Контакт

Македонија

(Видео) Шекеринска: Здравствениот систем е подготвен за вториот бран на коронавирусот

Објавено пред

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес во Крушево оцени дека покажавме оти нашето јавно здравство може да го положи тестот соочени со кризата предизвикана од коронавирусот.

„Ја вративме и довербата на граѓаните кон јавното здравство, кон здравствените работници, кон докорите и медицинските лица. Сега го стекнавме искуството и вложивме уште повеќе во јавното здравство. Здравствениот систем го подготвивме за секој следен бран на коронавирусот, а со стабилни институции по изборите, со функционален парламент, со нормална влада, во која нема да постојат министри што ги блокираат одлуките или нè уценуваат со потписи, ќе можеме целосно да ги заштитиме државата, економијата и граѓаните од последците на коронавирусот“, рече Шекеринска.

Таа истакна дека додека лекарите и медицинскиот персонал се бореле за секој живот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со својот пример во сали за вежбање и во кафеани поттикнувал да не се почитуваат мерките и да се потцени опасноста. Исто така, како што додаде Шекеринска, додека тие во кампањата строго се придржуваат до сите мерки за заштита, Мицкоски уште на почетокот најавил дека нема да ги почитува.

Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено.

Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Објавено пред

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета само материјална штета.

Досега, како повредени се пријавени три лица кои се превезувале со автомобилите.

„Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата“, информираа од ЈСП.

Од ЈСП велат дека МВР работи на целосно расчистување на случајот.

„Апелираме на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети“, додаваат од ЈСП.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димовски на местото на Ѕинго на чело на Социјалистичката партија

Објавено пред

Пратеникот Љупчо Димовски е избран за нов претседател на Социјалистичката партија, на денешниот конгрес, кој се одржа во Кратово. Тој доаѓа на местото на Љубисав Иванов – Ѕинго, кој 25 години беше претседател на социјалистите, а почина во ноември, минатата година.

Димовски е поранешен министер за земјоделство во една од владите на ВМРО-ДПМНЕ, и е еден од петтемина пратеници кои беа обвинети, а потоа амнестирани за насилствата во парламентот на 27 април.

Димовски е дипломиран економист. Роден е во Велес на 9 април во 1959 година. До 2008 година работи како генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје. До 2009 е заменик министер за транспорт и врски, а потоа до 2014-та е министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од 2014-та, Димовски е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски меѓу првите му го честиташе на Димовски изборот за претседател на Социјалистичката партија.

„Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа како се бори за Македонија и покрај сите напади и бури! Љубац, пријателе, заедно да го победиме ова зло и да се избориме за Македонија, до самиот крај!“, порача Мицкоски.

Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, January 16, 2021

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Автобус на ЈСП се судри со две возила кај Шумарскиот факултет

Нема повредени патници во автобусот на ЈСП, по сударот со два автомобили кај Шумарскиот факултет. Оттаму информираат дека е причинета...

Спорт12 часа

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25,...

Македонија16 часа

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија18 часа

Опозицијата обвинува за доцнење со вакцините, власта тврди дека обезбедува вакцини преку три механизми

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против ковид-19, за 60 отсто од населението, реагира владејачкиот СДСМ откако...

Македонија18 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Топ20 часа

Беровец исценирал дека е киднапиран за да изнуди 10.000 евра од својот татко

Приведено е лице од Беровско, кое самоволно фингирало изнуда за да земе 10.000 евра од својот татко. Од полицијата информираат...

Европа21 час

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Регион23 часа

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет23 часа

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет24 часа

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија1 ден

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет1 ден

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет2 дена

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет2 дена

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет2 дена

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија2 дена

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија2 дена

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија2 дена

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет2 дена

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија2 дена

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Досие