Контакт

Македонија

(Видео) Шекеринска: Во Охрид се гради по план и се решаваат децениски проблеми

Објавено пред

Владата градеше и гради по план, вложувањето во инфраструктурата е влог во квалитетен живот на граѓаните, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која денеска имаше работна посета на Охрид, при која посети повеќе точки каде што во соработка со локалната самоуправа на Град Охрид се реализираат серија  инфраструктурни проекти кои се веќе реализирани или се во финална фаза на реализација.

„Во Охрид се гради по план и во Охрид навистина се решаваат проблеми кои со децении биле одлагани. Денеска сме тука на местото каде што започнува и веќе трае сериозната реконструкција на улицата Авасим. Проект кој е ветуван многу години, проект кој не е направен повеќе од 40 години и денеска целосно се реконструира со средства на Општината и средства на ЕБРД коишто се обезбедени преку Владата. Тоа е проект од околу 45 милиони денари кој, како што велат, значи реконструкција по 40 години. Затоа денеска навистина ми е задоволство да бидам тука и да видам како локалната самоуправа, како и буџетот работи во полза на граѓаните. Денеска ќе имаме можност да видиме 4 инфраструктурни објекти, 4 инфраструктурни проекти коишто се градат во Охрид и коишто ќе значат подобар квалитет на живот и навистина градење по план“, рече Шекеринска.

Таа упати честитка до Општината, која последнава година, како што рече, сторила многу за поврзување на граѓаните на Охрид, меѓутоа и за развој на туристичкиот потенцијал на Охрид.

Македонија

Заев и црногорскиот премиер се заложија за уште понагласена соработка

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев ја заврши работната агенда од Самитот на Западен Балкан во Виена со билатерална средба со црногорскиот премиер, Здравко Кривокапиќ.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери ги потенцирале извонредното пријателство меѓу двете земји и подготвеноста за безрезервна меѓусебна поддршка на сите полиња кои се од интерес на народите во Црна Гора и Северна Македонија.

„Соговорниците изразија заложби за искористување на сите можности за интензивирање на економската соработка и за олеснување на регионалната мобилност на граѓаните, услугите и стоките“, се наведува во соопштението за средбата.

Се разговарало и за меѓусебно искористување на искуствата во секторските области од работата на владите и институциите, со цел обезбедување најбрзи и најефикасни услуги за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев – Курц: Заедничка е обврската да се обезбеди европска иднина за Западен Балкан

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денеска оствари билатерална средба со австрискиот канцелар и домаќин на Самитот за Западен Балкан во Виена, Себастијан Курц.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев упатил благодарност за огромната поддршка на Австрија за Северна Македонија и за европската иднина на целиот регион и го охрабрил канцеларот Курц да продолжи со извонредниот и посебен ангажман.

Соговорниците констатирале дека крајно време е Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ и да ја интензивира сопствената и регионалната европеизација.

Заев и Курц изразиле задоволство од видливиот раст на австриските инвестиции во Северна Македонија и од големиот интерес за нови економски соработки и проекти во областите обновливи извори на енергија, инфраструктура и здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи и бугарскиот колега на втора средба во Анталија: Комуникацијата е интензивна на сите нивоа

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари нова средба со министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, на маргините на Самитот и Анталија форумот во Турција.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата уште еднаш биле отворени модалитетите и начините за надминување на разликите кои доведоа до блокада од страна на Бугарија, за европските интеграции на Северна Македонија.

Министрите ги реафирмирале заложбите за интензивна комуникација на сите нивоа, со цел надминување на разликите и овозможување на формално започнување на преговорите за членство, што претставува заедничка цел, било истакнато на состанокот.

„Сериозно остануваме посветени на напорите за изнаоѓање на решение за застојот, кој ќе овозможи одржување на Првата меѓувладина конференција со ЕУ“, нагласил Османи по состанокот.

Средбата Османи-Стоев е втора последните два дена во Анталија, меѓу кои се одржа и посета и билатерални средби на висока владина делегација од Северна Македонија на Софија, со државниот и политички врв на Бугарија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 часа

300 килограми кокаин во пакувања од „Чикаго булс“ и ПСЖ, македонски државјанин уапсен во Драч

Околу 300 килограми кокаин во пакувања со амблемите на спортските тимови „Чикаго Булс“ и „Париз Сен Жермен“, но и луксузниот...

Свет6 часа

Во Русија откриена нова опасна мутација на Ковид-19

Руската Федерална медицинско-биолошка служба (ФМБА) открила нова мутација на коронавирусот, способна да ја намали ефикасноста на медицинските третмани и превентивните...

Спорт9 часа

Премиерот најави промена на името на Фудбалската федерација на Македонија

Премиерот Зоран Заев во интервју за грчката „ЕРТ“ изјави дека по жалбата на Атина на логото на Фудбалската федерација на...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Направен е голем исчекор во македонско-бугарскиот пријателски дијалог

Премиерот Зоран Заев денеска одржа прес-конференција на завршницата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Виена, каде присуствуваше на...

Македонија10 часа

Во Македонија 19 нови случаи на коронавирус, починаа две лица

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 19 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 14 пациенти, а две...

Регион14 часа

Црногорски министер сменет од функцијата, одбил да го нарече злосторството во Сребреница геноцид

Министерот за правда на Црна Гора, Владимир Лепосавиќ, е сменет од функцијата затоа што одби да го нарече злосторството во...

Македонија15 часа

Кривична пријава за едно лице кое се заканувало на новинари на „Фејсбук“, ЗНМ очекува судска разрешница

МВР поднесе кривична пријава против едно лице од тетовско Теарце за кривично дело загрозување на сигурноста против новинари, соопшти Здружението...

Регион15 часа

Во Србија целосно вакцинирани 40 проценти од населението

Во Србија досега се дадени вкупно 5.058.165 дози вакцини против коронавирус. Првата доза ја примиле 2.673.634 лица, а 2.384.531 граѓани...

Спорт17 часа

Ангеловски и Пандев ги прекршиле ковид-протоколите

Селекторот и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев, по вечерашниот натпревар на ЕУРО 2020, против...

Спорт1 ден

Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија

Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските...

Регион1 ден

Курц: Западен Балкан да се врати високо на агендата на ЕУ

Во организација на австриската влада утре во Виена ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Домаќинот на состанокот, австрискиот канцелар...

Европа1 ден

(Видео) Тепачка во украинскиот парламент, пратеник изјавил дека опозиционерите треба да бидат застрелани

За време на разгледувањето на измените и дополнувањата на предлог законот за реформа на Националниот совет за телевизиски и радио...

Македонија1 ден

Пендаровски-Борел: Се очекува исчекор за пристапните преговори со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија и...

Македонија1 ден

Заев се сретна со Радев: Имаме обврска да градиме пријателството меѓу нашите братски народи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров...

Македонија1 ден

Десет нови случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.529 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје,...

Македонија1 ден

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија2 дена

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ2 дена

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Македонија2 дена

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија2 дена

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Досие