Контакт

Македонија

(Видео) Шахпаска: Предлог-граѓанскиот буџет на МТСП изнесува 50,6 милијарди денари

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика (МТСП), Јагода Шахпаска, денеска го претстави предлог-граѓанскиот буџет на Министерството за 2022 година, кој изнесува 50,6 милијарди денари. Шахпаска истакна дека 2022 ќе биде година на економско закрепнување, забрзување на растот преку капитални инвестиции. Таа очекува бројот на социјални случаи, кој во моментот е 35.000, поради пандемијата да се зголеми за уште 5.500. Но, напомена дека системот е подготвен и ќе обезбеди средства за сите семејства што се во социјален ризик.

„Во предлог-буџетот на МТСП средствата наменети за капитални инвестиции се зголемени речиси 100 отсто. За капитални инвестиции предвидени се 195,5 милиони денари, од кои за градежни работи 177 милиони, а за опремување 18,5 милиони денари. Предучилишното образование е особено важно за правилниот раст и развој на децата на возраст од 0 до 6 години и затоа МТСП продолжува со изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на веќе постојните“, истакна Шахпаска.

Таа нагласи дека секое дете е еднакво важно и затоа МТСП продолжува да гради градинки и во руралните средини.

„В година ќе заврши изградбата на 10 детски градинки, и тоа во општина Чаир за 350 деца, Росоман, Ерџелија, Карпош и Битола за 150 деца, Липково, Арачиново, Пробиштип, Валандово. Со градба почнува и градинката во Гостивар, во која ќе бидат сместени 100 деца, а со поддршка на ИПА-фондови ќе бидат изградени две градинки во Теарце и Тетово. Продолжува и изградбата на Домот за стари лица ‘Нада Михајлова’ во Пробиштип со капацитет за 55 корисници. Во општина Чашка и во село Палчиште во општина Боговиње градиме дневни центри за лица со телесна и интелектуална попреченост. За непречено финционирање на градинките и институциите за сместување стари лица, предвидени се блок-дотации во износ од 2 милијарди и 85 милиони денари“, нагласи министерката.

Во буџетот за социјални надоместоци предвидени се 11,6 милијарди денари за речиси 300 илјади корисници.

„Во моментот 35.500 семејства се приматели на гарантирана минимална социјална помош. Обезбедени се средства за исплата на детски додаток, кој во моментот го користат 47 илјади деца, и образовен додаток, што го користат приближно 30 илјади ученици и студенти“, рече Шахпаска.

Таа информира дека во 2022 година ќе се воспостават пет нови специјализирани сервиси за жени жртви на насилство, и тоа во Куманово еден, во Кичево и Гостивар по два.

„Обезбедени се средства за лични асистенти за лица со попреченост од 6 до 64 години, кои ќе им помагаат во извршување на секојдневните активности и инклузија во општеството. Преку системот за социјална заштита обезбедни се средства за стари лица – пензија што во моментот ја примаат околу 9.500 граѓани“, рече Шахпаска напоменувајќи дека Владата ја гарантира стабилноста на пензискиот систем во 2020 година за што се предвидени 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во буџетот на МТСП предвидени се и средства за намалување на стапката на невработеност, која се реализира преку активни мерки и програми. За таа намена, МТСП трансферира 400 милиони денари за Агенцијата за вработување.

„Целта е активно вклучување на пазарот на трудот на долгорочно невработени лица, ранливи групи, Роми, жени и млади невработени лица, на лица што им престанал работниот однос поради пандемијата“, рече министерката.

Таа, меѓу другото, соопшти дека е во финална фаза законското решение со кое се воведува татковско родителско отсуство.

„Ова законско решение е во финална фаза со последните консултации што ги правиме со социјалните партнери и многу бргу, се надевам до крајот на месецот, ќе ја отвориме јавната дебата за траењето и условите на породилното отсуство. Сакам да истакнам дека воведуваме новина. Воведуваме татковско родителско отсуство. Значи, и таткото ќе учествува во грижата за детето во првата година од неговиот живот“, информира министерката за труд и социјална политика.

Македонија

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Објавено пред

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари.

Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и во согласност со препораките на УНИЦЕФ.

Владата повикува на доследно придржување и спроведување на протоколите за одржување настава со физичко присуство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Објавено пред

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на Ковид-19, како и периодот на самоизолација/карантин на лицата што биле во близок контакт со потврден случај со Ковид-19.

Во согласност со овие препораки на лицата што се лабораториски потврдени на Ковид-19 (со ПЦР-тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест, односно се асимптоматски случаи на Ковид-19, им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95/FFP2 при престој во затворен простор со други лица или на отворено кога не може да се држи растојание од два метра, честа дезинфекција на рацете, избегнување групирање).

За лицата што се лабораториски потврдени на Ковид-19 (со ПЦР-тест или со брз антингенски тест), а кои развиле клиничка слика соодветна на вирусот, односно се симптоматски случаи, им се одредува изолација седум дена од денот на тестирањето плус три последователни дена доколку лицето е без покачена телесна температура.

Според овие промени, лицата што имале блиски контакти на потврдени случаи на Ковид-19 се упатуваат во домашна самоизолација/карантин во траење од седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на периодот на самоизолацијата/карантинот, потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Исклучок од мерката домашна самоизолација/карантин да има за оние лица што исполнуваат еден од следните критериуми:

– вакцинирани против Ковид-19 со две или три дози, а од последната доза не поминале повеќе од шест месеци;

– прележан Ковид-19, а позитивниот тест не е постар од шест месеци;

– лицата што се блиски контакти, а кои заради исполнување на горенаведените критериуми се исклучени од самоизолација/карантин, задолжително треба да ги почитуваат мерките за лична заштита во период од 10 дена од последниот контакт со потврдениот случај.

Датумот на последниот контакт со потврдениот случај се смета за нулти ден.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Евроамбасадорот Гир ги поздрави преговорите помеѓу Македонија и Бугарија

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во својот кабинет го прими шефот на делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, кому му изрази благодарност за поддршката и можноста да ги запознае претставниците на институциите на ЕУ со реформскиот процес во нашата земја, особено потенцирајќи го обновувањето на дијалогот со соседот Бугарија.

Ковачевски акцентира дека приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем.

Евроамбасадорот Гир му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција изразувајќи позитивни оценки за актуелните чекори преземени од Северна Македонија и Бугарија.

На средбата беше речено дека продолжуваат реформите и нивното динамизирање, особено во областа на правосудството, борбата против корупцијата и криминалот и создавањето модерна и ефикасна администрација, како и политиките од зелената агенда за Западен Балкан, како дел од европскиот зелен договор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија11 час

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија13 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија14 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ14 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија16 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ17 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија17 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ18 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија18 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет20 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија20 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет21 час

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет21 час

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет21 час

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион1 ден

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион1 ден

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија1 ден

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 дена

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија2 дена

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Досие