тие да го уништуваат. Евроамбасадорот Жбогар посочи дека справувањето со нелегалните градби, ќе покаже дали има владеење на правото.

„Во Охрид сум за да помогнам самиот град да го задржи статусот на УНЕСКО, меѓутоа и да се заштити тој статус т.е. Охридското Езеро. Јас разбирам и гледам дека има поединци во Охрид и околината на градот кои што не се грижат за статусот УНЕСКО кој градот ги има, туку на прво место им се приватните интереси. Верувам дека мнозинството од граѓаните во Охрид навистина се грижат за зачувување и заштита на Езерото за идните генерации. Вашите предци не ви го оставија градот Охрид, ниту Охридското Езеро за вие да го уништите, туку да го оставите за идните генерации. Јас разбирам дека има луѓе во Охрид кои веруваат дека УНЕСКО статусот не донесе никаква дополнителна вредност за градот“, кажа Жбогар.

Евроамбасадорот очекува градоначалникот и Општина Охрид да го спроведуваат законот и да ги отстранат нелегалните градби.

„Главната цел на мојата денешна посета во Охрид е да ја дадеме нашата поддршка на градоначалникот Георгиевски и општината за нивните напори да го спроведуваат законот против нелегални градби. Исто така, да ги поддржиме напорите на градоначалникот да спроведе владеење на правото. Од другата страна, прашањето на нелегалните градби и прашањето на узурпација на самите плажи е прашање кое што е поврзано директно со владеењето на правото. За нас, како Европска Унија, прашањето за владеењето на правото е една од главните вредности, една од најсветите вредности и ние во овој контекст очекуваме дека една земја која ќе започне преговори со ЕУ, да ги сподели истите вредности“, додаде Жбогар.

Тој најави и поддршка за изготвувањето на стратегијата за развој на туризмот, со чија помош жителите ќе можат да се продолжи туристичката сезона во Охрид.

„Со градоначалникот зборувавме и за неговите планови за да се изготви Стратегија за развој на туризмот. Ние како ЕУ сме спремни да ги поддржиме тие напори за да се изготви таа стратегија. Европската Унија е подготвена да помогне и во спроведување на стратегијата. Се разбира, со цел да се привлечат повеќе туристи во Охрид, да потрошат повеќе пари и да се даде друга можност за развој и продолжување на туристичката сезона кои ќе им помогне на граѓаните да живеат тука наместо да мигрираат“, потенцираше тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по...

Македонија36 минути

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на...

Спорт4 часа

Ѓоковиќ и сопругата се негативни на Ковид-19

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на вирусот Ковид-19, покажале резултатите од последните ПЦР тестови кои на сопружниците...

Економија4 часа

(Видео) Ангеловска: Резултатите се подобри од очекуваното, економијата почна да закрепнува

„Она што го почнавме на почетокот на оваа ковид-криза, а во духот на транспарентноста и отчетноста, односно навремено па дури...

Македонија5 часа

Османи: Процедурите за попис на населението ќе почнат по изборите

Вицепремиерот  Бујар Османи, кој истовремено е висок функционер во ДУИ, најави дека подготовки за спроведување на пописот ќе започнат по...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Се забрзува интеграцијата во ЕУ, да запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција пред Собранието порача дека македонската интеграција во Европската Унија се забрзува, а за...

Свет6 часа

Пресечена пратка за Европа: Запленети 7,5 тони кокаин, вреден 286 милиони долари

Во заедничка акција на полицијата на Колумбија и САД, запленети се 7,5 тони кокаин во вредност од 286 милиони долари,...

Свет7 часа

Трамп се предомисли: Сите треба да носат маски

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој се противеше на тоа да го покрива лицето во јавноста, рече дека е за тоа...

Македонија7 часа

Со донација на коскена срцевина, македонски дарител му помогна на пациент од Бугарија

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека во изминатите два дена било спроведено колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен...

Свет7 часа

Вооружен напад на рехабилитациски центар во Мексико – 24 убиени

Најмалку 24 луѓе се убиени, а седум се ранети во вооружен напад во нерегистриран центар за лекување зависности од дрога...

Македонија7 часа

Санкционирани 461 лице за неносење заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (1/2.07.2020 година) на територијата на целата држава по однос на мерката за неносење лична заштита...

Свет7 часа

По низа грешки, министерот за здравство на Нов Зеланд поднесе оставка и се нарече идиот

Новозеландскиот министер за здравство, Дејвид Кларк, денеска поднесе оставка по низа лични грешки за време на пандемијата на коронавирусот. Кларк...

Свет7 часа

Голема трагедија во рудник во Мјанмар, загинаа најмалку 50 рудари

Најмалку 50 рудари загинаа во одрони во рудник за жад на северот на Мјанмар, соопштија властите. Се претпоставува дека бројот...

Свет8 часа

По два месеци пауза, коронавирусот се врати во Токио

Во Токио се забележани над 100 новозаболени од коронавирус што е најголем број на нови случаи во последните два месеци....

Свет19 часа

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за прекин на сите конфликти поради коронавирусот

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ja усвои резолуцијата со која се бара прекинување на конфликтите низ целиот свет...

Македонија1 ден

Нови 120 заболени и четворица починати oд Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на...

Македонија1 ден

Ако има потреба ќе бидат воведени рестриктивни мерки, велат Спасовски и Филипче

Ако има потреба ќе бидат препорачани и воведени рестриктивни мерки. Вака техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Oколу 900 патници поминале низ двата аеродрома кои денеска беа отворени

Околу 900 патници денеска поминале низ скопскиот и охридскиот аеродром, на првиот ден од нивното отворање, по неколкумесечниот застој поради состојбата...

Македонија1 ден

Независна пратеничка група: Мицкоски кочел закони за да штити криминал поради личен интерес

Мицкоски нé лажеше дека се грижи што ќе се уништи партијата, а имал гајле само за некого, свој личен интерес...

Македонија1 ден

Филипче: Воведовме 7 нови лекови за лицата со ретки болести и во услови на Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со претставници на Здруженијата на лица со ретки болести во нашата земја, при...

Досие