Македонија
(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето
Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска на прес-конференција Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.
„Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ да спие како власт, централна и локална. Како опозиција ветуваа 1 милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%. Нема ништо од тоа. Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот. И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе. Дополнително, власта ги намалите парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има 0 денари предвидено за програмите кои функционираа со години. Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за три години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции“, вели Шукова.
Според неа, Владата на СДСМ и локалната власт предводена од преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564kg на годишно ниво и намалување на честичките МП 10 за-735kg на годишно ниво.
„Успешно се спроведоа серија на мерки, стратешки инвестиции во производство на обновливи извори на енергија, проекти за гасификацијата, проекти за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму.
Во таа смисла ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на краткорочни и среднорочни мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето.
Како одговорна партија денеска СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи.
– Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии
– Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта.
– Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.
– Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.
– Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)
– Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.
– Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.
– Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија.
– Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.
– Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев“, рече Шукова на прес-конференцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.