Контакт

Македонија

(Видео) Шилегов: Скопје до 2024 ќе стане еколошки град, без метеж во сообраќајот

Објавено пред

Влегуваме во последната недела од кампањата и би сакал да ги сумирам клучните ветувања, проекти и планови за градот, кои во следните 4 години ќе се спроведат, а за кои интензивно зборував изминативе недели, изјави кандидатот за втор мандат за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

„Прво, Скопје до 2024 ќе биде град без сообраќаен метеж бидејќи ги завршуваме сите стратешки сообраќајни решенија што 40 години биле запоставени. Со пробивање на булеварот АСНОМ и мостот ‘Михајло Апостолски’, сите што патуваат од Аеродром до Карпош ќе го заобиколуваат центарот на градот по нова сообраќајна артерија. Со пробивање на тунелите под ‘Лимак’ ја пробиваме другата артерија и сите што патуваат од Кисела Вода и Драчево, односно по јужната страна, ќе го заобиколуваат центарот на градот. Со ова ја отвораме можноста центарот да биде затворен за автомобили и да поминува само БРТ-системот, кој треба да е готов со 2024. Со комплетирање на овој мастер сообраќаен план Скопје ја добива најголемата пешачка зона од сите европски градови и сосема нов лик и начин на живеење“, рече Шилегов.

Потоа тој поконкретно се задржа, на, како што рече, брзиот еколошки и целосно нов јавен транспорт.

„БРТ-системот е решение што е одобрено и веќе финансирано од ЕБРД, решение што е прогласено за најеколошки начин и за најефикасен систем за превоз на патници од страна на Европската банка за развој. Со воведување на бас-рапид транзит-системот скопјани од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе стигаат за само 35 минути. На секои 3,5 минути ќе имаат превоз на станиците, кој никогаш не доцни. Ова е вистинско решавање на транспортот во Скопје и стратегија за транспорт, а не ветувањата за нови автобуси, кои нема воопшто да го сменат начинот на јавен транспорт во Скопје“, истакна Шилегов.

Во продолжение тој рече дека во Скопје за само четири години е намалено загадувањето од просечни 71 микрограм на кубен метар на 40 микрограми.

„Ова е резултат на јасната и ефикасна стратегија на Градот за борбата со овој проблем. Во следните четири години стратегијата што функционира нема да ја менуваме, туку ќе ја унапредиме, но и дополнително ќе ги завршиме стратешките инвестиции во затоплувањето. Во следните 4 години издвојуваме 4 милиони евра за инвертери и замена на старите нееколошки печки, кои сè уште ги имаме. За само четири години, изгасивме 8.000 оџаци токму преку ваквите субвенции и со овие мерки продолжуваме бидејќи дадоа видлив резултат. Ќе субвенционираме 30.000 велосипеди во следните 4 години бидејќи граѓаните ги менуваат навиките и почнуваат да користат еколошки транспорт. Со изградените над 115 километри велопатеки скопјани може да се движат безбедно и бргу со алтернативен транспорт. Ако на ова го додадеме и еколошкиот јавен превоз, за четири години Скопје ќе биде еколошки, чист и зелен град“, истакна Шилегов.

Нагласи и дека до 2022 Скопје, конечно, ќе добие нов, квалитетно подготвен ГУП, кој веќе се работи.

„Скопје изминативе десет години беше жртва на ГУП-от донесен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и сега тоа мора да го поправиме. Со новиот ГУП ја селиме тешката индустрија надвор од градот, долг и тежок процес, кој мора да почне. Со новиот ГУП го урбанизираме северниот дел на Скопје и целосно го селиме градежниот фокус надвор од центарот на градот. Ова е клучот да го растовариме централното градско подрачје од градежен притисок и да го развиваме градот. Со квалитетно донесен ГУП, на кој работат сите експерти од оваа област, и со вклучување на граѓаните во неговото носење, Скопје во следните десет години загарантирано квалитетно ќе се развива со фокус на заштита на јавните површини и креирање многу нов јавен простор, зеленило и паркови“, рече Шилегов.

Во последниот дел од своето обраќање тој истакна дека Скопје е град што се грижи за сите и кој ги поддржува граѓаните, па во таа насока за следните четири години најави сериозен пакет финансиска поддршка за сите граѓани.

„Пензионерите добиваат бесплатен превоз во јавниот транспорт секој ден во неделата. Бесплатен превоз сега имаат студентите и средношколците, но сега добиваат и докторандите и постдипломците. Понатаму, на младите сегашни и идни родители им нудиме сериозна финансиска поддршка. До 200 евра годишно заштедуваат семејствата со едно дете што оди во градинка бидејќи ние од Град Скопје ќе ги покриеме половина од трошоците за градинката. До 150 годишно заштедува едно семејство со едно дете во основно училиште бидејќи ќе ги покриеме половина од трошоците за оброк. Семејства со две или повеќе деца во гадинка и училиште ќе имаат двојно или повеќе заштеда на годишно ниво. Ова е вистинска грижа за граѓаните“, заклучи Шилегов.

Најново

Спорт8 минути

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години...

Македонија19 минути

(Видео) СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски за објавување службена тајна

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски, соопшти Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. „Поминаа 9 дена од...

Македонија50 минути

Влен: Артан Груби е „црната кутија“ и од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски

Обвнинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето. Ахмети најавува повлекување од...

Спорт1 час

Италијанска пливачка сруши светски рекорд

Италијанската пливачка Сара Куртис го освои златниот медал во дисциплината грбно пливање на 50 метри на Европското првенство, кое се...

Македонија2 часа

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон...

Црна хроника2 часа

Загина 19-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица, уапсен возач кој возел пијан

Полицијата уапси струмичанец кој возел со 1,75 промили алкохол во организмот и учествувал во сообраќајна несреќа во која загина 19-годишна...

Регион2 часа

Една од моите најтешки ноќи, на патот на пожарот се најдоа многу куќи, туристи и жители, изјави командирот на пожарникарите во Омиш

Пожарот што го зафати подрачјето на Омиш, Хрватска, остави зад себе голем број оштетени и изгорени куќи, уништи возила и...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново Село

Филипче призна дека е на одмор на јахтата на Заев, ама успат поминал да се слика со насилниците од Ново...

Македонија2 часа

Левица: Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој не е ни разрешен

Најмалку двапати ја прогласиле загадената вода во Гостивар за безбедна – еден месец подоцна никој од здравствениот синџир не е...